Јас само дојдов да си кажам дека ја изгледав последната сезона пак, и кога Исус им кажуваше за Ниган, им спомна и дека кога дошол рекет да мава кај нив, убил некое 16 годишно дете. Така да мислам дека ќе го убие Карл, затоа што тоа ќе ни биде ептен голем шок, сосема неочекувано, а и ќе му докаже на Рик колку е безмилосен, па овој ќе си седи мирно за да не ја убие и ќерка му.
Од друга страна, ако го убие Глен, ќе биде онака ,, мех ,, и сосема провидно , затоа што на сите ни е смачено само да се извлекува од смрт како мачка со 9 животи, и нема да биде никакво изненадување...
Така да јас сум 90% дека е Карл, 10% Глен, па ќе видиме...