Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Не, околу 8-8:30 изгледа падна линијата и се укочи сликата на телевизијата, после проверив дека свети црвено на рутерот. Плус некои страни ги отвараше цела вечност. Сега се е добро и фура нормално.
 
Инаку приметив претходните постови пишувале за торентите и јас го приметив тоа, некои торенти со доста сидери воопшто не ни симнуваа, ама мислам дека тоа има глобална врска, нешо ми изгледа ко да сакаат да го кикнат торент, како што тоа го направија со limewire, megaupload и други пиратски страни.

Божем не го прифатија тој законот за пиратерија ама по се изгледа дека нема да можеме во иднина да симнуваме филмови и други срања бесплатно барем јас така мислам.
 
вчера и денес торентот иде со макс. брзина :)
 
^ Да го потврдам ова од погоре, моментално симнувам со 900 kB/s, после не знам колку месеци.
 
да, проблемот е фикснат веќе неколку дена
ама мислам дека тоа има глобална врска, нешо ми изгледа ко да сакаат да го кикнат торент, како што тоа го направија со limewire, megaupload и други пиратски страни.
полека жити се, не трескај глупости
теоретски возможно е да се деси тоа ама не може така едноставно да се случи
имаш илјадници(?) страни со торенти, стотици(?) торент клиенти...
и не можеш да го споредиш со limewire(апликација/торент клиент), megaupload(страна) кои многу едноставно може да се затворат, како и што се случи.
 
да, проблемот е фикснат веќе неколку дена

полека жити се, не трескај глупости
теоретски возможно е да се деси тоа ама не може така едноставно да се случи
имаш илјадници(?) страни со торенти, стотици(?) торент клиенти...
и не можеш да го споредиш со limewire(апликација/торент клиент), megaupload(страна) кои многу едноставно може да се затворат, како и што се случи.

Oк бе па и ти, не ме карај, јас иако сум паметен мора некогаш и некоја глупост да треснам :icon_lol: , не сум размислувал толку за торент па да знам све, си пишав мое мислење и за мене така е! :icon_mrgr:
 
А зошто макс оптик ги нема во куќи него само во згради? Прашањево не е за мене (живеам во зграда кај шо има оптика). Јас мислам дека е до тоа што се потребни многу пари за да можат посебно само за твојата куќа да ископаат и да донесат оптика..
 
Не е точно дека има само во згради, еве јас живеам во куќа а имам отпика веќе 7-8 месеци :) За да ме приклучат влечеа кабел околу 100-150 метри, сепак тоа им се пресметани трошоци, така да не верувам дека ако некој што живее во куќа и поднесе барање за оптика (а има техничка можност) ќе биде одбиен.
 
Ти удрија вселенска цена за да те приклучат?
 
Ти удрија вселенска цена за да те приклучат?

Баш напротив, не платив ништо за приклучокот, исто како што не платив ништо за опремата (оптички терминал + рутер + два ресивери).
Незнам дали си слушнал некоја погрешна информација или вака од тебе си измислуваш дека се плаќа вселенска цена за приклучок.
 
http://www.maxtv.mk/mk/203/Paketi/3_Max_Optic.html

Ме интересира, од кога се новиве цени за 3 Max Optic пакетите? Знам пред некое време го чепкав сајтот и цените беа ептен високи...некоја тазе нова понуда е, или?
Цените на обичните пакети ги сменија у Мај, а на оптика мислам Јуни/Јули тамо негде. Сепак... тазе цени се :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom