The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
VLJ , има да го обожаваш овој пресврт :pos:
Ќе ве замолам да ставате спојлери во тагови во текот на следнава недела, има луѓе што најавија дека ќе ја изгледаат, да не им расипеме.
 
hahaha... oh stop it, The Killing, you're killing me!

Понекогаш, некои серии знаат каде им оди целата приказна и на секаков начин се обидуваат да ја одведат истата во вистинскиот правец. На крај, дејството се заокружува, или што би рекле Енглезите: things have come full circle. Во случајот на The Killing нема никаков full circle. Ако треба да изнајдам некоја форма со која би го опишал правецот на серијата, тоа би била следната:

Scribble.jpg


Сепак, понекогаш дестинацијата е поважна од патувањето, па така и во овој случај мило ми е што го привршуваат дејството, one way or the other. Истовремено ми е мило и што уште од старт некако претпоставував кој е убиецот. Нормално, потоа воведоа милион осомничени, па мојот фаворит се изгуби во масата. That is, освен ако во последен момент, во последната секунда од финалето, не им текне да изнајдат некаков „мудар“ пресврт како оној од претходната сезона. Fingers crossed.

Io Sono Interista Дента кога ја отворив темата се' уште ја немав гледано последната епизода. Од памет ме извади кога видов дека ќе го обожавам пресвртот. Мислев дека одеднаш им текнало да воведат некое стото лице, или пак дека Линден е убиецот, или пак можеби aliens. Кога заврши епизодата си реков „уф, добро е“, ха! Добро е вака што испадна и ете наредната епизода ќе имаат можност убаво да објаснат зошто баш вака испадна.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Типувам на уште еден, конечен пресврт :)
 
Типувам на уште еден, конечен пресврт :)
Јас не типувам. Мислам дека научија некаква лекција после претерано негативните реакции од лани. Ако и сега ја оплескаат работата, креаторката на серијата ќе треба да се пресели во Јемен (Friends reference) колку да не и' се случи the killing во живо.:) А плус и рејтингот им е катастрофа и ова најверојатно ќе им биде последна сезона. Од друга страна пак, малку е чудно што претпоследната епизода го открија убиецот, што може да значи дека оставаат простор за пресврт. Односно, имаат 43 минути да ја усерат работата.
 
Ами од такви ко тебе рејтингот им е катастрофа :pos: Запнале побрзо да се реши убиството и луѓето да останат без работа :)

Нема што да усерат супер си е. (y)
 
Грешка сум можеби сфатен. Јас не очекував дејството да се реши веднаш CSI-стил. Вистина е дека очекував да се реши крај на прва сезона, ама не дека јас во глава си имам зацртано некое еден-случај-по-сезона правило. Туку, бидејќи уште пред да започне серијата и на сајтот на AMC и во интервјуата со екипата тоа беше експлицитно посочено. Енивеј, кога веќе сфатив дека со случајот ќе се бафтаат две сезони се помирив со фактот и храбро продолжив со новата сезона. Нова сезона, нова надеж. Е сега, генералната оцена за сезонава не можам уште да ја дадам бидејќи не е завршена, и бидејќи уште кај мене постои извесен страв од усерување. :) Факт е дека е послаба, побавна и подосадна, ама ај ќе се стрпам до недела за една мини-рецензија.

Инаку, луѓето нема да останат без работа. Барем не оние кои заслужуваат повеќе. Еве Холдер ќе биде RoboCop и искрено му посакувам успешна кариера. Што се однесува до глумицата на Линден, и таа во секој момент може да си најде работа. Како дублерка на Џулиен Мур. :)
 
Море од шо се загледав во LOST, заборавив дека треба да ја симнувам новава епизода.
Само шо ја догледав и што знам интересно беше, можда веќе стварно претераа со пресвртиве ама добра ваљда е ова последниот, освен ако не им текне уште некој лик да го вметнат во приказнава.
Ама ок сега знаеме кој е убиецот, сега само се чека да видиме како ќе се реши работава до крај.
И да и во прва сезона зборуев против неа, сега пак.....Мич Ларсен не ја можам. Толку ми се напорни сцените со неа тоа е чудо некое.
 
Океј, добро беше. Таман уствари, не се жалам и нема да плукам. Конечно!
 
П**** им материна, ме фатија на емоции :)

Добар крај, браво!

Привремено клуч, за да не усреќиме некој со спојлери. Гледајте денес, ќе пишуваме утре.
 
Е де, ќе ви ја отворам, не мора да лајкувате толку :)
Внимателно само, ставајте спојлери. Та не сме саде ние, та не сме саде тука...
 
Супер финале! каков емотивен набој, браво многу добро осмислено, ме изненади, мислев дека ќе го усерат финалево, ама пријатно ме изненадија!

Дефинитивно ќе ми остане во сеќавање како доста добра серија, која сепак на крајот го заслужи вниманието кое и го дадовме, и ни даде и повеќе од достоинствен крај!

Почивај во мир Rosie :(
 
Океј, it's on, The Killing.

На кратко можам да кажам дека ова беше совршено финале на една несовршена серија. Но, пред да преминам на последната епизода, и бидејќи до сега сум немал можност, да кажам збор-два за серијата како целина:

Во главно серијата ми се допадна бидејќи претставува големо отстапување од ваквиот cop-drama жанр. Реално гледано, сериите од типот на CSI, CIS, LAO:SVU наликуваат малку на научна фантастика, од аспект што им требаат само 40-тина минути (серија време, а не реално време) да решат случај, без оглед на тоа колку случајот е комплициран. На сметка на тоа, дејството понекогаш изгледа избрзано, има премногу коинциденции и недоволна разработка на главните ликови. Што се однесува пак до споредните, тие се секогаш потрошна роба. Оние луѓе погодени од трагедијата се маргинализирани, нивните животи се од корен променети, но гледачот не може да ги забележи нивните страдања.

Она што го сметам можеби за најјаката страна на The Killing е токму тоа што фамилијата на жртвата постојано беше тука некаде, понекогаш и во преден план. Тоа е тој аспект кој серијата ја правеше толку реална, пристапна, а поради тоа и потресна. Ваквите ликови беа детално разработени, нивните валкани алишта беа изнесени на површина. Овие луѓе со маани и' дадоа човечност на серијата.

Другото кое ми се допадна кај дотичната серија е мултидимензионалноста. Знам, траше долго, понекогаш беше претерано досадна и развлечена, но факт е дека за овие 26 епизоди имаше и динамика и разновидност. Особено ми се допадна 3во1 секментот во втора сезона. Односно, како паралелно се одвиваа дејства на трите места: сиромашниот кварт на фамилијата Ларсен, центарот на Сиетл, место на политичките турбуленции, и на крај, мистериозниот индијански остров. Контраст со кој се прикажува еден град и неговите три многу различни димензии.

Секако морам да ја спомнам и уникатната атмосфера на серијата, која мене потсеќа на филмовите од 50-тите. Дождот, тмурноста на градот, џемперите на Линден, канцелариите преплавени со кутии наместо со најнова технологија, излитените фрази на Холден (yo, watcha doin', man) на серијата и' даваа посебен шмек. Плус, и саундтракот кој особено во прва сезона значеше нешто, кој беше одраз на тензијата и на комплицираноста на случајот.

И за крај, извонредниот кастинг на актери кои личат на обични луѓе, баш како оние кои не опкружуваат. Главните ликови, како ретко во која друга ваква серија, се едноставно луѓе, луѓе со маани и пороци, ослободени од идеализации.

...мислев помалку ќе ми фати набројувањето на добрите страни на серијата, па како да се чини дека не оставив место за лошите. Сепак, бидејќи не верувам во девизата „За покојниот се' најдобро“ ќе оставам за друг пат да кажам кои беа мааните на серијата и според мене како можеа да направат феноменална приказна, наместо просечна. Што се однесува до финалето, и за тоа ќе дојде време, кога ќе може да се дискутира без споилери.
 
Една од најдобрите работи во серијава според мене беше тоа што ликот за кој се зборува цело време
се појави во последната сезона после цели две сезони! ок, имаше кратки појавувања после првата сезона, филмот што го снимаше итн... ама не очекував дека на крај ќе ја уфрлат. Кога видов дека почнува со неа епизодата бев :vozbud:

И јбг, сите очекувавме дека
тетка и е вмешана
но не очекував такво "Mystic River" сценарио, од емоционален аспект... Одлично решение.
 
Многу, многу......јака сцена беше
онаа со филмот од Rosie, поготово моментот со пеперутките ме трогна ептен, :( перфектно изработена - уфрлена сцена
Уште еднаш одлично финале, браво!

Кога ќе помислам во иднина на серијава знам на што ќе ми текне прво т.е. знам кој лик ќе ми остане во мислите најмногу, иако имаше само минијатурeн дел од серијата од аспект на активно учество во епизодите. Се знае кој е,
Rosie! неверојатен ефект имаше нејзиното присуство во финалево, тотално сум шокиран од тоа колку добро беше ова финализирано, и колку силен ефект долови кај сите нас, многу длабок и емотивен печат остави, тука се слагам 1000% со Iosono
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom