The Mentalist

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Па прво планот беше дека ќе има 10 епизоди, сега со оној кој го отепаа и одново вметнаа дека некој ги брка сите агенти од CBI спремаат нешто а и сами изгледа незнаат шо..
 
Па прво планот беше дека ќе има 10 епизоди, сега со оној кој го отепаа и одново вметнаа дека некој ги брка сите агенти од CBI спремаат нешто а и сами изгледа незнаат шо..

Толку ја засакав серијата што би и дал уште 100 шанси ама само да ја опраат.
 
  • Тажно
Reactions: ob1
Новата епизода излезе. Интересна, со “лош“ крај на истата, така делуваше и така испадна.

-Тој толку се труди да се вклопи со нас, види што ми даде, Робот. :pos:
 
Прочитав шо сте пишале за првите 4 сезони, натаму баталив да не си мавнам сам себе спојлер...
Океј првите три сезони епик, посебно финалињата, на втора сезона финалето останав со подзината уста, 4тава веќе се е едно исто, ја претераа со финалево, ептен многу дупки имаше.
Иако е епик Патрик, има смеење со него, сепак тој Патрик од прва сезона и Патрик од четврта не е истиот. Во прва сезона си беше поепик, далеку покул типче беше.
И да ако треба да бирам favourite guy, Чо е тоа дефинитивно...не е нормален типот, во 4 сезони еднаш се насмеа, дефиниција за човек "ни на мртво плаче, ни на живо се смее".
 
Абе јас утнав една епизода или последната заврши со Ригзби на едно место каде најде тело?
Сеа ја изгледав оваа и многу чудна ми беше, зар е толку отиден во тоалет квалитетот на серијата?

Sent from my ZTE BLADE III using Tapatalk
 
12-та заврши така како што викаш. 13-тата, односно денешната не почна како што логички и би требало да почне, со сцената каде Ригзби го најде тој што го најде. Што се десило помеѓу завршувањето и комлетирањето на 12-тата епизода, па се до снимањето на наредната, треба Бруно да си се искаже.
2 месеци имаше пауза и што, како, и зошто било е за o_O

Менталист на 15 декември била Likely Cancellation, сега за сега е Тoss Up.
 
14та излезе или печатна грешка им е? Симнувам сеедно, не ми се губи време ако е нова :D
 
Нова е, интересна епизода кога се врти поголем дел со Грејс и Ригсби, со крај кој...хммм.... ветува интересесна наредна епизода. Ќе видиме дали ќе го исполни тоа.
 
Ме кејфаше епизодава ама ако ја скинат Ван Пелт ќе ги скинам јас нив.
Серијата е пред откажување ,гледаноста е многу падната па се свртија кон стариот добар рецепт - убиец кој ги таргетира членовите на тимот. А и вака е глупаво Пелт и Ригзби се ваму овие таму и ваљда еден ке кикнат за да другиот остане
 
Они ја напуштаат серијава, тоа е кажано. Работата е што не се знае ниту кога, ниту како.
Ќе видиме утре(денес), дали и што ќе се случи, ако се случи нешто.
 
Солидна епизода, со интересна случка пред крајот на истата, но со „среќен“ крај.

Ригсби и Ван Пелт ја напуштија серијава, според CBS. Одлуката е нивна, на актерите, ама начинот на кој тоа го сторија е крајно глуп, барем од моја гледна точка. Ја напуштаат живи, а веќе кога тешиле да си отидат, бар да им ги убиеле ликовите кои ги играат. Така серијата би добила малце жар, па да има некој голем негативец по кој ќе трагаат. Тоа е тоа, добија Happy Ending.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom