The Prodigy @ Скопски Саем - 08.10.2005

  • Креатор на темата Креатор на темата misos
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Епа народе мој концертот ми пројде вака:
Влез на порти на саем у 8:40 ме нацека приватно обезбедување и полиција. На пола пат до хала видоф НТШ цела екипа у нивните „униформи“ црни елеци, еден од нив ме тресеше, го разочараф :lud:

Чекајки да влезам у хала ги видоф момчињата од специјалните единици (некои од нив со искуство во Ирак и Афганистан) со полна воена опрема и пластични штитови. Ко да ке се крева револуција а не да иде народ да се забавува ама ајт.

Повторно ме проверуваше еден обичен џандар, ај нека работи, додека да му кажам дека ме тресеа од нтш он набрзина ми бркна у ранецот и ме пушти.

И халатаааааа сеуште полуполна/полупразна и таму најдоф еден другар, типот си ги носеше панталоните од униформата (Скорпион), си помислиф ама до кај е работава ама ми кажа он дека е дојден за забава, попат ми текна дека старешини не идат на терен за глупости :)

Одејки да земам пиво ме виде Виртуала, уште еден човек кајганџија што го знам у живо, си напраифме краток муабет.

Инаку музиката почна во 9 саат со сетот на Дарко Степиќ, со ремикс на Move Bitch Get Out The Way, Bitch Move :music3:

По саат сет се собраа сите во халата и се чувствуаше електрицитетот во воздухот. И се појавија The Prodigy. Цел живот ги слушам и сакам и наполно ми ги оправдаа очекувањата. Речиси 2 саати мешавина од нивните нови миксови и стари добропроверени ствари.
Ова беше прв концерт на кој ја соблеков мајцата. Пријатно ме изненади тоа што дури и луѓето што стоеја во галеријата горе скокаа и креваа раце :) За луѓето доле се подразбираше дека сите скокаа.


Пред полноќ заминаа од сцената...
Споменот ке остане засекогаш во срцата на среќните 4000 посетители.
 
Абе Тончи мене да не ме виде таму а, сигурно си ме приметил, зашо незнаев кај терав... :pos:

Инаку концертот беше закон... лудница... брао браоо...

Инаку No Good кога ја рокнаа на кратко само.... видов некоја светлина пред мене.... хехехе јака беше марата...
 
Најдобриот концерт во мојот живот!

Нема многу да објаснувам како и што беше пред да влезам/кога влегов, едноставно ќе кажам едно: Да знаев дека ќе биде толку добро ќе платев и 3000 карта а не 900 денари. БЕШЕ ЛУДНИЦА. Мислам дека немало друг концерт во МКД на кој сите присутни во ист ритам скокале до таван.... Prodigy направија одлична журка!

После ова да одам на Tiesto?! No thnx... (не дека нешто Тиесто е лош...ама не слушам таква музика и не ми се допаѓа атмосферата на такви журки).
 
Стварно беше супер.Ќе го памтам концертов во наредните 30 години ! Да не објаснувам што и како беше, со еден збор ЛУДНИЦА !
 
Па според моја проценка...настапот на Продиџи околу 1 час и 30-40 минути...знам дека слушнав некаде на ТВ или на радио дека најдолго настапиле тука у Скопје (у Загреб и Белград помалку). Леле офчар брате....беше awesome!!!

Ете и Д Бич ти кажува...се видовме таму...
 
Леле каква вечер ми било тоа АУУУУУУ
Пари у мене ама ИЧ, и ете од таму едни другари (шупаци што само отишле на саем дека имало некојси концерт) али ВИП картички и опаа за 10 мин ме внесоа.

Јаден, пиен ижуркан на еден од подобрите настани на кој сум бил ПАПАПАП

Такви вечери ретко се дешаваат. Атмосфера и перформанс ЛУДО
 
Журката беше лудило барем за мене,слушам пуштиле муабет дека ке настапуваат на EXIT 2006,а таму сто посто идам.Иначе највеке одлепив на Wake up,Breath,...а закон им беше што завршија со Out off space.него друго ми беше муабетот,сакав да кажам за стилот они си се такви и никој не може да им каже што да облечат,не може мене никој да ми каже како ја да се носам пред публика или приватно,тоа е мој сопствен избор па и да шетам гол у центар па јас си одговарам не тој што е со мене.А да и за последниот албум што им е малце им мава на рок style али им требаше таква промена за да слушнеме како би звучеле :ija:THE PRODIGY:ija: во тој правец,а мисијата им се оствари во тоа докажа публиката.И уште нешто Liam кажа дека но виот албум што го спремаат ќе биде повторно стар стил брејк бит/техно/вокал...
 
најбољи концерт шо сум бил стварно беше лудница
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom