Тјунирање на скутери до 50cc

  • Креатор на темата Креатор на темата KaKtus
  • Време на започнување Време на започнување

Колку кубика има ваштиот скутер

  • 50

    Гласови: 50 67,6%
  • 70 или 80

    Гласови: 8 10,8%
  • 100 или 125

    Гласови: 3 4,1%
  • 15о или 180

    Гласови: 6 8,1%
  • 200 или 250

    Гласови: 1 1,4%
  • 400 или над 500

    Гласови: 6 8,1%

  • Вкупно гласачи
    74
Acid да те прашам нешто Generic XOR-от ти е 50cc ili 125cc?
Мојот е 50.
Ако сакаш да прашаш нешто во врска со темава, слободно прашај тука. Но, ако е поврзано само за мојот Generic, слободно прашај по ПП за да не ја уништуваме темава.
 
Да се надоврзам за издржливоста што викавте.Кај мене скутерот беше така малце истјуниран одеше околу 95, и моментално има 21000км па мака нема како нов е и оди се уште исто дури и подобро од кога имаше 5000км.Така да издржливоста зависи од тоа дали го носите на редовен сервис, квалитетно улје, навреме менување на сите потрошни делови и сл.А тоа со тормозењето, барем на мојот скутер немаше никаква врска оти сварно ептен го тормозев скутерот. Скопје велес возев со цела гас во двата правци и под 85 не го симињав никаде па мака немаше.
 
Еве го мојот Setup ставен пред неколку дена:
Kit Malosi sport aluminumum 47 klip
Carburator. Dellorto 17.5
Prenos Malossi MHR
Variator Malossi2000 3.5 gr rolni
Radilica Malossi
Auspux :Technigas Next R
 
јас навистина не гледам поента на тјунирање на моторизацијата на еден скуптер чија намена е со што помала брзина и поголема маневарабилност да се пробие односно да го избегне човек сообраќајниот метеж, а не да се трка со скутер. Па затоа и самите модели на скутери не се направени аеродинамични баш поради таа намена, и според мене таквто тјунирање ама ми нема ама баш никаква логика. Да имавте прав мотор па да разберев, ама скутер абе ајде.
Од кај да знам може проблемот е и во мене пошто не сум некој љубител на моторизирани двотркалци.
 
Еве го мојот Setup ставен пред неколку дена:
Kit Malosi sport aluminumum 47 klip
Carburator. Dellorto 17.5
Prenos Malossi MHR
Variator Malossi2000 3.5 gr rolni
Radilica Malossi
Auspux :Technigas Next R
Колку те кошташе сево ова? Ако може детални цени за сите делови.
А да... На што марка мотор (скутер, веспа како сакаш наречиго) ги стави овие делови?
 
Колку те кошташе сево ова? Ако може детални цени за сите делови.
А да... На што марка мотор (скутер, веспа како сакаш наречиго) ги стави овие делови?


800 evra Тачно
Aprilia area51
Max Speed 130
 
Многу се 800 евра... Јас имам ендуро Јамаха 50 кубици, а шасиски носи иста шасија со 125 па се думав да го тјунирам машинчето. Ама побрзо би ставил 125-ка машина 4 тактна и поевтино ке ме фати (некои 100-200 евра).
 
Луѓе 2200 евра веспа и 800 евра „тјунинг“ да оди 130...без навреда ама болни сте!

Ќе си купам половен Yamaha 535 или па некое друго машинче...и ќе се возам како човек...а не прпалче...
 
Знам оти сум досаден мрчатор ама ајде, пак ќе си прашам:
Кактус, велиш се тоа 800 евра. И велиш оди 130. Целиот тјунинг гледам е во моторот и менувачот...има и спортски издув...Е како тоа чудо застанува? На сериските кочници? Треба и таму да чепнеш. Веќе целото возило излегува надвор од фабричките параметри и потребно е соодветно тјунирање на секоја позиција, нели?
 
Не само кочници...

треба зајакнување на шасивчето...гумите...општо сите материјали...тоа моторче е дизајнирано (еве тропам цифра) да оди до 80км/ч...зборуваме за сите елементи...кочници,шасија,гуми,амортизација...
 
Па добро струмикс...не е толку лошто тоа два диска квалитетни плочки ништо страшно
 
Па добро струмикс...не е толку лошто тоа два диска квалитетни плочки ништо страшно
Дизајнирани за нешто кое оди да кажеме 80 на час...
Совет:
Стави нешто поголемо од појака машина, и не дај боже да видиш колку е страшно...
И уште нешто: Кога сте тргнале веќе на тјунирање, тјунирајте се комплетно, а не само мотор и сл. Кога ќе е комплетно, мотор издув, кочници, шасија, ќе имаш брзо возило, но и сигурно, без глупи дефекти.
 
Сепак би додал... За тие 800 евра што ги додаваш подобро продај го тоа моторче и купи појако, да речам 125-ка или 250-ка. И гарант ке оди повеќе од 50-ката тјунирана.
 
130 км/ч со Area 51? Машала. Мојата одеше 86-90. Али штознам, нема поента да фрлиш 800 евра за таков тјунинг на моторче кое вреди малку поеќе од тоа што си го потрошил за тјунингот. Премногу е. Некои ситни интервенции до 200 евра можеби би фрлил за мерак, ама моторчето + тјунингот од 800 евра + уште малку ќе додадеш и ќе купиш моториште.
 
Сега збореле ние вака секој си има свој ставови...ама кеифот е пред се...да те повлече скутер од семафор на семафор 115...а позади тебе нема шанси ниедна кинеска 125 или 150 да те стигне :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom