- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
Првиот ден, после смртта на своите родители, во кој Елена се враќа во училиштето, таа замислува да стави нов почеток во нејзиниот живот, но всушност од тој момент започнува да тече времето на динамичен хаос и мистерија. Деновите Елена ги поминува расправајќи се со проблемите на својот мал брат Џереми, и силното привлекување кон новиот ученик. Стефан Салватор е привлечен, но истовремено околу него се појавува сомнителна мистерија, која ја влече како магнет кон себе главната женска улога. Длабоко скриената вистина, дека тој е вампир и нескротливата желба за да ја вкуси крвта на Елена не остануваат за долго исти. Наскоро во сосема малиот, иначе потполно спокоен град, започнуваат да се случуваат ужасни нешта, за кој Стефан тврди дека нема ништо поврзано со тоа. Се‘ повеќе жртви навечер се појавуаат, додека не се открива дека позади тоа стои неговиот сопствен брат - Дејмон.