The Witcher

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.422
Поени од реакции
20.125
TW.jpg
The Witcher е научно фантастична серија снимена за потребите на Netflix, а базирана на книгите на писателот Andrzej Sapkowski. Во кратки црти, серијата се базира на главниот лик Geralt of Rivia ( Henry Cavill ) мутант ловец на чудовишта и вештерки, кој со своите натприородни моќи и својот меч пробува да го најде патот помеѓу луѓето кои на крај испаѓаат поголеми чудовишта од оние кои и самиот го лови. Серијата изобилува со прекрасни пејсажи, фантастички битки и борби, како и фантастична кореографија,костими, шминка итн.
Доколку сте љубители на серијалот Game of Thrones како и гејмери кои посветиле барем дел од своето време на серијалот игри со истиот наслов, тогаш ви ја препорачувам серијава.
Одлична понуда од Netflix за новогодишните празници :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Само што ја изгледав првата епизода, и ми легна како што сакам. Забавна, ни малку досадна за гледање, малку крвава (ама немам гајле), со ок дијалози и приказна. Ова е впечаток од прва епизода, сега сум со ниет да симна втора.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Ја изгледав само првата досега, ок ми е, сеуште немам некој wow впечаток, но од една епизода не се вадат заклучоци.
Хенри ми е ептен Гералт, супер погоден кастинг тука.
Нешто што прочитав по критикиве и што и јас имам замерка во првата епизода е што во исто време течат повеќе приказни што се одвиваат во разни временски периоди, што мене не ми е толку проблем што сум запознат со материјалот и знам што и како отприлика се случило.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.290
халмарк
Автоматски споено мислење:

Доколку сте љубители на серијалот Game of Thrones како и гејмери кои посветиле барем дел од своето време на серијалот игри со истиот наслов, тогаш ви ја препорачувам серијава.
Скроз не.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Јас сум до 4та епизода.
Ги укапирав тајмлајните во првата епизода дека девојчето и Гералт се во различни, Ренфри кога спомна дека бабата сега ја освоила првата битка. И за некој што нема поима кој е кој, ако се прати асално серијата се објаснети работите, бар досега.
 
Член од
28 ноември 2009
Мислења
4.857
Поени од реакции
7.073
Прегледај го приврзокот 225954
The Witcher е научно фантастична серија снимена за потребите на Netflix,
Ја гледав до 4 епизода, баш денес ја прокоментиравме со другарче кое ги има играно игрите од серијалов, и нему не му се допаѓа тоа што нетфликс си тера пропаганда дека стигне, нема вака да биде серијава, има доста потенцијал ама со гурање на феминизам и црнци у секој можен аспект не бива ...

Серијата треба да ни ја доловат според оргиналната приказна, не да си измислуват глупи карактери и да мењат делови од приказната како им одговара...
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.143
Поени од реакции
23.248
Ја гледав до 4 епизода, баш денес ја прокоментиравме со другарче кое ги има играно игрите од серијалов, и нему не му се допаѓа тоа што нетфликс си тера пропаганда дека стигне, нема вака да биде серијава, има доста потенцијал ама со гурање на феминизам и црнци у секој можен аспект не бива ...

Серијата треба да ни ја доловат според оргиналната приказна, не да си измислуват глупи карактери и да мењат делови од приказната како им одговара...
Аман па од тие шо ги играле игрите, јак ташак. :D Ни игрите не се по книгите, ама то во ред е некако а. Еве мене ништо не ми менува дека смениле нешто, серијата пак супер си е.
 

Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
мене ме избунија со тајмлајниве, особено со 4-тава епизода...некои да објасни во кратки црти, кој, што, како, кога и каде? :D
барем останативе 4 да сум во тек..:ROFLMAO:
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550
Тапа е, тешки клишеа, глума осредна, дури ни борбите не се нешто посебно. Една епизода и доста е.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Може сум прв што направи бинџ на цела сезона. :pos: :pos: :pos:

Играта ја имам играно, книгите ми се во план да ги читам.

Кастинг:

Гералт: 10/10 За разлика од другите кои се помалку познати Henry Cavill е светска ѕвезда и реално се гледа разлика во изведбата(и самодовербата). Дополнителен плус е што и самиот е фан на Witcher серијалите, а и од интервјуата се гледа дека е посветен.

Јенефер: 7.5/10 Солидна глума, но мислам дека можеше да биде многу повеќе. Јенефер заедно со Гералт и Сири се најбитните ликови и мислам дека за нивниот избор требаше да посветат највеќе напор. Од друга страна доколку земеа уште едно познато име покрај Cavill прашање е колку ќе имаат ресурси(читај пари) за други делови од серијата

Мислам дека требаше да изберат малку постара актерка за Јенефер и ќе беше убаво доколку е од словенско потекло(Полска, Чешка, Балканот) некако ми пречи што актерката е со индиско потекло. Дури и бела британка ќе беше океј.

Ова погоре за физичкиот изглед додека за глумата повеќе sassy attitude мислам дека е она што недостасува.

Сири: 8.5 Реално немаше премногу шанса да блеска сепак е прва сезона и актерката е релативно млада. Немам премногу што да кажам очекувам во втората сезона да се истакне повеќе.

Јаскиер: 9/10 Еден од позанимливите ликови и мислам дека имаат добра хемија со Cavill

Каланте: 9/10 Досега го немав сретнато овој лик али глумицата се истакна над другите ликови.

Трисс: 3/10 Лош избор и лоша глума немам желба ни да образложувам од што сум разочаран.

Задоволен сум од сценографијата, изведбата на борбите, специјалните ефекти и нормално приказната.

Една од поголемите замерки е што за особи кои немале контакт со игрите или книгите работите може да бидат збунувачки бидејќи во првата сезона не се посветува доволно време да се објасни што е/како функционира магијата, кој е/што е witcher и ред други детали со кои фановите се запознаени но се шпанско село за некој кој немал претходен контакт.
 
Последно уредено:
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Видео играта е арна, ама не е за мене пошто сака да си невработен и по цел ден да играш. А серијата дефинитивно ке симнеме некоја епизода да ја зирнеме.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Видео играта е арна, ама не е за мене пошто сака да си невработен и по цел ден да играш. А серијата дефинитивно ке симнеме некоја епизода да ја зирнеме.
Тоа можеш за било која игра да го кажеш :pos: :pos: :pos:.
Инаку играта е single - player па би рекол дека е совршена за луѓе што имаат ограничено време можеш да зачуваш прогрес и да продолжиш кога сакаш е сега како и секоја друга занимација треба да имаш дисциплина да знаеш кога е доста.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
мене ме избунија со тајмлајниве, особено со 4-тава епизода...некои да објасни во кратки црти, кој, што, како, кога и каде? :D
барем останативе 4 да сум во тек..:ROFLMAO:
Сири е сегашноста, нејзините дешавки се реално време.
Гералт почнува со моментот кога кралицата, бабата на Сири, ја освојува првата битка. Во 4та епизода веќе имаат поминато неколку декади и таа има ќерка, мајката на Сири. Гералт и Сири се поврзани со тоа законот на изненадување што го зборат, зашто тој го спаси животот на таткото на Сири.
Јенифер почнува пред Гералт, на советот кога одлучуваат која каде ќе биде советник кажаа дека Каланте не е уште кралица. Ова со бебето што умре и порталите и сама кажа дека е 30 години покасно.

И јас сум до овде стигната. Претпоставувам ова до крај на сезона ќе се изедначи и тројцава ќе се сретнат некако.
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Тоа можеш за било која игра да го кажеш :pos: :pos: :pos:.
Инаку играта е single - player па би рекол дека е совршена за луѓе што имаат ограничено време можеш да зачуваш прогрес и да продолжиш кога сакаш е сега како и секоја друга занимација треба да имаш дисциплина да знаеш кога е доста.
Темата е серијата, не играта :tapp:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom