Temu (Тиму) - Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Cataleya
  • Време на започнување Време на започнување
Во моментов сиот транспорт на пратките од Тему во Македонија го врши еко логистик. Oд вчера почнаа и на пратките да им ставаат и нивни тракинг броеви така што пратката можете да ја следите на сајтот на еко логистик https://cc.els.mk/.
Инаку рокот им е 3 недели максимум и тоа од затворање на нарачката до преземањето на пакетот што во споредба со Али Експрес е идеално. Кај АлиЕкспрес почна драстично да расте цената на транспортните трошоци а рокот на испорака во Македонија е очајно долг. Пратки кои сум ги нарачал во август ги добив дури во ноември.

Тоа што гледам рејтинг од 1,9 на гугл не ми влева доверба дека се нешто професионални. Додатно што имам пакет пристигнат во Македонија на 26.11, помината царина на 28.11 и се уште чекам да го донесат.
 
Во споредба со македонски пошти се супер.
 
Во споредба со македонски пошти се супер.

Кога веќе ги спомна македонски пошти, гледам вчера ми стигнал од ибеј нарачка кај нив, да одам да ја подигнам или да чекам поштар што којзнае дали и кога ќе дојде?
 
Кога веќе ги спомна македонски пошти, гледам вчера ми стигнал од ибеј нарачка кај нив, да одам да ја подигнам или да чекам поштар што којзнае дали и кога ќе дојде?
Провери дали пратката е во твојата локална пошта. Се гледа според поштенскиот број.
 
Изгледа е во пошта кај железничка, ќе им се јавам за секој случај, ако не ги добијам ќе тркнам денес/утре.

Untitled.png

Инаку се јавив пред малку на ЕКО и ми рекоа дека се уште не била пуштена од царина пратката. :rolleyes:

Untitled.png
 
Последно уредено:
Поштата кај Железничка е приемна пошта, откако ќе да заврши со царинење пратката се префрла во локалната пошта.
 
Гледајќи што се има наидов на слушалкиве.

https://share.temu.com/DLeSe5OPjNA

Истaва фирма слушалки и во Anchoch имаат, можеби не истиот модел ама имаат. Не знам само колку се овие квалитетни слушалки.
 
Последно уредено:
Ништо немам никогаш порачано од Temu ама приметив дека сега ми е намалено сумата до колку може да се нарача. На почеток ми беше 1000 и нешто денари а сега ми е 600 денари.
 
А дали се плаќа на карго службата или е скроз free shipping?
 
Мислам дека голем број бизниси ќе банкротираат и луѓе ќе изгубат доходи од ова.
Бит Пазар, Зелен Пазар, разни продавници за играчки, маалски бутици, улични продавачи...
 
Тоа што гледам рејтинг од 1,9 на гугл не ми влева доверба дека се нешто професионални. Додатно што имам пакет пристигнат во Македонија на 26.11, помината царина на 28.11 и се уште чекам да го донесат.
Многу луѓе не ја разбираат поентата на Тему, а таа е сосема иста како онаа на Алиекспрес, Амазон и останати гиганти. Целта е да приберат што е можно податоци, да го истражат пазарот и да проценат за идните нивни вложувања и реакции на пазарот, а податоците ги добиваат така што некој Марчело или Гагс или Стефан ќе креира профил на апликацијата, ќе остави број на картичка итн итн, со што они со помош на AI прибираат што е можно податоци и прават пазарна анализа за тоа какви производи се најбарани, какви се методи на плаќање се користат... Затоа на почетоков направи бум, народ се полета за евтини производи, ама кога ќе им заврши “тест“ периодот работите ќе се сменат, особено ако проценат дека не сме им интересен пазар.
 
Мислам дека голем број бизниси ќе банкротираат и луѓе ќе изгубат доходи од ова.
Бит Пазар, Зелен Пазар, разни продавници за играчки, маалски бутици, улични продавачи...
Мислам дека не. Ова за некој бизниси е супер да си нарачуваат роба за нивни продавници или тезги.

Голем број тезгароши, мобилари што продаваат галантерија маски, кабли, полначи, заштитни стакла, звучници, слушалки и многу друго верувам ги нарачуваат од Тему и Али.

Ете го и Bazaro повеќето а можеби и 80% или 90% што се продава таму можеш да го најдеш на Тему и Али. Доволно е кога си во Bazaro да го сликнеш производот и да побараш на Тему и Али со сликата ќе ти го најде производот.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom