Сè си мислам дека овој лик ќе испадне на крајот Ред Џон:
Бруно Хелер уште во почетните сезони изјавуваше во интервјуа дека веќе сме го виделе Ред Џон, но тој е како Waldo скриен во позадина, никогаш не истакнувајќи се, но секогаш во центарот на случувањата.
CBI Ron е точно таков лик, работи во CBI, се појавува на случаите и епизодите поврзани со Ред Џон, а негова единствена улога е да стои во позадина. Одговара на описот на Росалинд Харкер, носи ист прстен како Ред Џон...а во последната епизода се размина со Патрик чепкајки го телефонот, и по неколку седунди Ред Џон му се јави на Патрик.
Е сега моментот кога Ред Џон го црта смајлито на лицето на Лизбон продуцентите го ставиле во ист момент додека се случува муабетот по телефон, но сето тоа можело да се случи пред тоа, а Ред Џон ака CBI Рон да стигне во CBI и да му се јави на Патрик

Ако Рон не е Ред Џон, СИГУРНО работи за него!
