Значи какви трач баби се станале... Ви се чудам на пола од муабетиве, ваква мрежа онаква мрежа, ваков сајт, онаков сајт...
Еве ви малце инфо како корисник кој нешто повеќе знае за работите - да не биде ова ккако со вакцините по МК порталите:
1.
Да, имаше денес проблем со отворање на сајтот, ама морам да признаам дека изненадувачки беше количината на сообраќај кон него (несум сигурен дека целото тоа беа реални посетители, дај боже да грешам!!!) - еве сега сајтот делува дека функционира ОК - секако ако продолжи „стресот“ кој го прави самото објавување може да констатирам дека понудата и не е толку лоша

Јас скоро и не видов толку нејасни работи во однос на специјални броеви (особено ако погледнете и во делот фиксна каде што се детално разјаснети) и сигурен сум чим малце легне прашината и еуфоријата сајтот ќе биде дополнет и појасен за многу работи...
2.
Околу недостапноста на мрежата од ВИП - проблемот е во ВИП и нивната „желба“ да им вратат на некои луѓе за истите такви „проблеми“ кои се случуваа кога ВИП почнуваше како трет мобилен оператор пред неколку години...
До вчера за корисниците на ВИП, мрежата на Телекабел викаше дека „бројот не постои“ за да денеска мрдне чекор понапред па сега делува како веднаш да ви изгасил некој (reject call)... Моето скромно познавање на телекомуникации кажува дека ова е сеуште проблем некаде низ подесувањата на ВИП, но дека поради ризиците за огромни казни за некоректно однесување на оператор со значителна пазарна моќ (ВИП) кон нов/помал оператор (Телекабел) ова „мистериозно“ ќе се реши во наредните денови за да не дојде до ситуација АЕК да го казни ВИП некои 10-15% од годишен приход за 2019
3.
Околу стабилноста на мрежата, ако не разбирате како функционираат мобилни мрежи немојте да „трескате зелени“ - „позајмување“ на базни станици не постои. Постои или целосен закуп на мрежа (како што ВИП сакаше да ја нуди старата 3Г мрежа на заинтересирани оператори пред да ги врати дуплите фреквенции) или делење на мрежа (каде што ресурсите се делат доста рамномерно и бидејќи операторот кој нуди мрежа наплаќа по испорачан капацитет има интерес да има одлична мрежа и за „конкурентот“)
впрочен еве неколку тестови за да видите дека мрежата на Телекабел е иста (или некогаш и подобра на истата локација ) со 4Г мрежата на Телеком (во тестовите има и „3G only“ тестови ама мислам дека лесно ќе ги воочите кои се)
https://www.speedtest.net/result/a/4534034005
https://www.speedtest.net/result/a/4537531805
https://www.speedtest.net/result/a/4541837707
https://www.speedtest.net/result/a/4554229418
https://www.speedtest.net/result/a/4587641770
4.
За понудата на телефони, очекувам дека понудата ќе се гради врз понуда на телеофни кои ќе може да се набават на пазарот и ќе се добиваат на рати или комплет во кеш (како што и впрочем може да се добие впечаток од флаерот) сепак бидејќи нема договор за верност кој ве обврзува 24 (или можда 12 месеци) логички е дека нема да може да се понуди веднаш понуда иста како кај другите оепратори...
Иако, мислам дека за 3-6 месеци во понудата ќе бидат вклучени и сите популарни брендови - особено ако операторот свати дека нудењето на телефон може да помогне, но ако одиме по методите на другите оператори кои продаваат заклучени телефони (кои потоа кажуваат дека немаат обврска да ги отклучат) по цени скоро и 30% од тие достапни во мобилари или продавнити за електронска опрема, можеби и понудата на телефони и не мора да е толку богата...
Еве личен пример, што ќе ми е мојов Samsung Note8 заклучен на ВИП кој беше проценет на 62000 денари кога беше Flagship model (сега на сајтот Note 9 е проценет 63000) ако истиот можев да го купам во продавница за електронска опрема за 50000 (или сега Note9 за 59000) особено ако ВИП ми дава 12 месеци гаранција и заклучен телефон само со ВИП мрежа, а секоја продавница 24 месеци...
Нејкам да коментирам какви случаи знам за iPhone кој е заклучен и кој после 24+ месеци сеуште нејќе да го отклучат е бил проценет на 80000+ денари вредност...
Ајде сега назад на темава и дискусијата да биде примерна, просторна и демократска... да не биде дошол модератор Ви го земал скалпот... и да за оние кои одма ќе почнат со лични напади и навреди не сум во никакви бизнис релации со Телекабел, но сум човек кој е вклучен во телекомуникацискиот пазар од времето кога Телеком беше Т-мобиле, ВИП не постоеше па почнуваше, а имаше еден оепратор кој се викаше Космофон што потоа стана ОНЕ - па слободно може да кажам дека сум доста упатен во темата