The Killing

  • Креатор на темата Креатор на темата Io Sono Interista
  • Време на започнување Време на започнување
Е ова сум го промашил у епизодава очигледно....
Туку на кого ѕвонеше тетка и Рози, кога се јави една жена и оваа одма ја прекина врската?
За Белко
убиството на Дарен е нарачано од Коварски, според муабетот што го правеа Стен и Коварски во црквата, иако не кажаа дирекно. Веројатно идејата е обвинетиот Дарен да биде убиен и да се заврши истрагата со него како виновник

За тетка и на Рози... тета е максимално сомнителна и сигурно е вмешана на некаков начин. Жената на која и се јави веројатно е почеток на нова приказна со која ќе се објасни како или колку е вмешана во целата работа. Тоа е само теорија се разбира.
 
Ми се свиѓа што серијава и во втората сезона продолжува на релативно високо ниво од поглед на генерален квалитет, посебно би ја пофалил Jamie Anne Allman, како многу силен спореден каратер, се разбира заедно со родителите на Роузи.

Реков еднаш дека серијава не е ремек дело, но мене лично мене ми е супер и со мерак ги очекувам сите нови епизоди.
 
Psyside и јас остануваме верни фанови :)

Штета што мал интерес предизвикува на форумов... ни времето не го чувствувам како поминува додека гледам, како 5 минути да трае една епизода. Тотално сум соживеан со приказната и ликовите.

И да, денес пак врнеше :)
 
Еве и јас останувам фан, не баш верен, ама сепак фан. Последната епизода само го потврди моето тврдење дека секој може и ќе биде осомничен. Очекувам кај и да е и мене Линден да ми затропа на врата :) Во секој случај, добра беше епизодата и добро е што во серијата никогаш не може да се предвиди што ќе се случи и што одржува некаков константен квалитет и атмосфера. Плус, еве гледам од привјуто за наредната епизода пак ќе се навратат на некои претходни ликови. Алелуја!

Инаку, иако Линден ми е супер лик се надевам дека ќе и' го одземат детето бидејќи ептен е запоставено. Може да се случи да скине конци и никој да не дознае со денови. Имал температура..пфф.. лаже колку да не прави тест. Логично.
 
Ај ем хиар ту :)
И ја чекам секоја следна епизода, е сега да не толку како ГОТ да морам веднаш да ја изгледам, ама да ме држи во неизвеснот серијава.
И работи место да се отплеткуваат, се повеќе и повеќе се заплеткуваат. Ќе видиме, ова на крај што го кажа Алексеј беше за очекување, барем кога кажа дека си ги мразела родителите, ми помина таа идеја во глава.
Ќе видиме како ќе се движат понатаму, засега сезонава е одлична.
И дефниитвно нема епизода без дожд....
 
Малку ме загубија со тоа тетоважата и со ранецот а Фил Ајви, уствари со се што Фил Ајви направи... Ако сега е се во ред, го сменил ранецот од „добри причии“ а е за да заташка убиство... што е со онаа намештаљката со сликата, за кого ја одработи? И што е со „самоубиството“ во станицата, тоа вклучува многу полицајци кои очигледно се корумпирани...

Не не, го сменив :pos: ранецот затоа што целата ситуација ми беше сомнителна кога нели поручникот ми нареди да го предадам ранецот на анализи кај нов човек кој очигледно е под контрола на луѓето што стојат позади заташкувањето на убиството и автоматски би дошло до губење на докази, значи јас немам поим кој е убиецот, сликата ја предадов бидејќи му верував на спонзорот и само "сакав" Ричмонд да има лоша слика пред гласањето, не знаев дека работите ќе појдат по поголемо зло. Јасно е тоа дека лажната фотографија е нарачана од противничкиот кандидат за градоначалник. Мислам дека е чисто самоубиство... Белко го направи тоа што го направи за Стен, се убеди дека успешно ја извршил задачата и дека ја истерал правдата на површина, но од тој момент кога Стен го посети во станицата и од неговата реакција сфати дека сепак не го направил вистинскиот потез и го жртвувал животот (под ова мислам затвор) на некој начин безпотребно и кога сфати дека веќе никогаш нема да оди дома како што му е ветено, си стави крај на својот несреќен живот. За ова второто само мое мислење е нормално не значи дека е точно, а за првото сигурно си сфатил од следниве епизоди но сепак си пишав да не дојде до никакви забуни. И не си единствениот кој се соживува со ликовите и ситуациите во кои се наоѓаат, едноставно одличната глума и самата атмосфера не ти дозволуваат да не го направиш тоа. Како и да е нема да расправам теории за понатаму, не гледам ни привју-а за наредни епизоди, едноставно само ја пуштам епизодата и уживам цели 10 минути... 45 де
 
Ај ем хиар ту :)
И ја чекам секоја следна епизода, е сега да не толку како ГОТ да морам веднаш да ја изгледам, ама да ме држи во неизвеснот серијава.
И работи место да се отплеткуваат, се повеќе и повеќе се заплеткуваат. Ќе видиме, ова на крај што го кажа Алексеј беше за очекување, барем кога кажа дека си ги мразела родителите, ми помина таа идеја во глава.
Ќе видиме како ќе се движат понатаму, засега сезонава е одлична.
И дефниитвно нема епизода без дожд....
Мене ми се јака комбинација овие две пошто во ист ден излегуваат, прво ја гледам GoT малку за адреналин (посебно минатиот пат кога се врати смоуки) и после тоа, така задоволен од епизодата на GoT си кулирам со The Killing. :)
 
Баш за кулирање е The Killing, очигледно е според форумот. Кога ќе излезе нова епизода од GoT веднаш се прават неколку страни таму, а тука - штама :). Инаку, во последно време се подобрија овие, еве некако почнаа да ги спојуваат работите зашто во истата соба ги собраа поглаварицата, ванаби градоначалникот и жената со отворениот брак. Исто, епизодата отвори уште неколку прашања како на пример: Кој е Дејвид Реинер? Зошто Мич му пишала писмо, а не го пратила? Кој го стави цртежот на фрижидерот на Линден? Што значи цртежот? Закана, предупредување, фалење за талентираност? Значи би требало наредните епизоди да бидат интересни, а не да се движат со брзината на полжав. И алал нека му е на син и' на Линден. Толку запоставено, а паметно дете. Сега е јасно како преживува сам со денови. Очигледно и тој спаѓа во групата special TV show kids, составена од Ааарон, Џејк, Хенриета и др.
 
Кој е Дејвид Реинер? Зошто Мич му пишала писмо, а не го пратила? Кој го стави цртежот на фрижидерот на Линден? Што значи цртежот? Закана, предупредување, фалење за талентираност?
Како се викаше татко му на она курлето? Ејмс нешто беше презиме, ама да не се викаше Дејвид... You know where I'm going with this... :)

Цртежот ќе да е нешто поврзан со досието на Линден што и го спомна шефот, а тоа досие веројатно крие нешто од минатото... мене на закана ми личи.

Тебе многу ти се брза, има уште епизоди од серијава... ова по примерот на добрите трилери од пред 10-15 години, од наизглед обично убиство ќе премине во мултимилионски интереси заради кои девојчево настрадало.
 
Како се викаше татко му на она курлето? Ејмс нешто беше презиме, ама да не се викаше Дејвид... You know where I'm going with this... :)

Цртежот ќе да е нешто поврзан со досието на Линден што и го спомна шефот, а тоа досие веројатно крие нешто од минатото... мене на закана ми личи.

Тебе многу ти се брза, има уште епизоди од серијава... ова по примерот на добрите трилери од пред 10-15 години, од наизглед обично убиство ќе премине во мултимилионски интереси заради кои девојчево настрадало.

Да, минатото на Линден се' уште е нејасно за нас. Нешто дрва нешто. А Роузи од обично девојче на крај ќе испадне терористка вмешана во 9/11. Секако имаат уште осум епизоди да го решат убиството, којзнае уште што нема да најдат. Ај барем повеќе не ме нервира, некако со последните епизоди се испраа за катастрофата од финале на прва сезона.
 
Io Sono Interista детево на Линден со мозок како малиот од Real Steel а? :)
Инаку со мајот и триста други глупости дури сега најдов време да ја изгледам епизодава. Интересно се движи приказнава дефинитивно, иако мнгу ме напнуваат сцените со на Рози мајката. Незнам уште од 1ва сезона ми е многу напорна како лик, така остана и во втора сезона.
Со цртежот ќе биде интересно да се види што ќе направат...
И мора да го пофалам Холден, човекот како само добро си ја игра улогата тоа е страшно нешто.
 
Не може со малиот од Real Steel не провоцирај сега :) Тој беше ем прваче ем програмираше подвижни лименки. Овој добил 4+ прв пат во живот и генијалец го направивте :)

Мајката на Рози не ме нервираше во прва сезона мислам дека добро го доловија она низ што проаѓа (мислам на сценаристите), но ова што се случува во втора сезона со неа нема никаква врска. Претерано е долго, нејасно, и се надевам дека знаат каде одат со тоа...

Фил Ајви е најјачи, пак :)
 
А сега: Chillin' with The Killing :)
--- надополнето: 8 мај 2012 во 01:41 ---
Фил Ајви , добар си брат? :)
 
You will pay for this you indian assholes! : @

исто како Стен би му ги дал сите пари на тој што ќе ги претепа смрдливите индијци додека не молат за милост

и во привју-то не го видов исто... ах само ако го повредиле посериозно или пак го убиле недај боже ќе ме направат расист, ќе тепам индијци кај видам : D

мал минус што не објаснија за сликата и што уште не вртат за минатото на Линден но интересно е тоа како сама против сите се справува и со работата и со закана за одземање на синот (е сега не знам кој е вмешан, дали само нејзиниот поранешен маж или уште некој, рака на срце можеби и тој има врска со убиството или пак оној вереникот нејзин кој го запоставија па можеби од еднаш ќе ни го треснат со вина до преку глава... упм се е можно), но како и да е иако се уште пар епизоди не би брзал со разрешување едноставно си пуштам епизода и си кулирам како што би рекол Интериста


ме напнаа ми дигнаа притисок... Нед Старк го прежалев некако ама зверов не верувам дека ќе можам пу пу скраја да е
 
Добри се добри.
Уште малку епизоди има од сезонава, а како тргнала работава ќе оди и во 3та сезона разрешувањево на убиствово........me gusta :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom