Те мразам затоа што си подобар човек од мене?

Постојат личности кои веднаш се забележува дека се харизматични, начитани, добродушни, реални, искрени, хумани, едноставно пленат на прв поглед. Дали покрај нив чувствувате комплекс на пониска вредност? Дали и зошто ги напаѓате и се трудите да им пронајдете недостатоци? Дали некогаш сте се почувствувале омразено, затоа што сте подобри? Колективен бес, истурен над вас, да не речам? На луѓето со морален интегритет, цврст став и позитивизам, им завидувате или им се воодушевувате? Ги сметате ли за конкуренција? Темава ја отворам изреволтирана од темата "Лижење", како и неоснованите навреди упатени кон некои членови, независно од тоа дали се администратори, модератори или обични смртници.

Сакам луѓе со широко срце, што не се пресметливи, што не малтретираат со својата горделивост, со морален интергритет, да..., добрината посебно ја ценам ама ретко ја има.

Таман работа да ги сфаќам како конкуренција - напротив, ги сакам во своја близина таквите.
 
Ова во народот е познато како Македонски синдром.Патење од комплекс на пониска вредност.Работава да му умре козата на комшијата пошто ја неам коза и он да нема бе,зашто ја да немам а он да има.:nenene:Баш како што спомнаа некои се нарекува ЗАВИСТ.За жал живееме во таква средина кај што секој гледа колку што е можно повеќе да ти одмогне,да те зафркне,да ти постави сопка само затоа што ти си подобар од него.Греота е стварно...Ретките се луѓето што навистина ги согледуваат и ги почитуваат квалитетите на една индивидуа и настојуваат колку што е можно да научат од истите.Лично среќна сум што такви луѓе што ги поседуваат горенаведените квалитети се во моја близина:icon_bigg
 
Ова во народот е познато како Македонски синдром.Патење од комплекс на пониска вредност.Работава да му умре козата на комшијата пошто ја неам коза и он да нема бе,зашто ја да немам а он да има.

Балкански синдром кој во последниве неколку години прогресираше во насока - да умре комшијата за да му ја земам козата:wink:

Сепак, не само што не ги мразам , туку и немам никакви негативни трансфери кон луѓето подобри од мене, затоа што од една страна можам многу да научам од нив ( но никогаш не ги гледам како идоли) , а од друга страна се додека некој на некого завидува не постигнува ништо освен заглавување во туѓ живот и со тоа испуштање на сопствениот, на сопствените желби итн итн.
 
Јас да си одговорам дека го спомнав завидувањето во мојот пост. Им завидувам на таквите луѓе што успеваат да се такви покрај се` и им се восхитувам. Завидувам кога некој ладнокрвно прима лоши вести, кога некој знае како да се справи со се`, кога некој и во најлоши моменти знае и може да е најпозитивен човек на светов, кога некој е отпорен на неправди и не си ги зема при срце итн. Им завидувам на таквите, бидејќи јас така не можам. Затоа не сфаќам, како со тоа јас не постигнувам ништо освен заглавување во туѓи животи?
 
Постојат личности кои веднаш се забележува дека се харизматични, начитани, добродушни, реални, искрени, хумани, едноставно пленат на прв поглед. Дали покрај нив чувствувате комплекс на пониска вредност? Дали и зошто ги напаѓате и се трудите да им пронајдете недостатоци? Дали некогаш сте се почувствувале омразено, затоа што сте подобри? Колективен бес, истурен над вас, да не речам? На луѓето со морален интегритет, цврст став и позитивизам, им завидувате или им се воодушевувате? Ги сметате ли за конкуренција? Темава ја отворам изреволтирана од темата "Лижење", како и неоснованите навреди упатени кон некои членови, независно од тоа дали се администратори, модератори или обични смртници.

Луѓето со вакви карактеристики денес се многу ретки да ги пропуштиш поради тоа што ти си малку "понесовршен" од нив. Сакам се` што е позитивно и се` што носи муабет со него. Моменти кога можеш да уживаш дискутирајќи со некого, да не забележиш кога ти поминало времето, да "пиеш" квалитетни информации и релаксирано да се зезаш без притоа да се плашиш дека нема да бидеш сфатен треба да се ценат и да се настојува да бидат почести и поцврсти.
Да почуствувам омраза према тој што знае повеќе од мене? Не, не! Попрво ќе почуствува тој кон себе што толку знае кога ќе почнам да прашувам и препрашувам. :icon_lol:
 
Постојат личности кои веднаш се забележува дека се харизматични, начитани, добродушни, реални, искрени, хумани, едноставно пленат на прв поглед. Дали покрај нив чувствувате комплекс на пониска вредност? Дали и зошто ги напаѓате и се трудите да им пронајдете недостатоци? Дали некогаш сте се почувствувале омразено, затоа што сте подобри? Колективен бес, истурен над вас, да не речам? На луѓето со морален интегритет, цврст став и позитивизам, им завидувате или им се воодушевувате? Ги сметате ли за конкуренција? Темава ја отворам изреволтирана од темата "Лижење", како и неоснованите навреди упатени кон некои членови, независно од тоа дали се администратори, модератори или обични смртници.
Не чувствувам покрај никој комплекс на пониска вредност.Познавам една таква Супер- жена која што ми има многу помогнато во животов и имам неверевотна голема почит за нејзе.Едноставно таков човек можи да ти објасни некои работи како на мало дете.Ја немам видено едно две години, ама Господ здравје ќе ја видам набрзо.Мими ти благодарам на темава затоа што со помош на нејзе се потсетив на оваа личност која што ми е многу драга.
 
Јас да си одговорам дека го спомнав завидувањето во мојот пост. Им завидувам на таквите луѓе што успеваат да се такви покрај се` и им се восхитувам. Завидувам кога некој ладнокрвно прима лоши вести, кога некој знае како да се справи со се`, кога некој и во најлоши моменти знае и може да е најпозитивен човек на светов, кога некој е отпорен на неправди и не си ги зема при срце итн. Им завидувам на таквите, бидејќи јас така не можам. Затоа не сфаќам, како со тоа јас не постигнувам ништо освен заглавување во туѓи животи?
Не се заглавуваш Дивне, тоа е човекова нормална карактеристика, да се усовршува. Проблемот настанува, не кога луѓето ќе постапат како тебе, со позитивна "завист" која доведува исклучиво до нивно самоусовршување, туку кога немоќни да се развијат во нагорна линија, ќе почнат со дрва и камења да го напаѓаат "ривалот". Инаку, и јас како тебе, не можам рамнодушно да ги прифаќам работите кои ме тангираат а се невистинити. Исто така не можам да бидам среќна весела и само да се смешкам, кога нешто во душата ме боцка. Бидејќи сеуште се немам изјаснето по темата, тоа ќе го направам сега. Ако нема подобри од нас, тогаш нема да имаме ние од кого да учиме. Ќе мрееме во статус кво. Секој во животот од некого нешто научил. Никој не се родил учен. Само што, разликата е во тоа што некој може и сака да прогресира во делата, а некој не сака(го мрзи, нема воља), па удира по првиот со злоба.Злобата е според мене, најконтрапродуктивна малограѓанска, духовна малверзација на човековото во човекот. Со неа, се изместуваат моралните норми во денешниот социјален свет. Дури и самобендисано е да се прогласиш себеси за паметен... А да се прогласиш за глуп, тоа е скромност...Од ова заклучувам, дека некој попрво би се нарекол себеси "глуп", за да излезе "скомен", отколку "паметен и со позитивни особини", затоа што тогаш е нескромен, арогантен, препотентен, нереален, субјективен... А кога се нарекува "глуп", тогаш е објективен...?! Знам дека тоа како некој себеси милува да се нарече, не игра некоја улога, но муабетот ми беше дека на луѓето кои на моменти се чувствуваат во некој сегмент успешни, се гледа како на "пресамоуверени дегени, дигнати во облаци". Ако јас му се восхитувам на некого, тогаш"лижам за зеленко и не ме бива", а никој не воочува дека тој на кого му се восхитувам(на форумов конкретно), има што да каже далеку повеќе од мене и е УСПЕШЕН. Ова беше конкретен пример за завист, кој сум го забележала на форумов и ме исклучува мене како субјект, но вклучува други.
 
Станувајки завидни на она што го има некој друг, тешко може да најдеме мир во умот.
Завидливоста често доаѓа од чувството за натпреварување, кога сакаме да ги надминема достигнувањата на "другите" т.е подобрите од нас.Се натпреваруваме само за да ја покажеме нашата надмоќ, занесени и постепено губејки ја смислата на сето тоа, напротив да мислиме само на непоходноста на нашиот напредок.Да се надминеме во способностите што е од огромно значење за нашиот став како поединци, така повеке би докажале.
Не е завидливоста чувство што не прави мизерни, туку последиците кога ќе станеме свесни што сме направиле и страдаме од истите.Секоја акција има и реакција.
Кога едноставно би се восхитувале би имале идеал во животот.Искреното восхитување не е инфериорност..
 
Јас да си одговорам дека го спомнав завидувањето во мојот пост. Им завидувам на таквите луѓе што успеваат да се такви покрај се` и им се восхитувам. Завидувам кога некој ладнокрвно прима лоши вести, кога некој знае како да се справи со се`, кога некој и во најлоши моменти знае и може да е најпозитивен човек на светов, кога некој е отпорен на неправди и не си ги зема при срце итн. Им завидувам на таквите, бидејќи јас така не можам. Затоа не сфаќам, како со тоа јас не постигнувам ништо освен заглавување во туѓи животи?
Првиот болд е чисто само колку да ти покажам дека тоа и не е баш така добра особина. Секој човек реагира разлчично на последиците, и секој човек различно ги перцепира работите околу него. Но исто така, секој човек е емотивен на еден свој посебен начин. Можеби токму ти кога ќе чуеш лоша вест, буквално се трескаш од земја, забораваш на се околу тебе и се врзуваш цврсто за она кое е причината за твоето однесување. Меѓутоа, замисли како им е на оние кои реагираат смирено?Секој стрес има дејство на личноста. Човечки може да се контролира само надворешната презентирање на чувствата, но внатрешно сите ги примаме истите удари и ги претрпуваме истите агонии. Енивеј, еден ден кај оние смирените ќе дојде до ненадејно ослободување на емоциите, поточно прскање на заштитната капсула, која ги прави отпорни и смирени на секој стрес, притоа оставајќи трајни последици на личноста. Е токму тоа е многу полошо отколку во моментот на дознавање на лошата вест, да изреагираш драматично.
Вториот болд...Мислам дека всушност она што ти го правиш не е заглавување во туѓите животи. Едноставно, завидувањето стигнува до онаа граница каде ти несвесно, но сигурно се вплеткуваш во проблемите и навиките на личноста од која се обидуваш да научиш нешто. Сепак, карактерот се гради, особините се стекнуваат, а човекот учи додека е жив. Она, пто навистина го сакаш, ќе го постигнеш само со многу труд.
И мислам дека лично ти го немаш проблемот: ТЕ МРАЗАМ ЗАТОА ШТО СИ ПОДОБАР ЧОВЕК ОД МЕНЕ, туку си само понесена од она што ти го наложува светот во кој живееме. Завидувај на нешто што го немаш, но знаеш дека можеш да го добиеш.
 
Никој не би бил човек повеке од друг човек... Разликата е само што некој се докажува повеќе некој помалку.

Инаку Дивјан... Зошто би им завидувал на луѓе кои ладнокрвно профаќаат лоши вести... Тогаш тие ладнокрвно прифаќаат и добри ...
Сепак луѓе сме ... Чувствуваме... Зошто да бегаме од тоа? :):toe:
 
Зошто би им завидувал на луѓе кои ладнокрвно профаќаат лоши вести... Тогаш тие ладнокрвно прифаќаат и добри ...
Сепак луѓе сме ... Чувствуваме... Зошто да бегаме од тоа? :):toe:

луѓе сме да....но поинакво е чуството во душата ко ке ти кажи некој добра вест а поинаку е ко ке биди лоша...сепак се многу различни..како црно и бело...тој шо е весел ако му се кажи добра вест пак ке биде весел...а и ако му се кажи лоша вест сепак тој го крие тоа во срцето и не дозволува да му се уништи расположението....многу пати и тие лоши вести не вредат покасно се сваќа тоа секогаш...па зошто да дозволи да се онерасположи.јас сум еден од тие шо и добри и лоши вести ги примам ладнокрвно и во моментот кога ке ми бидат пренесени не сум изненаден,СЕ очекувам,не се надевам на најдобро секогаш.....
 
Мислам дека во сите нас понекогаш, спрема некого се појавило тоа чувство и таа мисла дека некој ти е супериорен во однос на личноста и добрината. Кај некои сето тоа почнува да зафаќа пошироки размери и преоѓа во завист и сл. Јас, кога ќе сфатам дека има некој таков околу мене и доколку тоа ме засега, ќе се потрудам да станам подобра од него. Нема да го мразам, ниту пак се трудам да го победам на некој глупав начин. Едноставно, ако толку сакам, ќе станам подобра од него. Само, не често ми се случува ова, бидејќи сакам да останам таа што сум. А тие луѓе кои постојано гледаат во другите и се раководат според нив, немаат свое јас, или пак не им е доволно цврсто за да остане онакво какво што е.

Супер тема, МИми :D
 
Секојдневно се трудам да најдам некој подобар од мене.
Константно барам.
Нормално,тоа е за моја корист.
Кога некој е подобар од мене,значи има некоја способност повеќе од мене и јас сакам да ја научам таа способност.
Зошто би мразел луге кои подобри од мене,зошто би ги игнорирал,кога од нив може толку многу да се добие,да се научи и да се искористи...
Едноставно,лугето кои се подобри од нас,треба да претставуваат примери за нив,треба да претставуваат цел и амбиција која треба да ја достигнеме.
Не да станеме нивни копии,но да се угледаме на нив и да развиеме свој систем на вредности кој е еднакво добар како нивниот.Со тоа и ние станува подобри личности.
 
Покрај никој не чуствувам комплекс на пониска вредност, секој е тоа што е, не гледам причина да си создавам комплекси и да се срамам од мојата личност, баш ми е убаво и интересно кога седам со такви луѓе начитани, добродушни, реални. А никој не се обидувам да го омаловажам и да се трудам да барам недостатоци, баш напротив им се воодушевувам на тие личности кои знаат како да се однесуваат, а тие што го прават сето тоа што е наведено горе во темава, тоа е од завист само ништо друго:toe:
 
чекај малце темава е за да анализираме зошто луѓето ги мразат тие што се подобри од нив или темава е јас никад не сум мразела и сум светица и никад на никого лошо не сум помислила?
Или пак плукни на тој што ќе се осмели да го критикува администраторот или модераторот?

А за првото прашање омразата во ваков случај е продукт на зависта и љубомората и и знае да биде и продуктивна и контрапродуктивна зависи кој каков во карактер

Зошто продуктивна бидејќи непријателот или тој што ве мрази ќе ви ги укаже вашите грешки и мани на многу груб начин што ќе ве натера да се подобрите се разбира доколку ги има или има причина за критика.

Зошто непродуктивна бидејќи таквите луѓе се собираат во групи и не ретко предизвикуваат проблеми на личноста која мразат сеа тоа може да се манифестира на многу начини

Под второ прашање ќе ги замолам многу убаво сите постирачи на посотви од типот јас никад на никого зло не сум мислела итн да подразмислат малце и ако не тука во јавноста барем на себе да си признаат дека имале такви чуства:љубомора,завист,омраза.
Мене ми се случило и на многу други да бидеме популарно кажано хејтери но зависи од карактерот и зрелоста дали ќе си ја чукнеш главата и подразмислиш:еј што ти згрешил?
И тогаш да дојдеш до сознанието дека си магаре ,и се трудиш да се подобриш и да не мразиш никого или барем за следниот пат да го препознаеш тоа чуВство на омраза и љубомора и да се спречиш себеси да станеш идиот и расипан пак.

А за третото прашање па мора да има критики за модераторите и администраторите дали тие се оправдани или неоправдани сами треба да пресудите без оглед на нивната титула ипак според мене во темата лижење критката беше погрешна и насочена кон погрешни луѓе според мене за сега само една личност имам замерки во врска со незиното однесување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom