Тодор Александров

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Не може Тодор Алексндров да се поистоветува со Ванчо Михајлов.Тодор е потписник на Мајскиот манифест за самостојна и независна Македонија заради што е убиен по наредба на бугарскоит двор во 1924.

Еве и слика од неговото семејство со парола преку голгота кон независна Македонија

Todor.jpg


Исто така и на неговиот споменик во Ќустендил пишува Се за Македонија
 


These articles are taken from THE TIMES newspaper, 16th september 1924.
19240916p09wm0.png

19240916p10wm9.png

19240916p14ft0.png


Една многу интересна работа која не е позната многу во Македонската историја а е забранета во Бугарската историја,имено по неколку годишното исчекување на Тодор Александров да Бугарскиот цар го исполни своето ветување кое го дава на Македонските револуционери за време на 1 светска војна и да прогласи автономна Македонија која под покровителство на големите сили би се обединила со вардарскиот и егејскиот дел Тодор Александров го праќа последниот ултиматум до владат и Бугарскиот цар за негово делување и исполнување на договорот.

Царот и Премиерот Бугарски во паника го признаваат Македонското малцинство и од страв на делување на Тодор Александров против државата се зближува со Сандански кој формира партија и пушта свои луѓе во Бугарскиот парламент тврдејки дека само на демократски начин Бугарија ке ја признае Автономна Македонија,но Александров кога дознал за тоа ги подигнал на оружје сите Македонски комити кои биле распоредени во Македонија (Вардарска, Егејска и Пиринска) - во еден натпис во весникот Илинден оваа општа мобилизација се опишува како второто Илинденско востание но било и повеке од тоа.

Александров вооружал и ставил на готовс 150 000 Македонски комити низ цела Македонија кои биле спремни на повикот „Слобода или Смрт" да го дадат својот живот за Војводата Александров.Четите требале да се соберат на едно место за да тргнат на конечна битка за Македонија.

За четири дена го завземал Ќустендил,ги разоружал Бугарските полицајци и војска и ја осигурал границата на месноста Мал Завој кој гледал на Крива Паланка,Ќустендил го држел под власт цели 24 дена за кое време планирал напад и влез во Вардарска Македонија чекајки над 100 000 Македонски комити од цела Македонија.

Првите 35 000 комити ги распоредил околу градовите Паланка,Кратово и Куманово и се спремил за вооружена пресметка со Српската војска.5 000 Македонски комити оставил во Ќустендил а другите 12 000 од 17 000 кои го заземале Ќустендил ги повел во битка, но на излез од Ќустендил кај селото Ѓуешево, Бугарската војска координирана со Српската, која чекала од другата страна на границата, го сопрела на преговори.

Тодор Александров чекајки ги 100 000 комити од Егејска и Вардарска Македонија увидел дека е надброен и се сложил на преговори. Бугарската војска го оставила да се повлече од Ќустендил и да ги разоружа Македонските комити со цел да се почнат преговори за Автономна Обединета Македонија.

Неколку месеци по оваа акција Тодор Александров е убиен од зли предавници.
 
Македонеро, види дел од писмо на Т.Александров во кое ги обвинува „теснецот-болшевик Х.Димов,анархистот-мрзливец Герџиков,шмеќерот-велзевул Ѓорче и предавниците во минатото и сега на бугарскиот народ санданисти говорат и агитираат дека треба да се бара автономија на Македонија, зашто таа е одделна економска и географска единица со самостоен „македонски народ“ со сопствена историја од векови...“
T.Al.do_Karamf4.jpg
 
Не постирај фалсификати бе токмак.

Што не го постираш писмото на Александров упатено до Руската Федерација?
 
Зошто да е фалсификат? Не ти одговара на тезата, a?

А ти што не постираш писмото на Александров упатено до Руската Федерација? Дај да видиме това писмо.
 
Според француски официјални извори, основна карактеристика на ВМРО-врховистичка на Тодор Александров, (основана кон крајот на Првата светска војна) е што "оваа организација е во рацете на националистите што владеат во Бугарија, таа редовно е финансирана од бугарската влада, која само од декември 1923 до февруари 1924 гoдина издвоила 150 милиони лева за ВМРО... ВМРО добивала голема помош од Германија преку А. Протогеров, од Италија и СССР преку П. Чаурев, од Турција, Хрватска и други земји".

Врските на ВМРО-врховистичка и нивното инкорпорирање со бугарската влада, според француски оцени, биле толку блиски и тесни, бидејќи тие имаат заедничка цел: "Бугаризација на Македонија и нејзиното приклучување кон Бугарија, и затоа е разбирливо тоа што ВМРО и бугарската влада работат рака под рака".

Прокламираната парола на ВМРО на Т. Александров "Македонија на Македонците", според француски сознанија и оцени, во суштина ја докажуваат вистината "Македонија на Бугарите" и "сегашните раководители на ВМРО целосно им се предадени на Бугарите и се во служба на Софија", а за Тодор Александров и неговите истомисленици се изнесуваат злосторничките убиства на недолжното македонско население: "омразата и подлоста што ја посеа Т. Александров околу себе на крајот се сврте против самиот него и тој падна како жртва на комунистичката завера во 1924 година".

Така, според француски извори, се нагласува дека "дури е апсурдно да се потврди, како што се прави во Софија и Белград, дека Македонија е бугарска, или дека Македонија е српска", а во врска со македонскиот јазик се нагласува дека "јазикот на Македонците не е бугарски, исто толку колку што не е ни српски".

А што е најсуштествено, за националната припадност, "ако прашате еден Македонец за таа работа, тој секогаш одговара дека е Македонец и иднината ја гледа во ослободувањето од полициската тиранија на турските, српските, бугарските власти".

Лазар ЛАЗАРОВ

Isto kako denes. Bugarija go ima klovnot Karakacanov so klovnovskata partija, gi finansira,a Makedoncite ni najmalku ne gi vrtat...
 
Што не ќе прочита човек на форумов!

Чудесија. Абе Трн, ти од ВМРО-Народна да не си па толку да го величиш Александров?
Или оти на дедоти му бил комшија и сега да се пофалиш оти комшијата ти е јунак македонски.

А што е со убиството на Ѓорчета Петров, кој го нарачал убиството негово? Додека Александров бил претседател на (ВМРО-незнам која) во време од 4- 5 год убиени се повеќе од 1000 Македонци само поради тоа што му пречеле! Ете Македонец, тешка му земја ако е така.
 
По стоти пат ист муабет ама ајде...

А што е со убиството на Ѓорчета Петров, кој го нарачал убиството негово?
ВМРО извршувала атентати само по наредба на Централниот комитет, заверено со печатот на комитетот и потпис од претседателот.

Каде е таа наредба од ВМРО потпишана од Александров за ликвидација на Ѓорче Петров?

ВМРО уште од тогаш се оградило од било каква вмешаност во атентатот на Петров.
Додека Александров бил претседател на (ВМРО-незнам која) во време од 4- 5 год убиени се повеќе од 1000 Македонци само поради тоа што му пречеле!
Немој да манипулираш!

Во тоа време имало повеќе од 1000 атентати и убиства неспорно. Во таа група на убиени спаѓале: шпиони, бугарски и српски. Српски жандарми, нивни „извршители“, предавници, па дури и српски и бугарски министри и градоначалници.

ВМРО НИКОГАШ НЕ УБИВАЛО НЕДОЛЖНО НАСЕЛЕНИЕ.

Дури секој оној член на ВМРО кој ќе посегнел по невино население од било која националност или вера, му се судело како на непријател!
 
Викаш од ЦК била извршена наредбата? Па ете ти бе ТрН. Кој бил претседател тогаш? Или Т.А. не бил член и незнаел што се случувало (од марс паднал он тогаш а?) ? Па сега некој манипулира ама ми изгледа оти ти манипулираш.
 
Викаш од ЦК била извршена наредбата?
Јас само ти објаснив на кој принцип работи судот на ВМРО уште од самото основање на револуционерното движење на Македонија од 1893.

Ти со ваков одговор пробуваш да инсинуираш и манипулираш со искажаното.

Те прашав:

Постои ли таква наредба од ВМРО потпишана од Александров за ликвидација на Ѓорче Петров, и ако постои, каде е?
 
Или сакаш да кажеш организацијата не го извршила убиството? Немој да зборуваш такви работи. Ако не била Организацијата тогаш кој?

И зошто тогаш бугариштава толку го величат? Еве пример е велес: Владо Каров бугарот му направи биста и ја стави во двор ама за среќа вечерта ја кутнаа. И сега е ставена на тарасата на куќата на тој Каров. Па оди и положи му цвеќе ако мислиш дека треба, а не треба, не заслужил.
 
Или сакаш да кажеш организацијата не го извршила убиството? немој да зборуваш такви работи. Ако не била организацијата тогаш кој?

Можеш да докажеш дека Организацијата стои зад убиството на Ѓорче Петров?
 
Еве нешто за убиството на Александров:

http://macedonian.atspace.com/knigi/adz_sp.htm.

И не го валкајте Јане Сандански-човекот кој се борел против бугароманите и нивните инсталации во Организацијата.

Најголемиот колеж бил извршен токму од Ванчо Михајлов како продлжена рака на бугарските власти.
 
Uste gledam deka od najednostavnite raboti kaj nas se pravat nekoi raspravii samo da se dokazi nesto sto ne e taka, samo zaradi toa sto ne mozi da se privati vistina od nekoja sueta. Taka za ubistvoto na Gorce Petrov, treba da se znae deka toj bil clen na vlada koja sto bila bliska so srbite, i se zalagala za celosno unistuvanje na Organizacijata. Toa e vistinata za toj slucaj, se drugo se spekulacii.
 
Абе Трн, па кој друг работел против вистинските Македонци и нивната идеја ако тоа не била владата на Бугарија?

А знаеме дека организацијата на Т.А. била финансирана од Бугарија. А тие не ги сакале идеите на Ѓорче Пертов.

Вtw документ таков нема ни да најдеш оти како би го оправдал тоа Т.А. на Македонците кои слепо верувале во неговата организација?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom