Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.492
- Поени од реакции
- 35.445
- Возраст
- 40
- Локација
- Скопје
- Веб-сајт
- www.kajgana.com
До неодамна се смеевме на глупавите закони низ целиот свет, но Македонија почна да им претставува сериозна конкуренција на Бахреин, Индонезија, Сингапур и Конго... Штотуку слушнав дека наскоро кај нас ќе се воведуваат и „комуналии за музика“, па кога сме толку креативен народ, слободно може сите да се вклучиме во креативните предлози за закони кои незнам како, ама сигурно би ни го подобриле животот.
Да почнеме со еден добар предлог:
1) Закон за забрана за носење на градници
- Со овој закон целосно би се забранило носењето на градници во периодот од 20. март до 21. декември. Градниците претставуваат зло на денешницата, со својот негативен ефект врз градите на женската популација и очите на машката популација. Носењето на градници ќе се толерира само зимскиот период поради реалната потреба за затоплување на телото на носителот, со издавање на соодветна лиценца која ќе ја доделува министерството за здравство. Издавањето на лиценците за носење на градници ќе се врши со претходно телефонско закажување и ќе чини 1.200 денари во нормална и 2.500 денари во итна постапка.
Казната за прекршителите ќе изнесува од 300 до 650 евра, во зависност од бројот на градникот.
Освен тоа, се проценува дека примената на овој закон ќе донесе околу 140.000 нови гласови од машката популација во Македонија, без разлика на нивната партиска преодреденост.
To-do:
1) Да се најдат статистички податоци и научни статии поврзани со штетноста од носењето на градници, во случај законот да наиде на неодобрување кај женската популација, или ако заврши на Уставен;
2) Брејнсторминг за рекламна кампања: градници <-> смрт, без градници <-> расцветани пупки, слобода, секс, зголемување на наталитет.
3) Зголемена инспекција на пазарите, запленување на турски и кинески градници без декларација, зголемување на цената на градниците кои би се носеле во зимскиот период;
4) Поставување на споменик во центарот на Скопје - голограда жена;
5) Разно.
Слободно, предложете ваш закон