Текнувалница за закони (предложете закон)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
До неодамна се смеевме на глупавите закони низ целиот свет, но Македонија почна да им претставува сериозна конкуренција на Бахреин, Индонезија, Сингапур и Конго... Штотуку слушнав дека наскоро кај нас ќе се воведуваат и „комуналии за музика“, па кога сме толку креативен народ, слободно може сите да се вклучиме во креативните предлози за закони кои незнам како, ама сигурно би ни го подобриле животот.

Да почнеме со еден добар предлог:

1) Закон за забрана за носење на градници
- Со овој закон целосно би се забранило носењето на градници во периодот од 20. март до 21. декември. Градниците претставуваат зло на денешницата, со својот негативен ефект врз градите на женската популација и очите на машката популација. Носењето на градници ќе се толерира само зимскиот период поради реалната потреба за затоплување на телото на носителот, со издавање на соодветна лиценца која ќе ја доделува министерството за здравство. Издавањето на лиценците за носење на градници ќе се врши со претходно телефонско закажување и ќе чини 1.200 денари во нормална и 2.500 денари во итна постапка.

Казната за прекршителите ќе изнесува од 300 до 650 евра, во зависност од бројот на градникот.

Освен тоа, се проценува дека примената на овој закон ќе донесе околу 140.000 нови гласови од машката популација во Македонија, без разлика на нивната партиска преодреденост.

To-do:
1) Да се најдат статистички податоци и научни статии поврзани со штетноста од носењето на градници, во случај законот да наиде на неодобрување кај женската популација, или ако заврши на Уставен;
2) Брејнсторминг за рекламна кампања: градници <-> смрт, без градници <-> расцветани пупки, слобода, секс, зголемување на наталитет.
3) Зголемена инспекција на пазарите, запленување на турски и кинески градници без декларација, зголемување на цената на градниците кои би се носеле во зимскиот период;
4) Поставување на споменик во центарот на Скопје - голограда жена;
5) Разно.


Слободно, предложете ваш закон :)

Закон за вадење на двете очи на мажите, за да се намалат трошоците во здраството, заради очекуваниот наплив на повредени мажи со разбиени чела, како резултат на прекасното избегнување на бандерите кои ќе им се испречуваат пред нив, како резултат на законот за забрана за носење на градници.
Може да се интервенира со амандман, на секој стоти маж да му се остава по едно око, како мониторинг, за контрола на успешното почитување на законот од страна на жените. Со напомена да им се вади десното око, знаејќи дека поголемата опасност од непочитување на законот за забрана за носење на градници доаѓа од левата страна... на бандерата :)

И ако може да се вметне, секоја недела, мажите со по едно око да се одмораат, така што голоградите жени ќе избегнуваат да им доаѓаат од левата страна... :)
 
Изгледа има донесено закон.Задолжително дигање на колите со пајак од пред зграда на паркинг.Ете тоа се деси кај мене вчера (за среќа сите комшии се побунувме едно 50 души се симнаа и можеа и ќутек да изедат они ќе ми дигаат кола од пред зграда бог да чува !!!)
 
Да се донеси закон за забрана на конзумирање алхохол, а да се дозволи јавно конзумирање марихуана, и сите ќе бидат срекни и насмеани

па ке нема пијани хроники.

а да, и да се забрани турбофолкот.:helou:
од толку дување кога нема да им се дига после на пола свет...ќе бараме други закони х)...после девојчињата нема да ни чинат :pos2:

Поради загушна атмосфера во локалите,се забранува јадење граФ во петок и сабота.
аххахахааххах...законот за забрането пушење по локалите на твојов може вода да му носи :pos2::helou:
 
На сите бандери во Петровец да се постави Еркондишн !
 
На филмо Титаник да се дава екстра пичетки :)
 
Да се забранат бради, освен за свештени лица!!!
 
^Ти да се бричиш секој ден да видиш како е :)

Аналогно на постот над мене, би предложил да се забранат градници(и за машкиот и за женскиот пол, да докажам дека не сум дискриминирачки настроен) освен за свештени лица и лица постари од 60 години.

едит: не видов дека некој веќе го предложил овој закон :)
 
Право на бесплатен интернет за сите граѓани на РМ со брзина од 10 Мб/Пс Даунлоад/Аплоад 1000 ГБ :pos2:
 
Да се забранат бради, освен за свештени лица!!!

Немој вака молим те. Сигурно ќе кркав доживотна казна ако законот шо го предложваш стапеше на сила :)

--- надополнето ---

И би го клал пак на гласање законот за миниќи
 
закон- еден маж да може да има макар по две жени ,а најмногу до 7(по една за секој ден);)
 
Закон за да нема закони. Кој свати, свати кој не нека проба уште еднаш...:icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom