The Newsroom

  • Креатор на темата Креатор на темата Anon
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто како прво серијата од првата сцена се гледаше дека е политичка али почна како непристрасна а сега се лигави цело време врз либералите а ги напаѓа републиканците.Имаше дури цели 2 епизоди како ги напаѓаат десницата.Серијава прва сезона ако заврши може да е среќна.
HBO веќе даде дозвола за втора сезона.
 
За psy е можеби overdone ама јас уживам во секој поединечен збор од секој дијалог.
 
Да, дефинитивно дијалозите се најјаката страна на серијата. И динамиката.

Најслабата страна се ликовите. Повеќето се еднодимензионални клишеа, како на пример: conspiracy theory Indian nerd во џемпер, фам фатал женска (иако женската мене ми личи на Mr. Potato Head), љубоморен дечко (иако стварно, и после една година не постои никаква причина за љубомора), невозвратена-љубов дечко. Среќа Вил, Чарли и Меккензи се добро разработени и до некаде Слоан од претходната епизода. Само треба на Меккензи да и' се даде повеќе простор, а не да служи само како sidekick и plot-inducer на Вил. Емили Мортимер заслужува поголема можност да си го докаже талентот. И секоја чест за Џеф Даниелс бидејќи треба да си одличен актер за ваков арогантен тип да превориш во крајно допадлив лик. Слично како она што Хју Лори го правеше со ликот на Хаус.

Последната епизода ми беше најдосадна до сега од проста причина што вестите и behind the scenes сегментите беа ставени скроз во втор план, на сметка на ликовите и нивните досадни проблеми кои воопшто не ме засегаат. Плус и малку се претера со америчките клише моменти од типот на 'Татко ми беше во кулата, сега ќе седам на терасата натажено и ќе гледам во далечините' и 'Го убија Бин Ладен, конечно ќе можам да ја ставам капата FD NY која веќе со години ја носам в џеб насекаде со мене токму за вакви итни случаи'.

Other than that, серијата си е одлична и едвај ја чекам секоја наредна епизода.
 
Уште од првата епизода ми беше многу напорна за гледање, а веќе втората епизода ја баталив по едно две-три минути... Не ми треба да гледам серија со ликови ала Латас.
 
Зошто како прво серијата од првата сцена се гледаше дека е политичка али почна како непристрасна а сега се лигави цело време врз либералите а ги напаѓа републиканците.Имаше дури цели 2 епизоди како ги напаѓаат десницата.Серијава прва сезона ако заврши може да е среќна.

Просек, штета што неколку доста добри актери ќе губат време на неа, поготово Џеф.
 
Просек, штета што неколку доста добри актери ќе губат време на неа, поготово Џеф.
Значи едно е да не ти се свиѓа, друго е да кажеш просек и дека актерите ќе губеле време.
8.8/10, 10к гласови, има гледаност во Америка, и е renewed за 2 сезона.
Ова не е просек ниту пак губење време.
 
Значи едно е да не ти се свиѓа, друго е да кажеш просек и дека актерите ќе губеле време.
8.8/10, 10к гласови, има гледаност во Америка, и е renewed за 2 сезона.
Ова не е просек ниту пак губење време.

Премногу политика, и overdone хумор, али имаш право, најверојатно до мене е, обично не се противам на глобалните оцени на IMDB, бидејќи ретко грешат (колку и да не сакаме да признаеме)
 
Да, хуморот е слаба страна на серијата, нетипичен е, добро, можеби типичен за Соркин. Ама пак на вакви ликови токму ваквата чудна смисла за хумор им одговара.

Туку, втора сезона ќе треба да измислуваат настани, за разлика од оваа каде 90 посто од вестите им беа од реалниот живот. Малку тоа ќе го промени концептот и до некаде динамиката на серијата. Можеби затоа го воведоа овој новиот скандал, колку да се оддалечат од вистинските вести.
 
Од неколкуте први мислења одлучив да го изгледам пилотот. Од наредните неколку мислења станав скептичен за продолжението па решив да гледам уште една епизода.

Сега само што ја изгледав 4тата епизода и серијава за мене стана fucking mind blowing! Како што минуваат епизодите се повеќе уживам во неа.
 
1.gif


Maggie's legs :love:
Мех, и оваа и брејкинг бед ме... да речам разочараа не би било праведно но не ми беа доволно интересни во споредба со претходните епизоди.
 
И претходно имам кажано, претерано го тупат со љубовните приказни кои воопшто не се разработени за да ги заинтересираат гледачите. За мене оваа беше најслабата епизода од сезонава, а очекував многу повеќе со оглед на тоа што е претпоследна.

И која е таа женска што му праќа на дечкото цвеќиња во канцеларија?
 
И која е таа женска што му праќа на дечкото цвеќиња во канцеларија?
Па не верувам дека е многу битно тоа, дечкото си излегувал со многу женски по раскинувањата со Меги.
 
Па не верувам дека е многу битно тоа, дечкото си излегувал со многу женски по раскинувањата со Меги.
Абе не дека сакам да знам која е таа женска, туку вака општо не ми се верува дека постои девојка која на дечкото ќе му прати цвеќе во канцеларија. Целиот тој романтичен гест ми е чуден.

Патем, тотално ме загуби заплетот со Нил, троловите, најјакиот сајт за економија, потребата да се инфилтрира за да напише сторија, курвата Слоан итн.
 
Поглупо финале на сезона одамна не сум гледал.

И зошто да има љубовен четириаголник, кога може да има љубовен петоаголник.
 
И тоа ептен нефункционален и неубедлив љубовен многуаголник. Кој одличен почеток го имаше серијава, ама после тоа се тргна downhill.

Многу од ликовите се лошо напишани, и overacted до степен да те иритираат (Mackenzie). А врвот на лошо напишани ликови е Maggie, така да воопшто не ми изгледа реално и не можам да најдам логика зошто Jim и Don би трчале по нејзи. Тотално неубедлива романса.
Друга работа што ме иритира е патриотизмот што се проткајува од епизода во епизода, премногу е застапен за мој вкус, воопшто не мислев дека во тој правец ќе ја движат серијава. Очекував серијата да стави акцент на важноста на објективното новинарство, а не да ни го покажува правилниот начин да се биде американски патриот.
Како и да е тоа е мал проблем во споредба со некои други што ги има серијава (Sorkin веројатно сметал дека токму ваква серија им е потребна на американците во овој период, и не може да му се замери), и може да се проголта се додека дејствието е доволно интересно и ме остава во исчекување, наместо да гледам и само да наоѓам мани. Too much cliche, too cheesy, се надевам ќе им текне да сменат нешто во наредната сезона, сеуште сметам дека има огромен потенцијал серијава.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom