Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.105
- Поени од реакции
- 62.313
За БелкоЕ ова сум го промашил у епизодава очигледно....
Туку на кого ѕвонеше тетка и Рози, кога се јави една жена и оваа одма ја прекина врската?
убиството на Дарен е нарачано од Коварски, според муабетот што го правеа Стен и Коварски во црквата, иако не кажаа дирекно. Веројатно идејата е обвинетиот Дарен да биде убиен и да се заврши истрагата со него како виновник
За тетка и на Рози... тета е максимално сомнителна и сигурно е вмешана на некаков начин. Жената на која и се јави веројатно е почеток на нова приказна со која ќе се објасни како или колку е вмешана во целата работа. Тоа е само теорија се разбира.
ранецот затоа што целата ситуација ми беше сомнителна кога нели поручникот ми нареди да го предадам ранецот на анализи кај нов човек кој очигледно е под контрола на луѓето што стојат позади заташкувањето на убиството и автоматски би дошло до губење на докази, значи јас немам поим кој е убиецот, сликата ја предадов бидејќи му верував на спонзорот и само "сакав" Ричмонд да има лоша слика пред гласањето, не знаев дека работите ќе појдат по поголемо зло. Јасно е тоа дека лажната фотографија е нарачана од противничкиот кандидат за градоначалник. Мислам дека е чисто самоубиство... Белко го направи тоа што го направи за Стен, се убеди дека успешно ја извршил задачата и дека ја истерал правдата на површина, но од тој момент кога Стен го посети во станицата и од неговата реакција сфати дека сепак не го направил вистинскиот потез и го жртвувал животот (под ова мислам затвор) на некој начин безпотребно и кога сфати дека веќе никогаш нема да оди дома како што му е ветено, си стави крај на својот несреќен живот. За ова второто само мое мислење е нормално не значи дека е точно, а за првото сигурно си сфатил од следниве епизоди но сепак си пишав да не дојде до никакви забуни. И не си единствениот кој се соживува со ликовите и ситуациите во кои се наоѓаат, едноставно одличната глума и самата атмосфера не ти дозволуваат да не го направиш тоа. Како и да е нема да расправам теории за понатаму, не гледам ни привју-а за наредни епизоди, едноставно само ја пуштам епизодата и уживам цели 10 минути... 45 де