The Mentalist

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
ОМFG! Прејако, прејако. Таман си мислиш завршува премиерата клише, Патрик среќно ослободен, classic Hollywood, <insert spoiler here>.
 
Take 'The Mentalist,' add a black guy and about 75% more jokes
Се добива Psych. Изгледајте ја, ептен е добра.
 
Take 'The Mentalist,' add a black guy and about 75% more jokes
Се добива Psych. Изгледајте ја, ептен е добра.
Ja критикуваат Менталист дека е rip-off од Psych. Ја иам глеано, поинаков пристап има кон цел тој менталистички аспект, башка има и spoof, го спомнуваат Патрик во една епизода. :)
 
Оти ми се чини дека сезонава ќе заврши со тоа шо Red John ќе ја убија таа детективката што го истражува ( и заборавив име ).
 
Мижечки само скролам надолу за да пишам впечаток и да не прочитам спојлер некој.

Само да кажам. ОМГ ОМГ ОМГ!!! Само што ја изгледав последна епизода од втора сезона. Дис ис нот риал. Значи Ред Џон е тотална енигма, каков лик.

Ко го видов Патрик обвиткан во пластика ми текна на Декстер.:D

Туку знаете што приметив, жениве кои се поврзани со Ред Џон сите се црвенокоси, да не излезе жена е Ред Џон. И треба повеќе да го има, а не само во првата и последната епизда од серијава го има. Јас не знам ова сценаристиве зошто не го вметнат повеќе неговото присуство.

Друго, што да ви кажам. Топ серија, жива зараза, Патрик Џејн е легендарен лик, а Сајмон Бејкер цар и епизодата кога го убија Боско е една од најдобрите крими епизоди кои сум ги гледала некогаш.

И така, на ред трета сезона. :vozbud:
 
Red John готово завршив со четирите сезони, одам сега на новата.:)

Прилично бргу ги изгледав овие четири сезони, така што мислам и дека можам да и удрам една добра критика на серијата. Значи кога почнав да ја гледам Патрик Џејн во споредба со другиве ликови ми беше ко од друга планета, десет класи подобар од сите нив, тие сосем невпечатливи. Од друга страна после ги навикнав и ептен го засакав Чо како лик. Урнебес е човекот, мртов ладен, ни на живо се смее ни на мртво плаче. Цар!:icon_lol:

Инаку, си кажав и претходно супер смислено и ептен добро поставена врска меѓу Ред Џон и Патрик, ама имам една замерка. Финалињата на втора и трета сезона ептен ме воодушевија, ама веќе при крај на четврта сезона ми се смачи. Колку можат да играат на картата да се бркаат Патрик и Џон во првата и последната епизода. Цело време одат на тој тертип. Прва епизода некоја си случка, последна епизда Патрик прави стапица и веќе знаеш дека нема да успее, само си гледаш да видиш што ќе тргне погрешно. Мислам многу епизоди се и затоа се губи тензијата во дејството. А Џон е потребен и повеќе од дејството, читам сега дека рејтингот на серијава и е опаднат и јасно ми е зошто.

Инаку, не ми се допаѓа што забораваат на ликовите. На пример, Кристина Фрај. Како успеаја да ја изгубат попатно не ми е јасно. А што фин материјал беше за дејството и скроз ја заборавија. Исто и Чо. Имаше девојка Азијатка и оп гледаш фаќа нова девојка. Старата што, како никој нема поим.

Во новава сезона очекувам повеќе детали за Црвениот Џон. Уствари сакам да му дадат лик на убиецот, зашто не можат веќе да ја тегнат на оваа карта, ќе изгубат гледачи дефинитивно и може да и се стави крај на серијава уште во петта сезона.
 
Крајов на серијава требаше да биде уште во 4та сезона,ако не и пак во 3та.Последните 7-8 епизоди од 4та сезона ги вртев набрзина за да ги гледам само тие што се со Ред Џон,стварно многу затупија и поради тоа серијава изгуби на квалитет.Ако не го средат дејствово во новава сезона(а нема според почетоков)серијава уште толку ќе изгуби на рејтинг,али како и да е,за тепање време ако не гледаш други серии не е лоша,ама можеше да биде страшна серија ако беше составена од барем од 2-3 сезони со помалку епизоди каде секоја епизода ќе беше поврзана со Ред Џон(главното дејство).
 
Уф, фузија од две од твоите омилени серии, шо да биди фазла. :D Иначе ко ќе ја привршуваат серијата, ако не смислат некое ептен, ама ептен ебачко финале кое ќе трај сат и пол, ќе му го дам јас дури тогаш нив ред џон. :D

А ти требаше лагано да гледаш менталист и да привршиш ко ќе излези новата сезона од Шерлок. А не се во две недели. :D
 
Уф, фузија од две од твоите омилени серии, шо да биди фазла. :D Иначе ко ќе ја привршуваат серијата, ако не смислат некое ептен, ама ептен ебачко финале кое ќе трај сат и пол, ќе му го дам јас дури тогаш нив ред џон. :D

А ти требаше лагано да гледаш менталист и да привршиш ко ќе излези новата сезона од Шерлок. А не се во две недели. :D

Месец ипол ми требаше. Жива зараза е серијава, шта ќеш. :LOL:

Сега барам да најдам монтажа со Ред Џон и Декстер. Ко што имаше виткање во пластика топ би дошло.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom