The Sopranos

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.277
Еднаш сум рекол и пак ќе кажам....никогаш не требаше да влегуваат во овие води со филмови и глупости.

Само го уништуваат реномето на серијата.
Никогаш ништо нема да го уништи реномето на серијата.
Затоа филмов ќе се пропушти, како што се пропушти филмот Ел Камино за Брејкинг Бед.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.237
Поени од реакции
5.252
Никогаш ништо нема да го уништи реномето на серијата.
Затоа филмов ќе се пропушти, како што се пропушти филмот Ел Камино за Брејкинг Бед.
David Chase...he couldn't fucking sell it...he's not respected
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
David Chase...he couldn't fucking sell it...he's not respected
Не е почитуван од тој екипаж. За нив е крт кој само чека да се ували. Не му веруваат, го потценуваат. И како капак врз сето тоа, го имаат Ралф кој им се моча во ушите. Уште малку време и ќе имаш бунт на плеќите.



Боби Бакала убаво им става до знаење дека шефот руча, а дудлачот Ричи Априле му го расипува апетитот. А малиот Џеки Априле, ако не го убиеја и ако му простеа, кога го гледам во ваква сцена си помислувам дека немаше да се опамети, ќе си продолжеше по погрешниот пат.

Јуниор дефинитивно беше и останува најзабавниот и најхаризматичниот лик во Сопранови, му нема рамен.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.835
Во филмов Џуниор е претставен многу добро, со целата малодишност, злоба и комплекси. Актерката што ја одигра Ливија исто страшна работа завршила, за разлика од тој што го играл Сил на пример, што претерал со имитација на манирите и гримасите.

Филмов може да се каже дека е утка, ама бидејќи има уште материјал и временски простор за обработка , наредниот( спомнат меѓу редови) би можел да ја оправи работава.

Едноставно е претешко да се напикаат сите оние ликови и приказни од серијата во еден филм.
 
Член од
23 мај 2013
Мислења
2.237
Поени од реакции
5.252
Не е почитуван од тој екипаж. За нив е крт кој само чека да се ували. Не му веруваат, го потценуваат. И како капак врз сето тоа, го имаат Ралф кој им се моча во ушите. Уште малку време и ќе имаш бунт на плеќите.



Боби Бакала убаво им става до знаење дека шефот руча, а дудлачот Ричи Априле му го расипува апетитот. А малиот Џеки Априле, ако не го убиеја и ако му простеа, кога го гледам во ваква сцена си помислувам дека немаше да се опамети, ќе си продолжеше по погрешниот пат.

Јуниор дефинитивно беше и останува најзабавниот и најхаризматичниот лик во Сопранови, му нема рамен.
Анкл Џун го имаше најдобриот завршеток во серијата, ја стекна титулата дон, не заврши во затвор...сакам да се навратам на зборовите на Тони, да се сеќаваме на убавите ствари во животот на Анкл Џун само тоа му остана, сеќавањето како игра ,,catch" со неговиот внук.
 
Член од
6 јануари 2020
Мислења
326
Поени од реакции
320
Едноставно е претешко да се напикаат сите оние ликови и приказни од серијата во еден филм.
Но не е само тоа проблемот. Целиот филм се ротира околу расна проблематика во 60тите а не доволно околу активностите и животот на криминалната фамилија од Џерси. Тој црнецот Харолд воопшто не е битен, не му е ниту даден контекст и позадина. Содржината е комплетно брз врска. Џунир е добар кастинг, Ливиа и Дики. Но не направија многу со ликовите, приказната е безвезе и многу слабо развивање на карактери.

Ја сум разочаран од филмот. Но дефинитивно не го уништува реномето на серијата. Ова ќе се заборави, Сопранос ќе остане.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Одлична лекција по не-сакање на Евреите.

Не би се согласил дека стануваше збор за анти-семитизам, но од своето лично искуство со Евреи од типот на Хеш, Тони беше одлучен да ја држи ќерка му настрана од Евреите.

И иронично, на крајот испадна во право, лиглето со витканата коса си ја имаше својата ноќ во која уживаше во девственоста на ќерка му, и потоа експресно ја откачи.

Лиглето имаше среќа бидејќи Медоу не отвори уста за неговиот однос кон нејзе, бидејќи најверојатно тој нареден ќе си дочекаше да му го згаснат светлото.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.251
Поени од реакции
3.176
Филмов сите го ругате и пак ми иде да го гледам.
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.294
Поени од реакции
45.835

Од сите примери за тоа како не треба у живот, а ги има премногу, за мене Арти беше убедливо број 1
Мало, завидливо, искомплексирано човече без муда и кичма . Нешто како Џуниор ама без капацитет за насилство.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570

Од сите примери за тоа како не треба у живот, а ги има премногу, за мене Арти беше убедливо број 1
Мало, завидливо, искомплексирано човече без муда и кичма . Нешто како Џуниор ама без капацитет за насилство.
Чиста вистина, мораше да има некој како Артур Буко во серијата за да послужи како пример за тоа како не треба.

Во првата сезона Тони се потсети на Роко Алаторе, кој му должел пари на татко му Џони Сопрано, а подоцна си започнал свој бизнис во Невада, каде што се збогатил.


Ливија не му дозволила на Џони да се преселат со децата, со што според Тони, ставила крај на било каква надеж дека можеби ќе излезе од светот на организираниот криминал и ќе тргне по правилниот пат за себеси и за своето семејство.

Арти од друга страна па цело време сакаше да оди по погрешниот пат, сакаше да биде во друштво на Тони и неговите криминални партнери, а токму жена му Шармејн го држеше настрана, во 3-та сезона го остави откако тој сакаше да и` се прави силен и му ги зеде децата, а се смирија во последната 6-та сезона, кога сите глупости и грешки на Арти излегоа на виделина.

Откако отвори конкурентскиот ресторан Да Џовани во 6-та сезона, Арти почна да губи муштерии, а Тони убаво му кажа дека треба повеќе да се фокусира на кујната, а помалку на муабетење со муштериите. Токму неговите обиди да и` се ували на мафијата на крајот му донесоа проблеми кога тој лигушот Бени почна да му ги ограбува муштериите преку кредитните/дебитните картички.

Жена му Шармејн е личност за почит, таа е единствената причина и единствена заслужна зошто Арти не пропадна, треба да се прави посебна серија за нејзе и за патот по кој тргнале нивните деца, несомнено исклучиво по нејзина заслуга. Интересно беше кога во првата сезона и` кажа во лице на Кармела дека спиела со Тони кога биле средно, откако Кармела се обиде да ја искористува и да ја третира како слугинка.

Споредбата е неверојатна, а тотално асиметрична - Ливија не го остава Џони да излезе од светот на организираниот криминал, а Шармејн го држи Арти настрана токму за да не влезе во таквиот свет. Секоја и чест !!!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom