Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Најверојатно со исклучување од струја, јас додека го имав, не најдов таква опција.
 
Ај пробај во некој пребарувач, пиши 192.168.1.1, би требало да ти се отвори менито на рутерот и таму барај опција Connect/Disconnect.
Оди на IP http://192.168.178.1/
фабричкиот password го има позади на рутерот
Потоа од менито избери Advanced Settings > Internet > Account Information > Operating Mode

Избери

[[Use Speedport as a DSL modem]]
Each connected computer establishes its own Internet connection using its own access software
и
Connected network devices are also allowed to establish their own Internet connections (PPPoE Passthrough)

 
Фала ви на сите за помошта а посебно на тебе xlisp :) Да не беше ти незнам што ке правев xD
 
има ли некој со 30 гига да ги надминал па да каже дали му се намалила брзината или добра си е ? :) (за март месец)
 
Здраво луѓе, прашав на темата на Оne, ама да прашам и тука.
Следи цитат:
Поднесов барање за раскинување на анекс договорот со Т-Home, односно да се префрлам од Call and Surf Comfort+ на обичен пакет, без интернет, само со фиксна телефонија. После тоа, отидов во One, и таму ја пополнија таа апликацијата, бла бла, па утре треба да одам да потпишам договор со нив, по што они ќе чекале (наводно) зелено светло од Т-Home, за да можат да ја превземаат телефонската линија.

Имате ли информации за тоа колку трае префрлувањево, и колку денови можам да останам најмногу без интернет, итн итн?
Не е проблем ако е 2-3 дена, ама ако е повеќе, тогаш тоа воопшто нема да чини.
 
Здраво луѓе, прашав на темата на Оne, ама да прашам и тука.
Следи цитат:

Од тоа што имам читано на темата за Оне а и од тоа како стојат работите во пракса, откако ќе потпишеш договор со Оне (за интернет) чекаш едно 5-6 дена додека да ти го пуштат сигналот, а за административните работи (префрлувањето од тхоме во оне) не би требало да биде повеќе од 2-3 дена. Не би било лошо и да се јавиш на 181 па од таму подетално да ти објаснат како одат работите :)
 
има ли некој со 30 гига да ги надминал па да каже дали му се намалила брзината или добра си е ? :) (за март месец)
Е баш има ли некој со надминат лимит да ни каже дали се успорува нетот :)
 
После 2 години дојде време за раскин, 1 700 денари за 10 мегабити со лимитирани 250 гига е премногу скапо.
 
Денеска ми одговорија од АЕК за автоматското продолжување на договор:

Почитувани,
Договорите не може операторот да ги продолжи по автоматизам, корисникот може да ја користи услугата и понатаму доколку операторот ја испорачува но сепак нема да има договорна обврска со задолжително времетрање на договорот.
Со почит АЕК
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom