The Newsroom

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Е дека нема тема за серијава....​
Нова серија која се емитува на HBO во Недела. Се збори за презентер на вести Will McAvoy (Jeff Daniels) кој откако ќе каже неколку не толку убави работи за Америка на едно интервју на факултет, ќе биде приморан да направи големи измени на неговото работно место. Шефот (или поима неам шо им е тој) како нов продуцент ќе ја донесе Mackenzie MacHale (за мене феноменалната Emily Mortimer) која што има некакво минато со Will. Во првата епизода ќе има доста тензични сцени и збрки поради новите вработени.​
Серијава е креирана од генијалниот Aaron Sorkin (The Social Network, Moneyball) кој е познат по пишување неверојатни дијалози. Ликовите се феноменално претставени.​
Има 3 епизоди до сега, само првата ја изгледав вчера и дефинитивно ќе продолжам да ја гледам.​
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Ја гледам откако почна пред некоја недела.. абе, нема утка Sorkin, посебно кога се работи за серии (The West Wing, Studio 60 - две од моите најомилени). И The Newsroom е интересна до сега, само би изгледал уште неколку епизоди пред да можам да оформам колку-толку комплетно мислење.

Инаку, убаво напиша Anon горе.. на Aaron Sorkin му нема рамен за создавање ликови и дијалози. The West Wing, човече..
--- надополнето: 10 јули 2012 во 15:02 ---
Сега ја гледам третата епизода.. каков почеток :) Уште стварно да имаше ваква станица/програма..
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Почетната сцена беше врвот. Плус, не ми пречи тоа што серијата е пред се' наменета за Американците, поради обработувањето на почитичките актуелности од 2010-та.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Jeff Daniels, еден од најподценетите актери на денешнината!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Колку само беше најјака последнава епизода...!
Мада, I need more Mackenzie.
Also,
Џим и Меги, убрзај Соркин!
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Ова е прва серија после долго време (од The West Wing и Battlestar Galactica наваму) која не ја гледам само колку да пополнам некој рандом период од ~45-50 минути во неделата. Тоа за мене е многу, многу ретко, посебно кога ќе се земе во предвид бројот на серии кои ги имам изгледано. Уште една работа ми се нема случено од TWW и BSG - да изгледам (дел од) некоја епизода два или повеќе пати :)

Серијава до сега е опасно добра. Ако и останатите снимени епизоди им се со ваков (или, dare I say, повисок) квалитет..
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ух... ова е чисто совршенство. :cuc:

Секоја епизода ми е сѐ подобра, од неверојатниот почеток, па сѐ до последнава четврта епизода. Последните пет минути со Fix You од Колдплеј ми беше одлично склопено.

Сите ликови ми се драги, хемијата меѓу Џим и Меги посебно.(y) Вил е одличен актер, па и глумецот од Slumdog Millionaire. Феноменално сѐ на сѐ, се надевам вака ќе остане до крајот на сезоната! :)

А да, и посебно ми е интересно тоа што се зборува за вистински настани кои се случиле, одлично изгледа!
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Искрено, јас не приметувам никаква хемија помеѓу Џим и Меги. Дури и премногу исфорсирано ми делува обидот на сценаристите да ги спојат, како да морало да има љубовен тријаголник по секоја цена. Не знам што е финтата, ама се пласира демек некаква јака љубовна приказна, а ја сум во стилот на 'meh'. Ист е случајот и со Дон и Меги.

Other than that, се' си е совршено и секоја епизода го оддржува истиот стандард кој Соркин го постави уште во пилот-епизодата, во првите пет минути. Мекензи ја обожавам, совршен лик со маани. Вил исто. Џејн Фонда беше одлична претходната епизода и би сакал да се појавува почесто. А дијалозите, дијалозите би можел да ги слушам со часови. Токму поради нив една едно-часовна епизода ми се чини како да трае 10 минути.
 

Eddard Stark

Lord Snow
Член од
25 ноември 2009
Мислења
1.220
Поени од реакции
2.540
Screw Jim and Maggie, let's talk about the Bigfoot :D
Него се расчитав на форумот за серијава на IMDb, ќе се испотепаат американциве.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Зошто толку негативни критики има за серијава од страна на критичарите?
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
Зошто толку негативни критики има за серијава од страна на критичарите?
Затоа што има многу луѓе кои не можат да го поднесат Соркин, посебно ако се конзервативни десничари.. и еден мал дел затоа што се мрчатори.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Awww серијава е cute, sweet, tense, funny, и ред други придавки во едно.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Добра епизода, конечно и' дадоа повеќе простор на Слоан и што е најважно, не замараа со глупиот љубовен тријаголник.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Зошто толку негативни критики има за серијава од страна на критичарите?
Зошто како прво серијата од првата сцена се гледаше дека е политичка али почна како непристрасна а сега се лигави цело време врз либералите а ги напаѓа републиканците.Имаше дури цели 2 епизоди како ги напаѓаат десницата.Серијава прва сезона ако заврши може да е среќна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom