Теории на заговор во фoрмула 1. Постојат ли?

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.859
Возраст
40
Бидејќи мојата теорија ми е (најуспешниот возач на сите времиња мора да е Европеец, а не Јужноамериканец) сакам да подискутираме дали е можно расходот на првенствата да се договара на асфалтна маса. Дали политиката која ја одлучува судбината на светот општо, е внесена и во микросветот, наречена формула 1???

Можно ли е сето тоа што го гледаме на асфалтот да е само глума, поради договорите на асфалтната маса?

Дали кај некои возачи нема „прогледување низ прсти“???
 
Интересантна тема, која има доста за мислење, и која може да даде многу одговори, но да постави и еден тон други подпрашања, ако се знае, каква е формула еден.... Сигурен сум, дека постојат и ќе постојат договори... Не ми е важно, дали бил Европеец или ЈужноАмериканец... Јас живеев со тоа кажување од дедо, татко дека Сена бил најдобриот и сеуште е, но јас него го немам гледано како вози... И јас мислам дека е најдобар, од што имам гледано снимки и сето тоа...

....Но, дали има заговори ?! Сигурно дека Да.... Еве еден свеж пример... Иако сум за Луис, уверен сум дека Глок, добил некаква наредба или можеби договор пред трка со Луис, ако му треба некогаш да му се најди.... 100%... Нели се другари од детството ?!

...Заговори, хммм... Шумахер сигурно знае најповеќе по таа тема, што од чиста причина, сите негови титули му ги должи на Баричело, кој пак, во случајов е своесвојствена теорија на заговор, се со цел Михаел да биде шампион....
 
Мислам дека авторот на темата е концентриран за мислењето на другите, а жали сеуште за Сена.
Теории на заговор во Ф1 нема, тоа е мое лично мислење.
 
Има теории на Заговор Металхамерче.

А тоа се:

1. Смртта на Аиртон Сена којашто мистерија не е решена и ден денеска. Имаше големи шпекулации дали модифицираниот управувачки систем на Сена беше пукнат, што го натера да удри со полна брзина во бетонски ѕид.
За тоа најмногу беше осомничен сегашниот дизајнер на Ред Бул Адријан Њуи.
2. Дивјачкото туркање на Михаел Шумахер кон Дејмон Хил, во Аделаида 1994 година. ФИА се направи дека ништо не виде. А Михаел за тоа требаше да биде дисквалификуван.
3. 1997 Возачот на Заубер Аргентинецот Норберто Фонтата јавно признал дека кога заостанувал еден круг зад Жак Вилнев намерно го блокирал се со цел да му помогне на Шумахер бидејќи имал притисок од таборот на Ферари.
4. Намерното застанување на Тимо Глок на Сингапурското ГП 2008 (му помогна на Луис Хамилтон да ја освои титулата).

Има уштееееее...
 
Mлатиш топла вода.... така ми се чини. Си наоѓаш рачки, кои што ни ги презентираш од твоја гледна точка и мора да се така? Не заебавај...

Ако сето тоа ти држи вода, тогаш Фанџо, Фитипалди, Пике, Сена како станаа шампиони?
 
Е Џиш во тоа време немало такви намешталки како што ги има денес.
 
Ima so garancija. Kaj nema deneska koga se se raboti za pari, a ne za tie milionski sumi koj znae so sve praat kakvi se ne namestaljki. A da ve podsetam samo na trkata koga Sena zagina sumaher pobedi, pa duri i se raduvase na pobedata dodeka site zalea.
 
Има теории на Заговор Металхамерче.

А тоа се:

1. Смртта на Аиртон Сена којашто мистерија не е решена и ден денеска. Имаше големи шпекулации дали модифицираниот управувачки систем на Сена беше пукнат, што го натера да удри со полна брзина во бетонски ѕид.
За тоа најмногу беше осомничен сегашниот дизајнер на Ред Бул Адријан Њуи.
2. Дивјачкото туркање на Михаел Шумахер кон Дејмон Хил, во Аделаида 1994 година. ФИА се направи дека ништо не виде. А Михаел за тоа требаше да биде дисквалификуван.
3. 1997 Возачот на Заубер Аргентинецот Норберто Фонтата јавно признал дека кога заостанувал еден круг зад Жак Вилнев намерно го блокирал се со цел да му помогне на Шумахер бидејќи имал притисок од таборот на Ферари.
4. Намерното застанување на Тимо Глок на Сингапурското ГП 2008 (му помогна на Луис Хамилтон да ја освои титулата).

Има уштееееее...


5. Намерното кочење на Дејвид Култхард, кој заостанува цел круг, и кога Михаел Шумахер удира во него....


.... Но, тоа е различно... Никогаш нема да можиш да кажиш дека така мислел да направи.... Тоа е само во своето мислење, и во сопствениот разум... Еве ке наведам еден свеж и болен пример...Од почит нема да го кажам името, иако знам ќе сфатите.... Некои не веруваа дека нашата најголема ѕвезда загина во несреќен случај, туку беше убиен... И тоа е теорија на заговор... Со ова сакам да ти кажам само дека имало и ќе има секогаш такви работи во Ф1, но нема мора да значи дека е така...


....Јас на пример не сум фан на Михаел и сум убеден дека кој и да беше на тоа место ке го направеше истиот успех... Но, тој се погоди на вистинското место во вистинското време и постигна големи резултати, тешко достижни, заради сега за сега, недоминантноста на Ферари...

..... Само запамтете имало и ќе има.... И тоа со Луис, не можеш да знаеш како било.... Јас само наведов пример, но можи не е така.... Јас навивав за Луис, и пратев на лајфтајминг, кој како возеше.... Баш се чудев како е можно Глок да биде толку горе... Но и додека Луис беше пред Ветел, Глок возеше исто време, апсолутно исто време.... Тоа е 100% сигурно.... Побарајте негде низ податоци, литература, ке најдите.... Но, неговите антисимпатизери се убедени дека е намерно, дури тоа го нагласуваше и коментаторот на Алфа, како и Миленко, што е знак на нивната непрофесионалност, нешто заради кое ќе остание на предпоследното место за изразот на новинарите....
 
Ima so garancija. Kaj nema deneska koga se se raboti za pari, a ne za tie milionski sumi koj znae so sve praat kakvi se ne namestaljki. A da ve podsetam samo na trkata koga Sena zagina sumaher pobedi, pa duri i se raduvase na pobedata dodeka site zalea.

Прво и основно сигурен сум дека не си ја гледал таа трка за да знаеш што било еве како изреагира шуми кога се изедначи со победи со Аиртон сена вајда не плaче од среќа.

 
Одма еден аргумент, доста битен за човештвото и општо за „Спортскиот џентелменизам“ кој за жал, најголемиот на сите времиња го заборавил во школските клупи од основното образование....

И да, во објаснувањето на видеото, веднаш под него, се е убаво кажано...

 
Заптија Стојков има документи каде што може да се прочита дека Шумахер е масон, внук му е на Рокфелер директно учествува во избирањето на Американскиот и Рускиот претседател, руши влади заедно со Сорос, поседува 5 нуклеарни бомби на својот имот во Швицарска, така да не ме чуди да има вмешано прсти во „убивството“ на Аиртон Сена. ц ц ц
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom