Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
Ете и ти си голем експерт Х.Т. Карпош е тоа а ? :facepalm::facepalm: Х.т. Карпош е партизан бе море експерту драг а тоа на коњот е Петар Карпош :)

Не е крив/а HITCH, туку преродбата што става споменици, му прави сувенири, а не знае на кој Карпош... 1,2,3 или 4... :facepalm:

18.01karpos1.jpg
 
Не е крив/а HITCH, туку преродбата што става споменици, му прави сувенири, а не знае на кој Карпош... 1,2,3 или 4... :facepalm:

18.01karpos1.jpg
ллеле :( жално жално жално ! ми се плаче колку се глупи :( па не го набија тој кумановец на камени мост другиот беше :( страшно ....
 
Значи споменик и на еден партизан...шуќур не ги заборавија македонските НО војски. Ама сите на коњ? Има некој македонец пешки што идел?
 
Значи споменик и на еден партизан...шуќур не ги заборавија македонските НО војски. Ама сите на коњ? Има некој македонец пешки што идел?
Не е на Христијан тодоровски карпош бе оооо ти ..... ПЕТАР КАРПОШ е тоа ... човекот којшто е набиен на камени мост ама овие глупациве што ги праеле сувенириве утнале ! -_-
 
Баш ме интересира кога ќе се јават "непознати сторители" од Велес да го урнат и овој споменик на Александров :coffee:

Прописно е изграден. Со сите дозволи и амини... Затоа мирни седат „непознатите сторители“. А и политиката кон Александров е сменета од тогаш. Конкретно, деновиве... :pos:

Преска ја гледав изјавата на бишката Ѓорчев кој вика дека споменикот не е на Алекандров. Може да ни наликувал на него или авторот малку да се помешал, ама целта не била тоа да е Алексанров. Пичка у душа.
 
Значи споменик и на еден партизан...шуќур не ги заборавија македонските НО војски. Ама сите на коњ? Има некој македонец пешки што идел?

АСНОМ и Ченто што белег се?
 
АСНОМ и Ченто што белег се?
Само Ченто? А другите -Мирче Ацев, Кузман Јосифовски, М. Апостолски, Орце Николов...се става некој контроверзен лик од минатото, а на сметка на такви ликови се занемарува цел еден предвоен и воен период во Македонија. Многу значаен за сегашна Македонија.
 
Кој да ве сфати. Ако се ставело од еден спонек оти не од друг, а после многу се споменици.

Од секој приод од историјата има споменици, па дури и од НОБ.
 
Кој да ве сфати. Ако се ставело од еден спонек оти не од друг, а после многу се споменици.

Од секој приод од историјата има споменици, па дури и од НОБ.
Кад је бал...пошто има миљон споменици од лавови, коњи, фаланги и други македонски витези....не е од секој. Ако веќе толку се поставени и потрошени милиони без отчет...нека уште толку.
дали единствено Ченто е херој на НО војна во Македонија? Колку што знам власта (партијата, исто е) го осуди поставувањето во Велес, сега власта поставува споменик од истиот контроверзен лик. Истите медиуми, форумџии и портпароли кои беа против велешкиот Александров, сега го поддржуваат со сите сили. Нема логика.
Зошто токму Александров за кој толку копја кршите во однос на заслугите и ѕверствата кога истиот беше рушен во Велес (не како "дивоградба" туку врз идеолошка/историска основа) и кога нема ниеден од споменатите скоевци и партизани.
 
Кад је бал...пошто има миљон споменици од лавови, коњи, фаланги и други македонски витези....не е од секој. Ако веќе толку се поставени...нека уште толку.
дали единствено Ченто е херој на НО војна во Македонија? Колку што знам власта (партијата, исто е) го осуди поставувањето во Велес, сега власта поставува споменик од истиот контроверзен лик. Истите кои беа против велешкиот Александров, сега го поддржуваат со сите сили. Нема логика.
Зошто токму Александров за кој толку копја кршите во однос на заслугите и ѕверствата кога истиот беше рушен во Велес (не како "дивоградба" туку врз идеолошка/историска основа) и кога нема ниеден од споменатите скоевци и партизани и .

Тоа во Велес е друг муабет и за други потреби човекот постави биста.

Не е само Ченто херој од НОБ, Ете цело заседание на АСНОМ како, како резултат на НОБ доби обележје. 10 личности се на тој споменик
 
Кој да ве сфати. Ако се ставело од еден спонек оти не од друг, а после многу се споменици.

Од секој приод од историјата има споменици, па дури и од НОБ.

Алекс, не дека немам што да ти кажам на темава, ама не сакам да се расправам. Ќе ме натераш да распалам, а знаеш дека е опасна зона ако почнам! Немој Алекс, те молам немој!

Тодор Александров и Симеон Радев НЕ заслужиле паметник во Македонија! Ѓорче и Јане не се предавници, Тодор и Симеон се предавниците. Како може да им залута споменик на Симеон? Значи никој не води контрола!

Немој да се обидуваш овде на форум да ми го „рехабилитираш“ Тодор. „Рехабилитација“ прават историчари, а не форумџии!
 
Со тебе мислам дека ја завршив дебатата на темава, ако не ти бев доволно јасен, не знам да цртам.
 
Тоа во Велес е друг муабет и за други потреби човекот постави биста.

Не е само Ченто херој од НОБ, Ете цело заседание на АСНОМ како, како резултат на НОБ доби обележје. 10 личности се на тој споменик
Алекс, јасно е зошто го бутнаа, а владеачката класа туркањето го поддржа. Сега од каде се сигурни дека нема да се случи истото, да се стават бугарски знамиња, да се злоупотреби. Тогаш власта го осуди поставувањето како бугарски белег, а сега самата го поставува како ваљда македонски. Тој е истиот Александров, и таму и овде.
И чудно е зошто токму Александров, а не некој од докажаните... дали оти биле скоевци, не биле членови на вмро...дали Стив Наумов го бришат оти од 19 години бил член на КПЈ...забележувам дека се што не со предзнак вмро или што бил активист на други организации (како СКОЈ или КПЈ), како да се става под килим. Посебно периодот од 2 св. војна (освен рака на срце лицата од претседателството на АСНОМ) па до независна Македонија.
Не ми е струка историја ама кога ве читам де бил за бугарите, де не бил...многу матна работава.
 
Алекс, јасно е зошто го бутнаа, а владеачката класа туркањето го поддржа. Сега од каде се сигурни дека нема да се случи истото, да се стават бугарски знамиња, да се злоупотреби. Тогаш власта го осуди поставувањето како бугарски белег, а сега самата го поставува како ваљда македонски. Тој е истиот Александров, и таму и овде. Не знам каде е границата на здравиот разум.
И глупо е зошто токму Александров, а не некој од докажаните... дали оти биле скоевци, не биле членови на вмро...дали Стив Наумов го бришат оти од 19 години бил член на КПЈ...забележувам дека се што не со предзнак вмро или што бил активист на други организации (како СКОПЈ или КПЈ), како да се става под килим. Посебно периодот од 2 св. војна (освен рака на срце лицата од претседателството на АСНОМ).
Не ми е струка историја ама кога ве читам де бил за бугарите, де не бил...многу матна работава.

Види Лурц јас поназад на Хич и одговорив дали сум за споменик на Александров или не. Напишав и евентуална рехабилитација како е паметно да се направи.

Стив не се брише туку добива друга улица, што е глупо. Исто што е и глупо да се тврди дека се става под килим НОБ.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom