Двете. Во тим сакам да работам само тогаш кога и другие членови се како што треба. Доколку има забушанти или „приколици“ подобро е да работам индивидуално.
Аууу дефинитивно индивидуалиста. Се нервирам кога работам у група, неслога, карање, никогаш не е по твое. Па уште и кога ќе помислам дека некој комотно, без око да му трепне, може да ми рече: ти помалку се замараше, сеа за да надокнадиш направи тоа и тоа; а нема врска, одма ми се дига притисокот.
Двете. Иако сум неподнослива кога станува збор за работа, па мислам дека никој не сака да работи со мене. Многу сериозно ја сфаќам секоја задача и ако заради некој нешто не ми излезе по планот (а најчесто ми е добар) ми иде да го акнам од земја.
Се трудам да се контролирам, затоа што сепак добро е ако се сопнеш да има некој да сака да ти помогне. А инаку туѓи грешки не ми смета да поправам. Додека јас не згрешам заради некој друг, супер сум
Сакам се шо праам да биде по мое. Нејќам никој да ми се меша и да ми труби доколку згрешам нешо. Сум пробал неколку пати да бидам тимски играч, на крајот секогаш ја сум го јадел подебелиот крај.
морам да признаам дека многу повеке сакам да работам индивудуално,затоа што друго е кога јас сама ке направам нешто, а друго е кога ке има луге кои најчесто се неодговорни и влечковци па се сакаат да направат во последен момент. ако луѓето се ок, тогаш не се бунам си работам тимски и си уживкам
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.