Тодор Александров "дојава" во Кисела Вода

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали го оправдувате поставувањето на споменикот на Тодор Александров во Кисела Вода?

  • Да

    Гласови: 15 21,7%
  • Не

    Гласови: 42 60,9%
  • Немам став, не сум запознаен околу ликот и делото на Александров

    Гласови: 12 17,4%

  • Вкупно гласачи
    69
Бога ми, овој у три лепе ќе иде....уште од сега така ми личи....
Е зашо бе он даиде а еден Ѓорче Петров (дупло поголем) да седи ? :D или еден Ацика да седи (10пати поголем) или еден Јустиниан да седи мммм !?
 
Бога ми, овој у три лепе ќе иде....уште од сега така ми личи....
Свастика за Тодор Александров

91b69be1-6a17-495c-b41e-ec6d6ffc0dcb
b60b7145-5d53-4318-9254-c96868763ad3
6db96b4c-2431-41a7-8126-11b8f5933cb0
Споменикот на Тодор Александров во скопската населба Кисела Вода ноќта меѓу неделата и понеделникот е ишаран со кукаст крст, симбол на фашистичката идеологија.

Сквернавењето следува откако во четвртокот на споменикот првично наречен Македонски војвода на коњ беше поставена табла со името на Тодор Александров, некогашен водач на ВМРО.

Ова не е прво сквернавење на споменикот. Тој беше попрскан со бела боја кратко по неговото поставување во јуни годинава.
Во меѓувреме, сè уште се работи на уредувањето на просторот околу споменикот.
Поставувањето на споменикот на контроверзниот Александров на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски" (поранешна Првомајска) и улицата „Иван Козаров" предизвика полемика во јавноста.
Опозицијата критикуваше дека се величат контроверзни личности од македонската историја, додека градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев се изјасни како личен почитувач на ликот и делото на Александров, а премиерот Никола Груевски повика да се прекине со стереотипизацијата на некои личности од македонската историја. /крај/мф/ач
Извор: http://makfax.com.mk/294543

Е зашо бе он даиде а еден Ѓорче Петров (дупло поголем) да седи ? :D или еден Ацика да седи (10пати поголем) или еден Јустиниан да седи мммм !?
Затоа што друже овој работел за Бугарија. Македонија да стане независна прво, па после да си стане Бугарска. Не за џабе викаат контравезна личност, не заслужува.. Задолжен е за ликвидација на други позначајни личности кој можеле да сменат многу во самата организација. Ако постои овој уште долго не се лути ако од Исток те нарекуваат Бугар.
 
Бар петокрака да нацртале... :D
Затоа што друже овој работел за Бугарија.
За разлика од другите кои биле вработени во бугарската влада и работеле за Македонија, овој не бил вработен во бугарската влада и работел за Бугарија.
 
Подигнувањето на споменикот на Тодор Александров е значајна етапа во процесот на ребугаризација на националното чувство во Македонија, смета бугарскиот историчар Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј за бугарската агенција „Фокус“.
 
Реков и во предходниот пост, нема љутиш сега. За жал во право е, така мислам и јас последно време со идолизирање на некој други бугари. :)
 
Подигнувањето на споменикот на Тодор Александров е значајна етапа во процесот на ребугаризација на националното чувство во Македонија, смета бугарскиот историчар Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј за бугарската агенција „Фокус“.
Истиов вика дека и споменикот на Гоце Делчев е значајна етапа за ребугаризација. Или тоа не се важи?
 
Истиов вика дека и споменикот на Гоце Делчев е значајна етапа за ребугаризација. Или тоа не се важи?
Многу револуционери од тој периот се спорни, но не сите. Мислам дека веќе имаме затворено со Гоце Делчев.
 
Многу револуционери од тој периот се спорни, но не сите. Мислам дека веќе имаме затворено со Гоце Делчев.
Ако Божидар Димитров треба да ни каже со кого треба да затвориме... Ај, не мора Делчев, Питу Гули заслужува да биде во химна и да го славиме?
--- надополнето: 22 октомври 2012 во 11:35 ---
Чекај, чекај, ти навиваш за мечката или ловџијата?
Глуп ми е двојниов аршин. Кога е Александров во прашање Димитров е релевантен, кога е Делчев во прашање Димитров лупа глупости.
 
Ако Божидар Димитров треба да ни каже со кого треба да затвориме... Ај, не мора Делчев, Питу Гули заслужува да биде во химна и да го славиме?
Глуп ми е двојниов аршин. Кога е Александров во прашање Димитров е релевантен, кога е Делчев во прашање Димитров лупа глупости.
Дечко среди се малце ВМРО, не е едно цело време имало повеќе. Тодор Александров е од ВМРО АВТОНОМИСТИЧКО кое се борело за Независна Макеоднија точно, но под капа на Бугарија. Имаш познавање, така да знаеш дека имало и повеќе фракции. Тоа е разликата...
 
Гниди и провокатори како БД, требаше да ги искористиме до сега многу повеќе за да докажеме кое племе влезе во ЕУ на мала врата....место да ја доизградиме држаава ко што треба, копуци као Ѓорчев не изобличуваат и омаловажуваат....а општината на истиот му е „најселска општина во сред град“ во сметски размери, не само во околинава....знае само со Александров и волови за нова година во Драчево да се бави....
 
Дечко среди се малце ВМРО, не е едно цело време имало повеќе. Тодор Александров е од ВМРО АВТОНОМИСТИЧКО кое се борело за Независна Макеоднија точно, но под капа на Бугарија. Имаш познавање, така да знаеш дека имало и повеќе фракции. Тоа е разликата...
Која фракција е вистинската, а кои лажните? За Питу Гули не ми одговори.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom