Знаев дека една од Керол или Бет жива нема да замине од болницата, но некако на цела добра сезона досега, ова полуфинале ми беше слабо, спрема ланското на пример, прво коа беше поенатата Бет да биде убиена, нит разбрав шо сакаше она да постигне, некако целата сцена ми беше безвезе изведена.
Штета за Бет, но Керол е секако покорисна за групата, а штета и за Меги, таман малце радосна ја видовме, и типично а видиш среќни ликови у серијата знаеш дека нешто лошо ќе им се деси. Сега Меги веќе нема ништо повеќе од фамилијата, сестра и и татко и беа едиствените по настаните на фармата.
Не знам како ќе се одвива сега во вториот дел сезоната, или ќе има некоја сосем нова приказна, или Рик како што е заебан оваа сезона ќе реши да оди во осветнички поход па ќе ги испотепа сите во болницата.