Тјунирање на скутери до 50cc

  • Креатор на темата Креатор на темата KaKtus
  • Време на започнување Време на започнување

Колку кубика има ваштиот скутер

  • 50

    Гласови: 50 67,6%
  • 70 или 80

    Гласови: 8 10,8%
  • 100 или 125

    Гласови: 3 4,1%
  • 15о или 180

    Гласови: 6 8,1%
  • 200 или 250

    Гласови: 1 1,4%
  • 400 или над 500

    Гласови: 6 8,1%

  • Вкупно гласачи
    74
и мене ме интересира нешто. имам матрикс, сеуште е со граничник. ми кажаа дека ќе тера до кај 70/75 кога ќе го тргнам. е сега, откога ќе го тргнам, дали и со што можам да ја кренам макс брзина за 5-10 км(па и повеќе-не е на одмет) и да го направам постартен. за брзина ауспух а за старт ролни? нешто така беше? :P
 
Зависи, можеш да ставш полесни ролни со што ќе добиеш старт ќе изгубиш крајна, може да ставиш потешки и да го добиеш обратното. Истото важи и за ауспухот има ауспуси со кои добиваш старт и ауспуси со кои добиваш крајна, ако ставиш потесен каиш пак добиваш некои си 4/5 километри, има безброј комбинации, ама кога еднаш ќе почнеш да го чепкаш нема да престанеш никогаш.
 
Како што кажа Vortex ако почнете со тјунинг... Нема крај. Најмногу се добива од ауспух за помалку пари (оние вртени што се). Е сега колку сакате да чепкате по машината поскапо ке биде. Ако ставате поголеми клип, декла, цилиндар, радилица (оние Малоси) тоа стварно добива на снага но коштаааа!

А за да добие некои 10-15 км во максимална ауспух и ролни требало да се доволни. Кој модел како влијае треба да ви објасни мајстор.
 
Кои мајстори ги препорачувате за промена на ауспух?
 
Кои мајстори ги препорачувате за промена на ауспух?
Дечкото што го држи Априлија сервисот Ѕоне мислам дека се викаше е добар малце скап ама добар мајстор сервисот му се наоѓаше во момин поток ама незнам дали прави XOR треба да прашаш.
 
Дечкото што го држи Априлија сервисот Ѕоне мислам дека се викаше е добар малце скап ама добар мајстор сервисот му се наоѓаше во момин поток ама незнам дали прави XOR треба да прашаш.

Сеа се вратив од кај него :) праи што ти душа сака, ама за се си бара парички, мегутоа што се однесува до мене за тјунирање на скутер доволно е ауспух и ролни, можда и спотски филтер за воздух, друго се е прескапо и малце неисплатливо, не е поентата на скутер 50ка да троши колку кола :)
 
И уште никој не ми кажа цена за ауспухот, и кој го препорачувате... :)
 
Па мислам дека Леовинчи се најдобри за стандарден клип али незнам од кај можеш да ги набавиш.а инаку дечкото што го држи Априлиа сервисот се вика Јове
 
И уште никој не ми кажа цена за ауспухот, и кој го препорачувате... :)

Јас можам да зборам само за Gianelli околу 150 евра сосе монтажа+ каиш или ролни не сум сигурен.
 
Дали со тјунирањето, му се скратува животот на моторот?
 
Се скратува, али колку се скратува зависи од видот на тјунирањето и грижата околу моторот(квалитетно улје, загревање на прв старт, прегревање)
 
Ај не ве бришам.... Де бре зошто мислите дека 50-ките неможат да доодат до Берово? Со правилно возење, без големо оптеретување моторчето без проблем може да помине 500 км (просек по 50 на час=10 саати возење) како ништо без никакво застанување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom