Tha Titanium

  • Креатор на темата Креатор на темата SV-Strange
  • Време на започнување Време на започнување

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Локација
Himalayas
Tha Titanium е прилепска рап екипа составена од Петар Кузмановски ака El Borracho (MC) и Христијан Ристески ака RickBeatz ( Продуцент ).

Оваа екипа е составена во 2007 година. Досега имаат издадено еден труд а тоа е албумот "Вандализам" на 1 Ноември 2008 г. Имаат повеќе настапи во и надвор од Прилеп од кои најзначајни се да се спомнат настапот во МКЦ Скопје за натпреварот за најдобра хип-хоп екипа на која го освоија првото место, настапот во Скопскиот саем и настапот во домот на културата "Марко Цепенков" во Прилеп. Последните активности на екипата се за новото професионално студио во Прилеп, oд каде на 22.01.2011 после две и половина години излезе и нивниот микстејп албум наречен "Проект 22".

Повеќе во објавата од mmm.com.mk:

Tha Titanium имаат нов микстејп - Проект 22

D9342B91C5F35F46AAADB95E1730AD43.jpg


Проект 22 е најновиот микстејп на Tha Titanium, група која што доаѓа од Прилеп составена од El Borracho (MC) и RickBeatZ (продуцент). Проект 22 е комбинација од неколку хип-хоп стилови, кои што ја доловуваат и идеализираат сликата на оваа група.

Во ова парче можат да се слушнат теми за животот во Прилеп за кој што многумина ќе го сменат своето мислење, теми за хип-хоп состојбата во Македонија и теми кои што ја отсликуваат реалната слика. Оваа варијација на стилови е резултат на соработката со повеќе рап и поп артисти.

Низ траките може да се сретне колаборација со артисти од Прилеп и Струмица како Ice-D, Poppa G, Crime Time, Kiskinov, MC Skeptic и Марија. Главната цел на оваа група е дека постои Рап музика надвор од границите на главниот град на Рeпублика Македонија.

Во ова издание ќе се пронајдат само вистинските фанови на хип-хоп културата. Овој микстејп е направен од срце, за оние кои што нивната душа е гладна за ваков оброк. Секој може да го го симне од линкот подолу - велат Tha Titanium.

Mикстејп кој вреди многу повеќе од потрошените 119 Mb за него.

За free download кликнете ТУКА!


--- надополнето ---

Tha Titanium @ Facebook

Tha Titanium @ Myspace
 
Аааааааааааа Тони Зен можи вода да носи и не сум пристрасен сериозно супер се дечкиве.
 
Во аутрото им се заблагодарува на некои скопски екипи што ги заебале на крај. Па нормално зошто ги викаме скопски педери ќе те поебат на крај :icon_lol:. А за останатите што не им помогнале, па завидливи се бе луѓето што да се прави ама тоа кажува само за нив колку се несигурни мислат дека албумов е мнооогу добар, што и е па се плашат за себе и за сопствениот квалитет....
 
Денес прв пат ги слушнав и стварно пријатно ме изненадија. Секоја чест за момциве.
 
Демолираат, него Tha Titanium на олимпијадата МАСУМ, во Скопје, на натпреварот за најдобра хип хоп група, каде што го освоија првото место, беа барани од Токсикологија, за учество во натпреварот на кој победникот влегува како дел од токсикологија, аце нл милам победи тогаш ..
 
Демолираат, него Tha Titanium на олимпијадата МАСУМ, во Скопје, на натпреварот за најдобра хип хоп група, каде што го освоија првото место, беа барани од Токсикологија, за учество во натпреварот на кој победникот влегува како дел од токсикологија, аце нл милам победи тогаш ..

али ние сме лојални на Прилеп и на самите себеси и не ни е потребно подршка од други ;)
 
уште спотче да има и пепели ќе направаат, РЕСПЕКТ
 
Демолираат, него Tha Titanium на олимпијадата МАСУМ, во Скопје, на натпреварот за најдобра хип хоп група, каде што го освоија првото место, беа барани од Токсикологија, за учество во натпреварот на кој победникот влегува како дел од токсикологија, аце нл милам победи тогаш ..

Треба токсикологија да бараат да влезат дел од нив а не обратно.
 
Кискин, ти должиме BIG TIME за сето ова. Респекат .... Исто така големо THANKS за поддршката на сите останати членови на кајгана и пошироко позз
 
Во фаза на умирањето на вистинскиот хип-хоп во Македонија, неверојатна светла точка и свежина на рап сцената. Предобра комбинација на високо квалитетна продукција на Rbeatz, секоја чест за него како и за IkzonamzuK... Респект и целосна поддршка!
 
Баш начекав линк од ова проект 22 и набрзина преслушав некои песни, многу јаки имаат!
 
Го преслушав целиот албум сите песни ми се свиѓат ама највише „Централен Запад“ и „Мириса на Прилеп“.
У вторава ко Tech N9ne се :D

--- надополнето ---




Заборавив да кажам, ми се свиѓаат битовите. Ко Дре да ги праел :P
 
Коска е албумов али дечково некако чудно ми го изговара тоа хип хоп, повеќе као хиап хоп се слуша :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom