Од балканските земји Македонија има поефтин интернет само од Албанија, покажува истражувањето на Интернационалната Телекомуникациска Унија (ITU). Тоа што е позитивно е што за интернет во 2009 година плаќаме помалку одошто сме плаќање во 2008 година. „Поефтините цени можат да го зголемат интернет пристапот и користењето, а високиот развој на ИКТ може да ги намали цените, според економската скала. Зголемената либерализација на пазарот и конкурентноста води кон поефтини цени што води кон поразвиена информатичко-комуникациска технологија.“ пишува во
извештајот на ITU.
Според развојот Македонија се најде на 51-то место на ИКТ развојот, што е напредок од 63-то место во 2007 година. Најголемиот развој се уште доаѓа од мобилната технологија.
„Македонија беше многу активна во промовирање на аспектите на информатичкото општество.“ пишува во посебниот дел (box2.6) од извештајот посветен на Македонија во кој се наведува дека владате инвестирала во „ИТ културата“ нудејќи стипендии за талентирани студенти и бесплатни интернет клубови. Според извештајот „Measuring the Information Society 2010“ најголем пад на цените ширум светот забележува широкопојасниот интернет, кој станува се подостапен и за не-толку развиените земји, но сепак цените сé се уште скапи во споредба со мобилните или фиксната телефонија.