Секој кој ја прочитал Библијата внимателно, забележал дека често она што Бог го ветил или прорекнал - не се исполнило сосема или не се исполнило воопшто а во некои случаеви и сосема поинаку се исполнило. Колкава е толеранцијата на таквите грешки која би била оправдана кај еден Бог да ј аправи, пример 10%, 50% 15%....
Примери има многу, така Бог му вели (ветува) на адам дека во денот кога ќе вкуси од плодот на забранетото овошје - ќе умри, но сепак Адам живеел 930 години по каснувањето (значи ветувањето сепак се исполнило но не истиот ден кога каснал туку околу 340.000 денови покасно, (не знам математички колкав е тој ппроцент на грешка) ветувања за евреите дека во раце ќе им даде сета земја - малце исполнато, дека ќе ги истреби нивните неприатели - неисполнето, дека че ги има колку и звезди на небесите (а ги има милијарди) - неисполнето, стотици ветувања и пророштва останаа неисполнети или делумно или сосем спротивно, секако дека тук таму имаше и исполнети оанака како што ветиил, но од што зависи тоа? Дали од астрологија (поставеност на звездите) дари поради некоја виша сила дали оти Бог се предомислил, сменал мислење, дали и тој со времето станува помудар па она што го ветувал како млад - му се чини непотребно или погрешно на возрасни - постари години.
Ако уште во стартот се гледа очигледна несогласност на настанатото со буквалното значење и ако во меѓувреме никој не променувал нешто во Библијата тоа докажува три нешта.
Прво дека толкувањето треба да биде екстензивно
Второ дека низ времето никој не преправал ништо за да им се поклопува на луѓето. Значи нема измами.
Трето чудноста е испит на верата. Вистинските значења се откриваат многу подоцна.
Така за некои работи кои биле збунувачки за старозаветната Црква сега станаа многу јасни. Може да се претпостави на колку луѓе им бил тешко сварливо и колку луѓе ја отфрлиле верата во Стариот завет кога прочитале: „И рече Господ Бог: "Ете, Адам стана како еден од
Нас,“ Колку ли се чуделе на ова тогаш припадниците на монотеистичка вера која строго забранува верување во повеќе од еден бог. Но со последните објави пред 2000 години стана јасно кои си тие „нас“.
За укажувањето упатено дека Адам ќе умре во
тој ден кога ќе вкуси од плодот на познавањето на доброто и злото. Ден е циклус. И претходно во создавањето на светот и би ден, и би вечер. Се работи за циклуси кои не знаеме за каков ден се работи. Дали се работи за земјен ден, сончев ден, галактички или космички ден. Еден ден е еден циклус на кружење на небесно тело околу себе си. 930 земјени години се помалку од пример еден сончев ден.
Ветувањето дека евреите ќе ги размножи како бројот на ѕвездите на небото е исполнето. Авраамови потомци се сите оние кои се следбеници на неговата вера. Се мисли и на сите оние кои ќе живеат во небесното царство следејќи ја Авраамовата вера.
Чудноста на делови во Библијата е испит на верата. За мене тоа не е пречка, затоа што разбирливо
е, потребно и кажано е дека е така. Инаку нема да има испит на верата. Таква Библија која не поставува соблазни би се негирала по својот концепт со себе. Па така за човекот да верува битно е дали концептот е исправен, а делови може и се подразбира дека нема да ги разбираме.