Дивеење на “комитите“ и “војводите“, еден повреден
Едно лице е повредено во вчерашниот инцидент во Тетово за време на фудбалскиот натрпевар меѓу Тетекс и Вардар од Скопје.
Тензиите започнале уште пред почетокот на натпреварот додека навивачката група „Војводи“ пеш се движела по улица, информира од Министерството за внатрешни работи.
Дваесетгодишен младинец од тетовското село Порој со автомобил “опел аскона“ се оглушил на наредбите на полицијата да го запре возилото за да помине навивачката група. Наместо тоа, ја зголемил брзината и директно влегол во групата навивачи. Разлутените навивачи со удари со нозе и со раце му ги скршиле двете задни светла на опелот.
По 15 часот со автобус од Скопје пристигнала навивачката група “Комити“ и се сместила на западната трибина на стадионот. Во меѓувреме, “Војводите“ почнале да фрлаат со камења кон чајџилницата “Малет е Шари“ и поранешната канцеларија на навивачката група “Балисти“ при што биле оштетени три изложни стакла и било повредено 46 – годишен жител на Чегране во пределот на главата.
За време на дивеењето му се придружиле и “Комитите“. Интервенирала полицијата и биле истиснати на Источната трибина.
По завршувањето на првото полувреме почнала меѓусебна тепачка меѓу групата “Комити“. Биле приведени тројца триесетгодишни скопјани.
Инциденти имало и на почетокот на второто полувреме, кога „Војводите“ запалиле два факела и четири димни бомби. Судијата го прекинал натпреварот.
Тетово е Македонски Град!