ТИФОМАНИЈА!

  • Креатор на темата Креатор на темата 87_47
  • Време на започнување Време на започнување
Ништо не признав и нема никаков пресврт, што беше беше, додека вие бевте организирани и на повик, ние бевме раштркани, муабет лево десно и се изгуби осет кој каде е, плус умор од пат и тензии со џандари цел ден итн… наша непретпазливост. Како што пишаа, сте не поминале на бенинската и сте се поставиле во сендвич позиција, па која кола да застанела ќе била сардисана од секаде чим ќе запре. Да сте не нападнале на бензинската би било поинаку, зашто не го направивте тоа?
Добро брат олабај се, да не почнуваме пак.
Таман е :ајнапиво:
 
Наместо толку да се става акцент на тие брканици со коли, фрлање бакљи, застанување автобуси, па овие ги бркале, овие не застанале, после овие застанале ама па другите избегале и така во круг до заклучување на темата, мислам дека треба повеќе да обрнеме внимание на работите што заеднички ни се проблем на секое гостување.

Прво Комити влегуваат дури на полувреме, ова никаде во ниту една држава и во ниту еден спорт не знам да се случува освен кај нас.
Има луѓе ден од работа бараат, можеби и дневница губат, се клацкаат четири саати до Битола, поради неспособна полиција и цела организација навиваат само пола саат и после ајде назад пак четири саати тормозење.
Мора заеднички да се спротиставуваме на овие работи, денес биле Комити, утре ќе бидат Чкембари, задутре некоја трета група, сигурен сум дека ова дирекно влијае на бројката на луѓе што одат на гостувања.
Некој што прв пат оди на гостување, ништо чудно да му биде и последен, само поради вакви работи.

Второ девојчето што беше погодено со предмет и заврши со раскрвавена глава, АПСОЛУТНО ЗА ОСУДА.
Само и другата страна треба малку да стави прст на чело, многу често и од обичната трибина летаат секакви предмети накај Комити, многу пати и први почнуваат, обично никој не им враќа, ама никогаш не знаеш, со таков однос неизбежно е некогаш да се случи вакво нешто или не дај боже поголема беља.
Не може ако ти фрлаш, да очекуваш никој да не ти врати, нема да се изненадам и ако искочи на крај дека девојчето што беше погодено, прво паричката да била фрлена накај Комити, а после некој да ја вратил назад.

Истото важи и за Чкембари кога гостуваат во Скопје, памет во глава, важи за двете страни, да не се доведеме во ситуација да гледаме дерби натпревари само со домашна публика, ќе биде после плачење.
 
Нека отворат дева мариите од Битола кај германецон Фин на инстаграм, да видат дали обичната публика не фрла со предмети кон Комити и дали не почнале први да фрлаат :D
 
Се разбира дека полицијата е жртва. Они смеат да маваат со пендраци, да се закануваат, провоцираат ама ти НЕ МОЖЕШ се спротивставиш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom