Тјунирање на скутери до 50cc

  • Креатор на темата Креатор на темата KaKtus
  • Време на започнување Време на започнување

Колку кубика има ваштиот скутер

  • 50

    Гласови: 50 67,6%
  • 70 или 80

    Гласови: 8 10,8%
  • 100 или 125

    Гласови: 3 4,1%
  • 15о или 180

    Гласови: 6 8,1%
  • 200 или 250

    Гласови: 1 1,4%
  • 400 или над 500

    Гласови: 6 8,1%

  • Вкупно гласачи
    74
Сега збореле ние вака секој си има свој ставови...ама кеифот е пред се...да те повлече скутер од семафор на семафор 115...а позади тебе нема санси ниедна кинеска 125 или 150 да те стигне :)
Кеифот е голем, неспорно, него муабетот е дека заради кеифот не треба да ја жртвуваш безбедноста.
Си фрлил 800 евра досега...Уште колку ќе фрлиш за се да е како што треба? Тјунингот е бунар без дно. Нон стоп ќе фрлаш и некогаш не е доволно и никогаш не е крај.
Без навреди, ама крајно аматерски е да го насвираш машинчето да крева брзина а да размислуваш лаички околу сопирањето во стилот „добри дискови, добри плочки и готово“. Треба соодветни дискови и соодветни плочки и готово.
 
А може слики да видиме од ова....мора да изгледаат смешно тие рејсинг шо би биле...кај е скутер за трки бре !!.
 
Сега збореле ние вака секој си има свој ставови...ама кеифот е пред се...да те повлече скутер од семафор на семафор 115...а позади тебе нема санси ниедна кинеска 125 или 150 да те стигне :)

Скутер не за тркање следствено и концептот на кој што се базираат скутерите е прилагоден кон покмфорно крстарење низ улиците а не за тркање од семафор до семафор, јас само можам да ти кажам пази да не настрадаш.
 
Мислам дека оптимална брзина за скутер е негде околу 80. Повеќе е навистина опасно, ама и максимална од 60 е малку иритирачки, фали нијанса. Затоа, само благ тјунинг :)
 
Мислам дека оптимална брзина за скутер е негде околу 80. Повеќе е навистина опасно, ама и максимална од 60 е малку иритирачки, фали нијанса. Затоа, само благ тјунинг :)

До 80 максимална а возна околу 60 е нормално и за тоа и се наменети скутерите, кому му се брза нека си купи мотор асален, кој сака повеќе да се трка некој брзински дури и 125 може многу да влече или пка ако сака да крстосува по автопатишта со 120 тогаш може да си земе чопер и да ужива, ама скутер НЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, скутер е само за низ град со возна брзина до кај 60 на саат. и да не бутаат помеѓу коли, кога веќе скутерите можат да воза 60 нека возат како коли а не да се бутаа помеѓу, бидејќи со тоа бутање ја загрозуваат својата, на тие околу него и општата сообраќајна безбедност.

Освен тоа мислам 800 евра за тјунирање еееј, тука во германија во супермаркет можеш цел скутер за тие пари да купиш и тоа кој ги исполнува строгите TUV стандарди, кои кај нас се незамисливи, пошот четвртина ако не и третина од возилата не би биле регистрирани.
 
Сега збореле ние вака секој си има свој ставови...ама кеифот е пред се...да те повлече скутер од семафор на семафор 115...а позади тебе нема шанси ниедна кинеска 125 или 150 да те стигне :)

Еден од мое маало со малце поголема брзина од оваа удри у 101....небеше тој крив 101 му излезе пред него овој дирекно со окулу 100 и кусур удри у него. Типот имаше скршен череп и многу скршени коски, го однесоа во болница и по 2-3 дена почина(бог да го прости).
Па сеа види ти колку е безбедно да се вози со толкава брзина на мотор
 
Инаку ако добор ме држи сеќавањето од предметот ОТП од основно до 5о кубика всушност на македонски технички јазик се дефинира како велосипед со мотор, само може тоа се сменило, пошто овие немаат педали и кургла.
Знам еден другар еднаш му умре акимулаторчето па на кургла го палеше скутерот, имаше од едни стари скутери црвени мислам на нив пишуваше Bali
 
Тјунинг е најлошиот начин за фрлање пари за џабе...пари кои повеќето ги немаат...па уште на некое тротинетче од 50 кубика? :) бреее....
 
Гаго сите скутери имаат курбла таа не е отфрлена сеуште :). А педалите откога ги отфрли Томос никој ги нема поставено. А шо уба работа се... Возиш 50 и врти на педалите ке крени 60. За на угорница исто така помош да му дадеш на машината ако застани. И најјако... Ако останиш без бензин можеш како точак до дома да го возиш или до најблиската бензинска (наместо да го туркаш).
 
Оди ти тоа објасни му го на тјунеров да рабере дека ако му монтира педали на скутерот многу попрактичен ќе му биде, отколку да го појачува моторот.
 
Оди ти тоа објасни му го на тјунеров да рабере дека ако му монтира педали на скутерот многу попрактичен ќе му биде, отколку да го појачува моторот.
Па незнам колку би можеле педалите да се вклопат во скутер. Сепак преносот различен е отколку кај Томос автоматик. А и седењето е поразлично и тешко ке биде за возење на скутерот на “природен“ погон :)
 
не бе зошто ко во педалинка ќе имаш положба на вртење педали.:hahi::hahi:
 
Еден од мое маало со малце поголема брзина од оваа удри у 101....небеше тој крив 101 му излезе пред него овој дирекно со окулу 100 и кусур удри у него. Типот имаше скршен череп и многу скршени коски, го однесоа во болница и по 2-3 дена почина(бог да го прости).
Па сеа види ти колку е безбедно да се вози со толкава брзина на мотор

Тој од твое маало немаше ниедна скршена коска а имаше пукнат череп и почина,многу ми е жал што е така (инаку се работи највероватно за мојот прв братучед Штрумф од Топанско?).Инаку иако веќе спомнав дека ми е прв братучед и ми е МНОГУ жал што погина... неможеме и да кажеме дека тука нема и негова кривица нели?Сепак.. да се вози на улицата од топаана кон шутка со 180 и не е баш прилагодена брзина нели?Ние неговите поблиски... си знаеме колку ни значи загубата,а вие љубителите на моторите... научете нешто од неговата грешка.Бог да го прости.
 
Па би рекол дека скршен череп се добива само од возење без кацига. Во право сум?

А колку сака нека е јака машината (или тјунирана сеедно) ви препорачувам низ град да не се силите и занесувате. Сепак може дете да ти излезе, кола стар човек... А да не ви споменувам што се деси низ Битола лани кога моторциклист со брзинско со 160 по партизанска удри количка со бебе која беше туркана од стара жена...
 
Што тјунинг препорачувате за Generic XOR 50?
Ме иритира максималната брзина од 60км/час. Барем да идеше 70 би бил задоволен. Со движење со 50-60 на моменти почнуваш да им пречиш на побрзите возила пред тебе... Само поради таа причина сакам да добијам малку побрз скутер.

Ауспух би завршил работа?

Каков препорачувате, каде може да се стави и која е цената?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom