можам да ти потврдам од лично искуство за постоењето на телепатијата и телепатската поврзаност. Посебно е интересно тоа што двете единки кои меѓусебно комуницираат преку телепатија потребно е да имаат одредена таканаречена фрекфенција или „отворена линија„.
Јачината на таа фрекфенција е доста голема и мисловната енергијата која се испушта директно делува врз примателот на мислата. Сепак сите не можат да бидат приматели, нити пак даватели. Во случајов што го споменуваш што си го гледал на ТВ, личноста која ја има таа способност користи многу повеќе од својот мозок одколку обичните луѓе. Овие телепатски трансмитори имаат способност да користат дел од својата подсвест, и со години преку само-хипноза и тренинг искористеноста на делот на мозокот (подсвеста) кој до сега научно се спомнуваше дека не е искористен започнува да се проширува и да се користи.
Како потврда и доказ дека постои телепатијата ќе ти напоменам од моето лично искуство:
Мојот дедо, кој е сега починат, бевме толку телепатски поврзани што ми се случуваше да бидеме оддалечени (јас на учлиште) а тој дома, така да му ги прочитам мислите ( да осетам одеднаш енергетски бран во вид на притисок во главата и да ја прочитам неговата мисла во тој момент) така да многу често ми се случуваше да купам нешто или земам нешто што како детиште (одамна беше тоа) никој не би помислил дека би ми текнало освен преку читањето на мислата на дедо ми затоа што тој во тој момент помислил дека му треба. Друга случка, бев пратена на одмор со деца во Златибор ( дамнешната 1980-82) во моментот започнав да плачам и да барам да ме вратат дома. Причината беше во тоа што во тој момент дедо ми доживеал голем удар и помислил на мене дека сака да ме види и да се поздрави од мене. воспитачите мораа да се јават во моментот дома и не можеа да се повратат од шокот кога татко ми им пренел дека е точно тоа што сум им го кажала.
овакви примери имам многу, но како и што ти кажав потребно е примателот да биде отворен, способен да ги прими овие енргетски бранови и да ги дешифрира , а предавачот свесен за тоа што се случува со него и како да ја насочи енергијата...
повеќе следува...:salut: