Vetrence
...believe in yourself! :)
Еве уште една реклама! ЧЕкераукц!
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
божиќно расположение а?^^
у право си до негде ама као не те мрзеше...
Го почитувам рапот како и секој останат вид на музика, иако не го слушам. Не е мој стил. Но сум доволно запознаета со она што се случува на македонската рап сцена.
Реално гледано.
Не го почитувам тоа што се комерцијала. Ми текнува на настапите како поединци на нивните почетоци и настапите денес. Секогаш знаеле да направат добра атмосфера, и тоа го почитувам. Разликата е во тоа што, порано одеа да ги слушаат нивните вистински фанови, а сега во први редови се тинејџерки кои свршаваат на нив, и воопшто не одат за музиката. Со тоа што станаа комерцијала станаа премногу контрадикторни.
Да си комерцијала и хардкор, неможеш во исто време. Не ги осудувам нивните текстови, што сакаат нека пејат, но кога се веќе комерцијала, ова најмногу важи за Слаткар, нека ги прилагоди текстовите кон публиката. Он избрал да биде комерцијала, и нека ги сноси последиците, а не осумгодишни деца да пејат "ти си топ за да ти влезам, ти си топ за да те ебам". Не е во ред.
Трагедијата започнува во оној дел каде што слушателот му се дава до знаење дека Токсикологија не е хаце туку факинг комерцијала! Во тоа е и контрадикторноста.
Пејат дека се (цитат): "премногу хард кор" а потоа излегуваат со песна, (повторно цитат): "дири дири дари деј, смеј се пеј и се е океј". Па во трето одделение пишував подобри текстови на тема Пролет!!!
Во глобала, ме нервира кога некој се декларира како хаце, а нема ни претстава што е тоа. Подобро кажано, ме нервираат декларации, а Токсикологија се оние кои сами се декларираат без да дозволат другите да го направат тоа. Нивните песни, ствари што ги прават, понашање на сцена и сл. ќе пресуди колку се они навистина хаце. Фановите ќе одлучат дали се или не хаце, а не самите во секоја ебана песна да кажуваат и да се восхитуваат сами на себе за нивната хардкор револуција. Но, затоа што се навраќаме на делот дека 80% од нивната публика се напалени тинејџерки кои идат само затоа што Слаткар им е секси и ги пали, а таквите неможат да проценат што е а што не е хардкор затоа што не ни знаат што значи да бидеш хардкор, Слаткар и компанија можат да им перат мозок на простиве граѓани за тоа дека тие се хаце.
Најлошиот дел следува, нивните фанови на возраст од 7 до 77 мислат дека е фенси да си хаце, и одеднаш ние стануваме квази хардкор нација.
Не дека неможе да се направи трака без пцуење, може, ама кај нив е задолжително пцуењето, тоа е "премногу хардкор" и затоа може да бидеме секојдневно сведоци на деца кои под инфлуенца на нашите хардкор просветители именувани како Токсикологија пцујат и пејат најразлични первезии. Затоа што Токсикологија не сфаќа дека ако си комерцијала треба да пазиш што пееш. Кацар и покрај тоа што е од Токсикологија направи трака (Болно) каде што има само една единствена пцовка, и тоа не е ништо во споредба со пцовките на Слаткар кој ти ги пцуе женските предци 15 колена пред тебе, и им еба матер на 95% од македонската јавност! Скит, ко еден од поразумните членови на Токсикологија и продуцент, требаше да му даде до знаење на Слаткаристика дека мора да припази на речникот, но не го направи тоа. Доколку на македонскиот народ не му смета тоа што децата растат во таква средина, а Слаткар може да печали пари (кои за 2 години ќе ги потроши на мара), врз основа на тоа, ако, глупи сме ние, нека трујат мозок на простата маса.
Дрогата не е причина за нивните текстови што се без никаква врска, туку талентот што го немаат. Дувале, па што ако, и јас дувам па ништо не ми е. Да седнат и да разработат некоја тема доволно добро, можат да направат нешто што ќе личи на песна. Вака, само го уништуваат рапот како поим, хипхопот како култура.
Околу 4екераукц... Тоа е уметност. Тоа неможеш при трезна состојба да го направиш, колку и да сакаш. Разумот не би ти дозволил, прво и основно. Тешки дроги се во прашање. Нема врска, многу од поетите низ историјата (Бајрон, По итн) користеле разни видови на дрога, и не ги сфаќале во тоа време но сега се ценети, можда ќе дојдат времиња кога името и делото на Токсикологија ќе биде поценето, а како што отупуваме, со сигурност ќе дојдат.
За џабе завземате про и контра ставови. Реалноста е таква, младината ги слуша, они праат пари и неможат да се соберат неколку поединци да протестираат против нив. Како луѓе ги ценам, но не ја ценам музиката. Не е секое жабјо крекање музика. Бев кога настапуваа на Нова Година во Хард Рок, преубаво си поминав, како што напоменав, знаат да направат атмосфера, но би било подобро доколку не би се експонирале во јавност толку како сега.
Никој не ве опцу вас лично од публиката, многу нежните и лесно навредливи невини девојченца. Има причина зашто се палат на тоа, не? Колку само интервјуа се потрошени на објаснување на тие пцовки и нивната употреба.
Слаткар е комерцијалаЗима по 1.000 евра од настап, ако може да му се верува на мојот алапач колега. Барем така викаше за настапот на Слаткар во кабарето Академија во Куманово.
Слаткар е комерцијалаЗима по 1.000 евра од настап, ако може да му се верува на мојот алапач колега. Барем така викаше за настапот на Слаткар во кабарето Академија во Куманово.