Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
А ВМРО престанува да работи после востанието и е возобновена подоцна. Ти дали ќе го признаваш тоа возобнување не релевантно оти тоа е неоспорен факт.
Функционирањето после 1905 е насочено воглавно во меѓусебна борба (човек ќе помисли дека сите биле сигурни во скорешното и неминовно ослободување на Македонија па се испотепале "Кој ќе ни биде цар. Кој бог. И шпион кој ќе ни биде"..) и се одразува негативно на македонската кауза.
Се возобновиле многу организации со предзнакот ВМРО, но вистинската цел на илинденците никој не успеал да ја достигне, џабе го величате налудничавиот како "втор Гоце Делчев".
Тодор Александров се учи у школо бре како поим за герилска војна ти ќе кажуваш гола вода :facepalm:
Tодорчо работел само за сопствен личен интерес.
Нема Македонец кој би ги простил зборовите на Тошо насочени против македонската национална идеја:
Македонеро, види дел од писмо на Т.Александров во кое ги обвинува „теснецот-болшевик Х.Димов,анархистот-мрзливец Герџиков,шмеќерот-велзевул Ѓорче и предавниците во минатото и сега на бугарскиот народ санданисти говорат и агитираат дека треба да се бара автономија на Македонија, зашто таа е одделна економска и географска единица со самостоен „македонски народ“ со сопствена историја од векови...“
T.Al.do_Karamf4.jpg
Еве за што се борел Тошо:
Според француски официјални извори, основна карактеристика на ВМРО-врховистичка на Тодор Александров, (основана кон крајот на Првата светска војна) е што "оваа организација е во рацете на националистите што владеат во Бугарија, таа редовно е финансирана од бугарската влада, која само од декември 1923 до февруари 1924 гoдина издвоила 150 милиони лева за ВМРО... ВМРО добивала голема помош од Германија преку А. Протогеров,од Италија и СССР преку П. Чаурев, од Турција, Хрватска и други земји".

Врските на ВМРО-врховистичка и нивното инкорпорирање со бугарската влада, според француски оцени, биле толку блиски и тесни, бидејќи тие имаат заедничка цел: "Бугаризација на Македонија и нејзиното приклучување кон Бугарија, и затоа е разбирливо тоа што ВМРО и бугарската влада работат рака под рака".

Прокламираната парола на ВМРО на Т. Александров "Македонија на Македонците", според француски сознанија и оцени, во суштина ја докажуваат вистината "Македонија на Бугарите" и "сегашните раководители на ВМРО целосно им се предадени на Бугарите и се во служба на Софија", а за Тодор Александров и неговите истомисленици се изнесуваат злосторничките убиства на недолжното македонско население: "омразата и подлоста што ја посеа Т. Александров околу себе на крајот се сврте против самиот него и тој падна како жртва на комунистичката завера во 1924 година".

Така, според француски извори, се нагласува дека "дури е апсурдно да се потврди, како што се прави во Софија и Белград, дека Македонија е бугарска, или дека Македонија е српска", а во врска со македонскиот јазик се нагласува дека "јазикот на Македонците не е бугарски, исто толку колку што не е ни српски".

А што е најсуштествено, за националната припадност, "ако прашате еден Македонец за таа работа, тој секогаш одговара дека е Македонец и иднината ја гледа во ослободувањето од полициската тиранија на турските, српските, бугарските власти".

Лазар ЛАЗАРОВ

Isto kako denes. Bugarija go ima Klovnot Karakacanov so klovnovskata partija, gi finansira,a Makedoncite ni najmalku ne gi vrtat...

Важно научивте нешто од тие што континуирано рассмрдуваат по форумот:
100 000 МАКЕДОНСКИ КОМИТИ ОТ ЕГЕJ :eek:lee:
RESPECT :music3:
Само за сравнение грците имат мобилизирано 92 000 армиja за време на Балканската воjна :wink:
А зашто не му направите на Тодор биста кога толко го тачите.Имаше веке една и вие а урнахте.Сградите сега една нали ова нали е македонски jунак.
 
Функционирањето после 1905 е насочено воглавно во меѓусебна борба (човек ќе помисли дека сите биле сигурни во скорешното и неминовно ослободување на Македонија па се испотепале "Кој ќе ни биде цар. Кој бог. И шпион кој ќе ни биде"..) и се одразува негативно на македонската кауза.
Се возобновиле многу организации со предзнакот ВМРО, но вистинската цел на илинденците никој не успеал да ја достигне, џабе го величате налудничавиот како "втор Гоце Делчев".

Tодорчо работел само за сопствен личен интерес.
Нема Македонец кој би ги простил зборовите на Тошо насочени против македонската национална идеја:

Никој не го велича како Гоце Делчев, пу пу скраја да е, не вметнувај нешто што не сум го кажал.

ВМРО било возобновено и тоа е факт. Дали функционира како претходно не го оспорува тој факт.

Исто како што е факт востанието во ќустендил исто како што е факт ова

„ВМРО која ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправа и најголема можна социјална правда, има цел: ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА, распарчена меѓу Бугарија, Грција и Србија во 1913 година со Букурешкиот договор за мир и со Нејскиот во 1919 година - ВО ЕДИНСТВЕНА ПОЛИТИЧКА ЕДИНКА која потоа ќе биде рамноправен член на една балканска федерација или барем во својата прва етапа од една Југословенска федерација.“

потпишал Тодор Александров.
 
Функционирањето после 1905 е насочено воглавно во меѓусебна борба (човек ќе помисли дека сите биле сигурни во скорешното и неминовно ослободување на Македонија па се испотепале "Кој ќе ни биде цар. Кој бог. И шпион кој ќе ни биде"..) и се одразува негативно на македонската кауза.
Се возобновиле многу организации со предзнакот ВМРО, но вистинската цел на илинденците никој не успеал да ја достигне, џабе го величате налудничавиот како "втор Гоце Делчев".

Tодорчо работел само за сопствен личен интерес.
Нема Македонец кој би ги простил зборовите на Тошо насочени против македонската национална идеја:

Еве за што се борел Тошо:

Важно научивте нешто од тие што континуирано рассмрдуваат по форумот:
Сакаш да кажеш дека е подобро да работи за бугарската влада и тоа у владата на Стамболиски :) ;)
 
Никој не го велича како Гоце Делчев, пу пу скраја да е, не вметнувај нешто што не сум го кажал.

ВМРО било возобновено и тоа е факт. Дали функционира како претходно не го оспорува тој факт.

Исто како што е факт востанието во ќустендил исто како што е факт ова

„ВМРО која ги претставува Македонците што се борат за национално самоопределување, политичка слобода, самоуправа и најголема можна социјална правда, има цел: ОБЕДИНУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА, распарчена меѓу Бугарија, Грција и Србија во 1913 година со Букурешкиот договор за мир и со Нејскиот во 1919 година - ВО ЕДИНСТВЕНА ПОЛИТИЧКА ЕДИНКА која потоа ќе биде рамноправен член на една балканска федерација или барем во својата прва етапа од една Југословенска федерација.“потпишал Тодор Александров.
Ова е финалето на борбата меѓу комунистите (федералистите) и неоврховистите на Александар.. Овде е интересно дека Тодор Александров ги застапува и се потпишува под идеите на коишто се спротивставува во времето кога го окупира Ќустендил во времето на неговото судир со федералистите. Во најмала рака човекот за неколку години го менувал мислењето за 180 степени.. Што покажува дека пристапувал пресметано и лицемерно, и поважен му бил сопствениот живот од се друго.
Значи шизофреничниов првин ги тепал оние ги застапувале ваквите ставови за да потоа го заземе нивното место... Се во служба на Бугарија.
Сакаш да кажеш дека е подобро да работи за бугарската влада и тоа у владата на Стамболиски :) ;)
Да, подобро е. Комунистички ориентираните федералисти работеле за обединување на Македонија и нејзин влез и рамноправност во идна балканска федерација. Ама налудничавиот егоист за*бал се.
 
Ова е финалето на борбата меѓу комунистите (федералистите) и неоврховистите на Александар.. Овде е интересно дека Тодор Александров ги застапува и се потпишува под идеите на коишто се спротивставува во времето кога го окупира Ќустендил во времето на неговото судир со федералистите. Во најмала рака човекот за неколку години го менувал мислењето за 180 степени.. Што покажува дека пристапувал пресметано и лицемерно, и поважен му бил сопствениот живот од се друго.
Значи шизофреничниов првин ги тепал оние ги застапувале ваквите ставови за да потоа го заземе нивното место... Се во служба на Бугарија.

И ти уживаш да гледаш црно бело. Тогаш гледај за сите. Но ако гледаш за сите нема да ни се допаднат многу работи. Такви гледишта наметнаа комунистите.

Борбата на Александров за Македонија е факт исто како што се факт неговите претходни ставови. Нити едното можеш да му го избришеш нити другото. Нити па смееш само едното да го прикажуваш. Неоспорен факт е дека барал македонска држава во рамките пред Букурешт безразлика дали ти ќе го кажеш ваков или таков.
 
Во ред.
Но треба да се сложиме дека тоа го барал само за да може бугарската пропаганда слободно да дејствува како во времето до балканските војни.
Црно-бело не гледам само јас, гледате и вие.
Мене не ме интересира бугарската (како ни српската, ни грчката) сага за освојување на Македонија и нејзините протагонисти. Само развојот на македонската национална идеја. И да, Тодор Александров е дел од неа, но повеќе е негативец отколку позитивна личност. Не се сложувам дека треба да се премолчи, но не е правилно и да се величи една таква личност, која колку што придонесла толку и наштетила.
За да се увериш дека е така на подфорум историја ќе постирам превод од еден бугарски документ за Т.А.
 
Во подфорумот историја дискутиран е Александров и постирани се еден куп работи кои кажуваат дека работел за македонските интереси и многу кои покажуваат негативни работи. Затоа 100 пати досега кажав дека не треба да се велича како Гоце на пример, но и дека не смее да се покажуваат само негативните работи кога имал и позитивни.

Ти само негативните ги бараш
 
Таквите претежнуваат.
Гоце и Тодор живееле и дејствувале во различно време и услови. Гоце во условите во кои се наоѓал максимално се посветил на македонската идеја за независност, и се борел да ја оттргне револуционерната организација од надворешното бугарско влијание.
Тодор Александров дејствувал штетно во најважните периоди од својот живот кога се вршела консолидација на македонската национална идеја.
 
Не претежнуваат.
 
Офф леле бугарин најголем го прават македонец па уште и скулптура ке му прават.Како можат на таков анти-македонец да трошат 350к еура тоа е чудо, боље за бикот уште една биволица да му напраат него за овој бугарин. Со дедоми биле кумови и имал кажано и напишано АЗ САМ БЛГАРИН а не напишал ја сум македонец.....
ги потрошија сите борци кои стварно го заслужуваат ова па сега работата е дај што даш за да се украде уште некоја банкичка :ROFLMAO:
 
Све експерти бре мајката ..

Мене не ме нервираат овие „експерти“ на форумов, тие се показател колку не/знаат нешто. Мене ме нервираат оние другите „експерти“, кои се дрзнаа да одлучуваат кому треба да му се изгради паметник, а кој треба да почека или пак не заслужил народот да го гледа. Не ме иритира толку многу што трескаат глупости, ама ме УБИВА тоа што некој мисли дека во државава никој не чул, не видел и не прочитал ништо. Има луѓе кои излегле од државава, се едуцирале, знаат што е добро, а што не е... Со скулптуриве погрешно е употребена/искористена гротескава убавина. Ова не се прави вака! Ова е хорор! Откако ги направија солунските атентатори како дедовци и откако едвај го погодив магарето кај камен мост (Х. Т. Карпош на магаре), прво си помислив дека нема да има повеќе грешки, ама потоа следеа Симеон Радев и Тодор Александров. Многу ми дојде ова, не само мене, туку на сите. Исто и ме нервира неписмена раја кога ќе ми рече дека и во Виена, Париз, Лондон, Рим... имало вакви скулптури - тоа ми е кулминација. Да, ги има, ама како се изработени?!

Знаеш и што најмногу ме нервира??? Магарето на Карпош! Да го гледаш и да се убиеш од плачење!
Ме интересира дали некој од „експертите“ има поим колкави коњи јавале Крали Марко и Карпош? Не сакам да звучам `ко онаа рошавата на А1 дека таа никогаш не би го јавала Букефал, оној коњот на Воинот на плоштад, ама Крале Марко и Карпош НИКОГАШ не јавале магаре! Тоа се јуначишта бе, а јуначиште попрво би одел пешки, отколку да се шета наоколу на магаре. На крајот на краиштата, кој би ги сфатил сериозно ако се на магаре?

Целиов проек „Скопје 2014“ испадна школски пример за перална на пари.
 
Ова е финалето на борбата меѓу комунистите (федералистите) и неоврховистите на Александар.. Овде е интересно дека Тодор Александров ги застапува и се потпишува под идеите на коишто се спротивставува во времето кога го окупира Ќустендил во времето на неговото судир со федералистите. Во најмала рака човекот за неколку години го менувал мислењето за 180 степени.. Што покажува дека пристапувал пресметано и лицемерно, и поважен му бил сопствениот живот од се друго.
Значи шизофреничниов првин ги тепал оние ги застапувале ваквите ставови за да потоа го заземе нивното место... Се во служба на Бугарија.

Да, подобро е. Комунистички ориентираните федералисти работеле за обединување на Македонија и нејзин влез и рамноправност во идна балканска федерација. Ама налудничавиот егоист за*бал се.
Мхмммм уживај си :) БУГАРСКА влада не е предавничко а цел живот у планина со пушка за независна македонија е предавничко :vozbud::vozbud::vozbud: комуњар лоџик
 
Баш ме интересира кога ќе се јават "непознати сторители" од Велес да го урнат и овој споменик на Александров :coffee:
 
Мене не ме нервираат овие „експерти“ на форумов, тие се показател колку не/знаат нешто. Мене ме нервираат оние другите „експерти“, кои се дрзнаа да одлучуваат кому треба да му се изгради паметник, а кој треба да почека или пак не заслужил народот да го гледа. Не ме иритира толку многу што трескаат глупости, ама ме УБИВА тоа што некој мисли дека во државава никој не чул, не видел и не прочитал ништо. Има луѓе кои излегле од државава, се едуцирале, знаат што е добро, а што не е... Со скулптуриве погрешно е употребена/искористена гротескава убавина. Ова не се прави вака! Ова е хорор! Откако ги направија солунските атентатори како дедовци и откако едвај го погодив магарето кај камен мост (Х. Т. Карпош на магаре), прво си помислив дека нема да има повеќе грешки, ама потоа следеа Симеон Радев и Тодор Александров. Многу ми дојде ова, не само мене, туку на сите. Исто и ме нервира неписмена раја кога ќе ми рече дека и во Виена, Париз, Лондон, Рим... имало вакви скулптури - тоа ми е кулминација. Да, ги има, ама како се изработени?!

Знаеш и што најмногу ме нервира??? Магарето на Карпош! Да го гледаш и да се убиеш од плачење!
Ме интересира дали некој од „експертите“ има поим колкави коњи јавале Крали Марко и Карпош? Не сакам да звучам `ко онаа рошавата на А1 дека таа никогаш не би го јавала Букефал, оној коњот на Воинот на плоштад, ама Крале Марко и Карпош НИКОГАШ не јавале магаре! Тоа се јуначишта бе, а јуначиште попрво би одел пешки, отколку да се шета наоколу на магаре. На крајот на краиштата, кој би ги сфатил сериозно ако се на магаре?

Целиов проек „Скопје 2014“ испадна школски пример за перална на пари.
Ете и ти си голем експерт Х.Т. Карпош е тоа а ? :facepalm::facepalm: Х.т. Карпош е партизан бе море експерту драг а тоа на коњот е Петар Карпош :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom