Мислам дека е потполно небитно во секојдневната употреба на автомобилите дали бензинецот има поголема моќност од дизелашот со иста работна зафатнина и дали развива поголема брзина, или какво забрзување има, и не знам зошто воопшто расправаме за тоа.
Значи, кога зборуваме за перформансите, да зборуваме за тоа што се реални потреби во возењето и за возење во рамките на реални сообраќајни правила и ограничувања. Ако ние имаме ограничување од 120 или 100 км/ч на автопат и ограничувања од 80, 60 км/ч на локалните патишта, тогаш која разлика прави дали 2.0 турбо бензинец развива моќност од некои 210 КС и брзина ел. ограничена на 250 км/ч, а 2.0 ТДИ развива “само“ 170 КС (па еве нека е и послабата верзија од 140 КС), максимална брзина од “само“ 240 км/ч, а до стотка забрзува за пола, па нека е и цела, секунда повеќе.
Да се задржиме значи на реални ситуации во возењето, а не да зборуваме за некакви тркачки перформанси кои ни служат само како некоја ментална гимнастика.
Во пракса ова би се случило: возите по некој двонасочен регионален пат, уште полошо по угорнина, и наидуавте на камион со две приколки кој се влече по патот. Треба да го претекнете - не е ова да се правите чалам, туку не е безбедно да се создаваат колони зад споро движечки товарни возила - значи реално оправдано е да претекнете што побргу. Арно ама, патот е таков да има само неколку места на кои е можно претекнување и мора да ја искористите можноста кога ќе ви се укаже. Е, овде дизелот е во предност. Зошто? Затоа што дизелот развива “страшен“ вртежен момент (тоа е онаа сила која ја влече колата и и дава забрзување, не мешајте со КС) од 350 Нм и тоа веднаш, од низок број на вртежи. Навистина, таа сила дизелот релативно бргу ја губи, и морате (пак, релативно) бргу да смените во повисок степен на пренос, но не е битно, бидејќи веќе сте го претекнале камионот.
Е, сега, ни вртежниот момент на бензинецот не е за потценување (мислам дека е 280 Нм), но е сепак помал и се постигнува при повисок број на вртежи - значи морате да смените во степен на пренос подолу од оној во кој сте возеле. Во овој контекст - друг проблем би бил доколку се најдете во ситуација каде мора бргу да забрзате за да избегнете опасна ситуација - исклучително ретко, но може да се случи. Овде дизелот пак е во предност од причини кои веќе ги спомнав.
Но, морам да напоменам и дека со воведувањето на бензинци со двојни - механички и турбо - компресори овие предности на дизелите се минимизираат во голем мера (иако не потполно). Но, сепак мислам дека трабше да ги изнесам и овие аспекти бидејќи досега во дискусијата никој не се осврна на нив. Напротив, вие постојано инсистирате на мерење на КС и крајни брзини, што реално е битно само на тркачки писти, но не и на автопат.
Останатите критериуми - потрошувачка, трошоци, бучавост итн - мислам дека се веќе обработени.