Да, дефинитивно дијалозите се најјаката страна на серијата. И динамиката.
Најслабата страна се ликовите. Повеќето се еднодимензионални клишеа, како на пример: conspiracy theory Indian nerd во џемпер, фам фатал женска (иако женската мене ми личи на Mr. Potato Head), љубоморен дечко (иако стварно, и после една година не постои никаква причина за љубомора), невозвратена-љубов дечко. Среќа Вил, Чарли и Меккензи се добро разработени и до некаде Слоан од претходната епизода. Само треба на Меккензи да и' се даде повеќе простор, а не да служи само како sidekick и plot-inducer на Вил. Емили Мортимер заслужува поголема можност да си го докаже талентот. И секоја чест за Џеф Даниелс бидејќи треба да си одличен актер за ваков арогантен тип да превориш во крајно допадлив лик. Слично како она што Хју Лори го правеше со ликот на Хаус.
Последната епизода ми беше најдосадна до сега од проста причина што вестите и behind the scenes сегментите беа ставени скроз во втор план, на сметка на ликовите и нивните досадни проблеми кои воопшто не ме засегаат. Плус и малку се претера со америчките клише моменти од типот на 'Татко ми беше во кулата, сега ќе седам на терасата натажено и ќе гледам во далечините' и 'Го убија Бин Ладен, конечно ќе можам да ја ставам капата FD NY која веќе со години ја носам в џеб насекаде со мене токму за вакви итни случаи'.
Other than that, серијата си е одлична и едвај ја чекам секоја наредна епизода.