Возиш од Битола излез према Плетвар, за Скопје.. навечер, магла, сообраќај од две страни, некој ти блендира (блица што би рекле другариве од Битола) и ти треба да знаеш дека се Чкембоси и треба да исечеш пуна линија да се вратиш, како на ГТА Сан Андреас.
Чкембоси, ,мислам дека малце претеравте со овие теории, како да сакате да се вадите за вашата екипа што се повлекла кога застанал автобусот. Малку како закаснето и напумпано. Голф и Шкода од Скопје возеле 330 на саат на плетвар, па 20 минути горела ваша бакла (дали една бакла 20 мин или 20 бакли секоја минута). Такви некои муабети.
Бусот застанал и излегол, исто како вие што сте направиле минатата година... како тогаш вие победници пошто сте излегле од бус, а сега во иста ситуација Комити онака само застанале и бркале воздух ?
За со коливе, сте требале да се јавите, и да падне договор и готово.
Иначе, последниве години, знаеме дека покрај бус, доаѓате комбиња често и коли, во неколку наврати и вие бевте 10-15 коли. Со бркање приватни коли, мислам дека си отварате не потребно нова беља, зашто у Скопје пред уткамица има 20тина коли со БТ таблици а сеа вака навечер и дерби ќе ги измешате работиве да не се знае кој е кој. Да знаете дека у Скопје е по густ сообраќајот, поише фаќа гужва семефори, раскрсници, булевари, па така ќе биде отежнато искачањето до прва патарина . Може едино да фатите према Тетово да барате спас, али и до Ѓорче има многу семафори.
Може уште од сеа да си ги чипувате колите, за до пролет, има време, да ви бидат по спремни уште од старт. Пошто ако сакаме да ве бркаме со коли низ Скопје, осеќам дека ќе спиете у East Gate Mall.
Мое мислење дека ова со коли ќе испадне на гпупости али ајде. Што би рекол еден ваш член некој ќе ојде курбан.
Него и двете групи, односно и сите останти, реално е да превземат нешто, со ова доцнење и намерно задржавање на гостинска група, внесување на полувреме.
Примери има многу., од соседството прво, групи со многу поголема бројка гостуваат од ПРВА МИНУТА гледаат дерби, од почеток . Во исто време , домашна група и гостинска, влегуваат на стадион / или во сала, нормално од различни страни, значи цела утакмица ја следи и гостинска група, не пола утакмица.
Како тоа таму може да функционира само кај нас не. Сериозна работа која и натаму трае а не праиме ништо.