И она беше од такво семејство - веројатно Криси имаше само стандардно однесување на еден маж во фамилија.
Во епизодата од 5-та сезона во која шмркаа кокаин со Тони и им се случи сообраќајната несреќа поради ракунот кој им се појави среде патот, Тони спомна кај психијатарката дека Адријана делумно гледа на нејзе како на татко бидејќи нејзиниот татко си заминал, е сега кога и како заминал не спомнува.
А во втората сезона Адријана го откачи моронот во една епизода и си замина кај мајка и`, но за жал се смирија набрзина во истата епизода и му се врати.
Од друга страна и Кристофер беше во право откако ја убија кога спомна дека можела да одлежи 5 години затвор за дрогата и со тоа да ја заврши кодошката приказна.
Од трета страна, Тони беше во право во истата епизода со сообраќајната несреќа кога му спомна на Кристофер дека девојката е чиста 10-ка, а тој - Кристофер - во најдобро можно сценарио е само просечен.
Сепак сите аргументи водат кон истиот заклучок: Адријана заслужуваше подобро.