џимеј
џимилино
- Член од
- 4 март 2007
- Мислења
- 10.406
- Поени од реакции
- 25.269
Според мене Арти отсекогаш потајно беше во заблуда дека за да практикува патријархат во неговата фамилија треба да стане алфа маж како Тони Сопрано, и дека тоа е вистинскиот рол модел за еден сопруг и татко, но она што тој не можеше да го сфати е дека Шармејн го сакаше баш онаков каков што е, и тука секогаш Арти се обидуваше да се бори со ветерници па ете накрај и изгуби. Имаше тој и ретки добри потези (секако, сите беа поттикнати од жена му), особено кога отиде да се соочи со Тони да не го убијат педофилот тренер, иако Тони ѝ ги препиша заслугите на Мелфи за тоа дека треба да добие награда од општината дека спасила човек, но мислам дека и конфронтацијата со куварот имаше улога тука. Мене Арти отпрвин ми беше симпатичен лик и целата таа приказна околу Везувио ми е баш она my cup of tea. Симболично, крајот од прва сезона, откако претходно Шармејн рече дека не планира новиот ресторан да е дувло на мафијаши, заврши тотално спротивно - во ресторанот немаше регулар фолкс вечерта кога фати невреме. Сиот кеш од таа вечер е чисто дека „мафијаши“ ѝ вечераа на Шармејн.