ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Ako veke pisuvaat tuka neka ima nekoj odreden limit so i kako stavaat, eve na primer kako moze da slika od grafit kaj so se bara sloboda za ubijcite na Sazdo da ima mesto na temava?
Нема место, избришано е мислењето. Наредно кој ќе постави такво нешто - бан.
 
Едниве се жалат на национална мржња, а како група слават што убиле дете и веат транспаренти на Џемо Хаса. Другиве зборат за племиња и шпонови, и се бунат кога Шверцери пробуваат да начнат нормален муабет. Со ваков ум, непријатели не ви требаат, сами на себе сте си доста.

Назад на Тифо, ради вакви работи ФА и ЦПБ ми е пошмекерско дерби од скопските. На утакмица има пецкање, зезање, па и инциденти. И во двете групи има турлитава од националности, религии. Али после дерби може да се седне на кафе, да се игра фудбал, да се дрогира заедно. Никој не се сфаќа пресериозно (освен ако не си 12).

Кога ги читам коментариве овде "тие графити се на наша територија - пратете збор до одговорните кај вас" или "прашајте го другар ви во затвор како помина", "вас ИВЗ ви ја спречи војната меѓу клановите, нас МПЦ не не смирува" мислиш Пјетро Савастано и Чиро Ди'Марцио преговараат за нарко-пазарот во Наполи. Без навреда, али во лош филм сте влезени.
 
7 навивачи на Паок загинуваат во сообраќајна несреќа во Романија возејќи кон Лион за мечот во четврток, 3 се повредени, но според состојбата на колата на видеово и сликите, вистинско чудо би било да се спасат.
Секој еден што бил на гостување, барем еднаш, после видеово се осетил лошо, тргнале со цел да го бодрат својот клуб, за гордоста и честа на групата, градот, државата....
Еве пошто никој до сега не напиша, иако ривали во секоја смисла, јас сум за да се покаже големина и да се извади парола, нека почиваат во мир.
 
Секој еден што бил на гостување, барем еднаш, после видеово се осетил лошо, тргнале со цел да го бодрат својот клуб, за гордоста и честа на групата, градот, државата....
Еве пошто никој до сега не напиша, иако ривали во секоја смисла, јас сум за да се покаже големина и да се извади парола, нека почиваат во мир.
Neka pocivaat vo mir, zalno e so nekoj nasi vidov se raduvaa na vakov nastan no sepak parola stvarno ne znam, iskreno ne veruvam deka ne daj Boze vo obratna situacija nekoi od niv ke izvadi parola za nasi luge. Ednostavno ne mrazat premnogu. Ama so pokazuvanje na respekt i kako dobar gest, veruvam deka ne bi imal nikoj nisto protiv. Sepak e ogromna tragedija koja na sekogo moze da mu se sluci.
 
Секој еден што бил на гостување, барем еднаш, после видеово се осетил лошо, тргнале со цел да го бодрат својот клуб, за гордоста и честа на групата, градот, државата....
Еве пошто никој до сега не напиша, иако ривали во секоја смисла, јас сум за да се покаже големина и да се извади парола, нека почиваат во мир.
Напротив никогаш не би се согласил за парола. Сабајле прочитав дека во крвта на возачот било пронајдено кокаин и марихуана, тргаш на пат каде ја поминувааш пола Европа и те вози некој пијан и дрогиран. И да не е така неможам да се сожалам на некој што цел живот не негира како нација како народ. Далеку од тоа дека се ситам, греота млади животи згаснале се тоа стои ама далеку дека нешто се трогнав. Можеби за некој ќе бидам глуп и ограничен ама вадењето парола за грци поготовоо поготово за Паок ќе биде само непоштовање по себе.
 
Зошто сочувство и зошто тоа не е слабост ?
Во навивачкиот свет постојат правила кои не се пишани, но се силни. Едно од нив е јасно кога има смрт ривалството престанува.
Никој од нас не заборава вековно негирање на македонскиот народ,
политиките што ја удираат нашата нација, идентитет и црква.
Тоа не се брише, ниту се релативизира.
Но трагедијата што се случи не е политика.
Тоа се изгубени животи. Навивачи. Луѓе.
Во ултрас менталитетот, почитта кон загинат навивач не значи капитулација, туку чест.
Сочувството не е прифаќање на туѓи ставови тоа е признавање дека болката е универзална, без боја, без знаме.
Ако ние не го почитуваме тоа правило, тогаш го губиме моралниот кредибилитет,
стануваме исти како оние што ги критикуваме ( да биде јасно дека се разликуване од доларите ),
го понижуваме сопствениот навивачки идентитет.
Да покажеш сочувство не значи дека простуваш, туку дека не ја губиш човечноста А навивач без човечност не е ултрас.
Како православни христијани, ние знаеме смртта ги израмнува сите
Молитва и сочувство за покојник не се политички чин, туку духовна обврска.
Ова не е слабост, туку внатрешна сила да останеш свој и кога е најтешко.
не значи прифаќање на негаторски политики
не значи откажување од македонскиот идентитет не значи крај на ривалството;
не значи заборавање на неправдите.
Го разбирам секој што има отпор.
Гневот е разбирлив. Историјата боли.
Но силата на една група не е во тоа сите да мислат исто,
туку во тоа да знаат зошто нешто се прави.
Ова не е отстапка.
Ова е порака дека ние сме поголеми од моментот, поголеми од омразата.
Паролата за сочувство не ја брише историјата.
Таа само покажува дека Комити имаат кодекс, чест и достоинство.
Ривалството ќе продолжи.
Ставовите остануваат.
Но човечноста таа не се преговара.
 
Ривали можат да бидат две навивачки групи или два клуба неможе ривали да бидат две нации. Разликата меѓу доларите и моменталнава ситуација е тоа што ние не ја славиме нивната смрт ниту пак се ситиме, едноставно не ме засега што им се случува, да направиме разлика меѓу ривали и душмани. Они тебе те признаваат како група навивачка не те признаваат како народ, една мала паралела да направиме ова се да се случеше во Србија мислиш ли дека една група во Хрватска ќе извадеше парола или обратна ситуација. Мислам дека баш и ради таа причина зошто сме предобар и премек народ без само поштовање никој не не сфака сериозно.
Ставовите остануваат а ривалството не постои.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom