И за тие пакети ја користат финтата ДО. Мамата хохштаплерска, не можат ни 8 Mbps да ГАРАНТИРААТ а бараат уште само 200 денари за ДО 20 Mbps.
The Man, 10Mbps скоро никаде не држи. 20 е сон што нема да се оствари наскоро. Барем не за само 200 денари. Очаен обид им е само да присоберат уште некој денар од народов напатен, услуга таква не можат да дадат. Ако можат нека бришат тоа до. Барем од пакетите со 8-10 Mbps.
Јас 4 дена бев со 10/1 конфиг, а 6-7 месеци со 8/1 и супер беше. На 300м растојание од локалната пошта сум. Не ме прашувај зошто имав такви брзини, нејќев да им се јавам и да се бунам заради тоа што немав 6, туку имав повеќе.
