Телекабел интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата cYb3rc0re
  • Време на започнување Време на започнување
Некој вика на телекабел на аналогната ги пуштиле спорт клуб програмите, ај нека потврди некој?
 
Јас решив да ставам од телекабел, во секој случај подобри се од Неотел. Овие па не ми дозволуваат кој сакам порти да ги отворам, т.е. треба да ги молам. Него прашањето ми е, кој модем да го земам од тие 4 понудени. Се разбира само да го немам проблемов како што го имам со Неотел, да не можам кој сакам порти да ги отварам, и да не можам да добијам јавна IP адреса него некој локална од антената.

Стандардите одат нагоре, еден ден наскоро и така и така ќе треба да земаш DOCSIS 3.0 модем.
Проблемот со затоврни порти нема да го имаш безразлика кој модем ќе го одбереш.
Јавни адреси ќе добиеш три.
 
Стандардите одат нагоре, еден ден наскоро и така и така ќе треба да земаш DOCSIS 3.0 модем.
Проблемот со затоврни порти нема да го имаш безразлика кој модем ќе го одбереш.
Јавни адреси ќе добиеш три.

Брат тоа ми е најбитнотно, а ако зимам од модемите, ќе го земам оној предпоследниот
 
Некој вика на телекабел на аналогната ги пуштиле спорт клуб програмите, ај нека потврди некој?

Да кај мене ја има ќе ти сликав ама дигиталниот апарат не ми е тука:nesum: Ја има таа обичната Sport Klub
 
1087446281.png
ова беше вчера

:zid: за малку - 002 кај мене
за вируси имам СИГУРЕН СУМ

ама мене ми е поголем.......пингот :pos2:
Јас препорачувам DOCSIS 3 модем - бидејќи имаш повеќе можности за понатаму ... по дефиниција подобра стабилност.
добро е ти шо препорачуваш ама да те прашам колку пари е тој модем???????? оти не планирам да им се јавувам и да прашам оти многу тешко да фатам линија и избегнувам да ги барам на телефон

јас имам моторола с5101 мислам дека беше и си го купив пред 3 год за 2000 ден мислам и како шо прочитав тука ако сум го врател овој моторолата и да земам доксис 3 имам 1000 ден попуст ама колку пари е тој доксис 3??????

фала пријатно

моментално добар е
1089627373.png
 
Овие копилињава од Телекабел ги исклучија Фокс Лајф и Крајм за стално како Дискавери, или така ми се чини ?!
 
На каналот се врти порака дека има нови канали.SportKlub,SportKlub+,Cinemania,Nature,Ultra и други.Пробав да ги најдам ама не успеав.Кај вас ги има ли?Кај мене само спортклуб ама тој го имам од пред некој ден
 
Во Штип ја има само Спортклуб,да не се овие само за дигиталниот пакет?
 
Во Штип ја има само Спортклуб,да не се овие само за дигиталниот пакет?

Не се јас се јавив и ми рекоа дека не се за дигитална.Изгледа треба време да ги сменат фреквенциите претпоставувам
 
Имате инфо канал каде што убаво ви пишува дека имате 7 нови канали меѓу кои и 2-те СПОРТКЛУБ ајде скенирајте ...
 
кога вадам ју туб клипче преку даунлоад хелпер од пред некој ден заприметив дека спуштам со неколку мегабајти во секунда :nesvest: т.е 1,3 мегабајти за последното клипче - значи како 10 Мбит да имам - а торенти вадам со 600-650 кб

до пред некој ден вадеше максимум со 150-200 килобајти (НОЌЕ) а сега рекордот ми е со 1,8 МБ (мегабајти) за ју туб клипчиња

ама тој клип од 13,4 мб го вадев можи неколку минути (изгледа со 100-200 кб вадеше а не можев да видам) за да на крајот вади со скоро 2 мб ама џабе кога се изначекав отприлика 5 минути оти ако вадеше со 1,3 мб ке завршев работа за 10 секунди а не 5 минути


дали и кај Вас е така?

п.с еве доказ

http://img145.imageshack.us/img145/8345/nemogu4e.jpg


1090064218.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom