The Witcher

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
мене ме избунија со тајмлајниве, особено со 4-тава епизода...некои да објасни во кратки црти, кој, што, како, кога и каде? :D
барем останативе 4 да сум во тек..:ROFLMAO:
Би се надополнил на МАЈА дека кога ќе ја изгледаш сезоната се појаснуваат работи кој е/што е/каде е. Ова ми беше една од замерките за креаторите на шоуто како storyteller не треба читачот/гледачот да не знае каде се наоѓа освен ако нема некоја виша цел со тој стил.

Се на се првава сезона е повеќе backstory се обидуваат да го воспостават светот, а се ограничени со време тек од втора сезона најверојатно ќе има реален развој на приказната.
 
Nik20

Неверификуван член од немаштија
Член од
13 јули 2009
Мислења
5.331
Поени од реакции
6.236
Ја изгледав ноќеска. Мене ме бендиса, убаво е скоцкана, макар да немам прегледност на географските локации, кој каде се наоѓа како се движи. Тајмлајнот после 4та епизода и мене ми се разјасни па можев да следам подобро, ми се врзаа приказните на ликовите.
 
|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.560
Поени од реакции
6.673
Како голем фан на игрите и приказната за Witcher and the Wild Hunt одлична прва сезона, иако немав големи очекувања и бев скептичен за кастингот , не за Кахил туку остала багра ама за срека соодветно ги представија карактерите. Зборам Јенифер и Сири.

Е сега едниствена црна точка е усвари блек вашингот/social justice Нетфлис пропагандата каде што се става премногу фокус кај што не му е местото , пример Трис Мериголд и Фринџила се актери црнци каде што благе везе нема у книгите поготово у игрите.

Али сето тоа е во сенка сооглед како Кахил изгази играјки ја главната улога, начинот на борба , сарказамот и гласот му се погодени апла, само уште фацата да му ја сменат со Мадс Микелсен и би бил перфекција али и овака е топ.

Одлична прва сезона.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Многу млитаво направено, џабе помпа се направи вака така серијата. Една епизода изгледав, премногу ефтино изгледа се, многу лошо. Кога ќе вплетка прсти нетфликс да прави серија па пропаганди тера меша брзини. Јок.
Кој има време за губење на серијава нека ја гледа. А мене ми изгледа како некој се обидувал да направи нешто, а незнаел што прави на крај, тоа е само неуспешен обид за лоша серија.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
Голема грешка правите со тоа што судите на цела серија според првата епизода. Секако дека се работи за ваше слободно време и самите треба да донесете одлука дали ќе го трошите за да и дадете шанса на серијата, ама јас би рекол дека вреди. Првата епизода е малце тапа, втората е подобра, ама од трета епизода па натаму е врв.
 
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

Ај да погледаме уште некоја епизода, сите викаат од трета натаму се средува серијата и добива насока. И така нема што друго да се гледа. Само не очекувам ова да се претвори во Game of Thrones.
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Како фан на фантази жанрот, серијава ми се допадна, имаше добро темпо, и исполнета со дешавки и акција.
Е сега, пред да испадне серијава, читав демек ако сте фанови на Гејм оф тронс, ќе ви се допадне серијава, што е далеку од тоа. Слични жанрови ама многу различни серии, ако почнеме од продукциски куќи, до актери, до 300 глупости, од авион се гледа дека ГОТ е далеку поквалитетна.
Во Вичер, освен Кавил што може да се смета за глобална ѕвезда, скоро сите други на екран и позади сцена се да речам анонимуси, и тоа се одразува на квалитетот серијата.
И покрај тоа, скоро сите суштества, чудовишта и специјални ефекти беа одлично прикажани, со супер CGI, шминка и простетика.
Не е нешто WOW, ама од мене има препорака.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.123
Поени од реакции
15.937
А пак ГоТ што беа познати актериве пред серијата, на многумина да не збориме дека прва улога им беше.

Не знам зашто споредбиве кога сосема различен вајб мава оваа серија и нема врска со ГоТ. Ај сите фантазии со ГоТ да ги споредуваме и да не им даваме шанса од старт, дека така прекрасно заврши тоа ремек дело. Јас ќе кажам да се надеваме дека нема да е ГоТ накрај.
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.420
Поени од реакции
7.759
оверхајпната серија.
Океј е, над просек, ама дека е нешто wow, не би рекол.
Туку прва форсирана и сериозна серија им е ова на Нетфликс од овој жанр, и онака, таргетираа уште една поспецифична публика којашто до тогаш многу малку ја имаат "задоволено", и затоа претпоставувам многу од впечатоците се WOW.
Генерално сега за сега(до 4та еп) ми е само надпросечна серија, иако не сум фан на тој жанр, и ништо повеќе.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.777
Поени од реакции
8.214
таргетираа уште една поспецифична публика којашто до тогаш малку ја имаат "задоволено", и затоа претпоставувам многу од впечатоците се WOW.
Да. За мене е невозможно да бидам објективен затоа шо првите две книги(Last Wish и Sword of Destiny) ми се негде на врвот во high fantasy жанрот, а игрите, особено третиот дел, скроз на врвот. Тука и надминат е моментот на збунетост со тајмлајнот, учење на ликовите и локациите, магиските концепти...

Останува само оценката за како се тоа е „пренесено“ на екран. И супер е пренесено. Кевил е ѕвер. Полека ми станува еден од поомилените актери во Холивуд. Кастингот на Јенефер е тиња, ама тука завршува замерката, затоа шо индијката искина. Сири е супер, Каланти е супер, Дендилајон е супер, Мауссек е супер. Трис и Фолтест се утнати.
Некој погоре пиша дека изгледала ефтино серијата. Не знам од каде тој впечаток. Сценографијата е одлична, костимографијата е одлична, ефектите се добри...стварно не знам.

Како и да е, ме радува тоа дека не е за сите. Дека нема да ја има популарноста на ГоТ и нема секој мрсулав були да носи маици со написи „Winter is coming“ и ќе остане резервирана за нас, ако сме доволно, некои добри пет сезони.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862

Коментар на место, со тоа што ќе додадам дека авторката на серијата веќе си зема некоја слобода со менување на некои настани и ликови уште на почеток што не сметам дека е добра работа. Д&Д тоа го правеа подоцна, од втора, особено од четврта сезона. На оние кои не се запознаени целосно со сетингот нема да им пречи ама мене не ми се свиѓа пренагласената улога на Фрингила и не е тоа затоа што е црнкиња.

Песничето на Дендилајон (Јаскиер или Невен како што беше именувам во српскиот превод што јас го читав) ептен ми е влезено во глава овие два дена

Ќе видиме. Главната скепса за екранизацијата ми беше колку успешно ќе ги пренесат кратките приказни и ќе ги спојат со главниот наратив. Оти тие се душата на серијалот. Тоа го изведоа солидно.
Нилфгард...не знам, мора да има мост. Да не им спојламе на други, ама пред да го претстават тој шо е тежок спојлер, мора да има еден-два ликови со навидум таква тежина. Мислам дека црнќињата е тоа, навидум The Big Bad, се до веројатно втора сезона. Таа отпаѓа во моментот кога ќе им дојде време на тој лик и...на тие другите.

А песничката, мислам дека и плочките во ВЦ веќе ја научија. :D
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.442
Поени од реакции
20.190

Ја довршив и јас конечно.
Ко некој што е многу пребрлив за серии и барам причини за да не гледам некоја повеќе од што барам причини да гледам, не и најдов некоја поголема замерка и ќе ја продолжувам. Ми се допадна накрај како се фино се поврза и мислам дека беше добро заокружена прва сезона, иако немам поима што не очекува после ова. Ми се бендисува и фактот што нема да е замена за ГоТ, има еден куп квалитетни серии кои фала богу не се гледани од луѓе кои немаат некој вкус за серии, па да речеме дека и поарно е тоа за сите.

Toss a coin to your witcher не можам од глава да ја тргнам со денови веќе. И самиот јутјуб ми предлага песни од игрите, конкретно оваа не можам да си поверувам дека е толку добра. Се надевам дека ќе ја има и во серијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom