Телма Телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата Lincoln Burrows
  • Време на започнување Време на започнување
Според Бум ТВ пишува дека утре ќе давале отворено студио за изборите во Грција :ROFLMAO:
 
Да, денес имаа неколку реклами, и тоа со потготвени графики со имињата на лидерите. Телма нема дадено отворено студио за наши избори, даваат концерти, ќе давала за грчките. :ROFLMAO:
 
:lolzz::lolzz:e ajde de
 
Да, денес имаа неколку реклами, и тоа со потготвени графики со имињата на лидерите. Телма нема дадено отворено студио за наши избори, даваат концерти, ќе давала за грчките. :ROFLMAO:
Сорос :icon_mrgr:
 
Баш ме интересираја изборите таму, како ми погодија.:giggle:
 
Да, денес имаа неколку реклами, и тоа со потготвени графики со имињата на лидерите. Телма нема дадено отворено студио за наши избори, даваат концерти, ќе давала за грчките. :ROFLMAO:
Нашите избори не одлучуваат ништо, освен кој ќе биде ага у Македонија. Кај грците моментално во прашање е судбината на еврото. Последните варијации на еврото се пред се политички и под влијание на пред изборните ветувања во Грција. Исто така ова во Грција може да биде пресврт од дуополот што го имаше последните децении. За тоа и се интересни изборите, а останатите телевизии нека даваат турски серии со индиски шмек.
 
Леле стварно ќе имаат емисија за изборите во грција, алал им вера не даваа за во МКД, даваат за во Грција, најјаки тролови во државава алал им вера :cuc: :cuc:
 
Moжеби се вежбаат за наредните избори во Македонија па кога ќе дојде време да бидат добро спремни :icon_lol:
 
Vecerasnata emisija KOD vo 18:45 e posledna emituvana na Kanal 5 televizija. Od idnata nedela KOD ke mozete da go sledite na Televizija Telma . Za mene e predizvik da bidam del od televizija koja producira sopstvena programa I programa na makedonski jazik nasproti srpsko –turskata ,,okupacija,, na del od TV kanalite . Im se zablagodaruvam na kolegite novinari I tehnickata ekipa na Kanal 5 za sorabotkata vo izminative pet godini .
 
ЕКСКЛУЗИВНО: Чомовски, Лупевска и Христов во нов дебатен проект на „Телма“
Наредната недела, односно на 8-ми февруари би требало да започне новиот дебатен проект на телевизија „Телма“.

Новиот дебатен проект, како што дознава „Булевар“, ќе го водат три многу добро познати имиња во македонското новинарство, Александар Чомовски, долгогодишниот новинар во А1 Телевизија, Снежана Лупевска, новинарката која години наназад ја работи емисијата „Код“, која се емитува на „Канал 5“ и третиот новинар водител, Боби Христов, поранешен новинар на 24 Вести, а сега во Телма.

Емисијата ќе се емитува секојдневно, а ќе се менуваат водителите, тврди за Булевар извор близок до Телевизијата Телма. Точното име на емисијата сè уште не е утврдено, но во игра се има две имиња, а „кумовите“ сè уште не можат да се договорат, додава изворот.

Точниот концепт на емисијата би бил нешто како „News night“ на BBC, дебата на повеќе теми, но секогаш од концептот до реализацијата има разлика, дознава „Булевар“.

Студиото е во подготовка, терминот би бил во 20.00 часот, а можно е и веднаш после вестите, во игра се и двете опции, додава изворот близок до „Телма“.

(Ване Андонов)
bulevar.info
 
Ќе биде убаво да се види асална дебатна емисија со Александар Чомовски, под услов да биде ако не иста како Чуму, тогаш барем за нијанса слична на Чуму.

Но со воведувањето на ваква емисија во својата програма, Телма и Макпетрол мораат да се подготват за масовни и екстремно чести посети од УЈП и од останатите инспекциски служби, како и на што е можно повеќе вонредни контроли од АААВМУ, бидејќи со воведувањето на ваква емисија во својата програма, Телма се става себеси пред водот за стрелање на пвеводбениците.

Дали има доволно силен панцир за да го преживее стрелањето, или ќе заврши како А1 Телевизија, допрва ќе видиме.

:semolam: Бог нека им е на помош на Телма, на нејзините новинари, на нејзините вработени и на Макпетрол и на сите нивни вработени !!! :semolam:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom