Татар бифтек

  • Креатор на темата Креатор на темата ApocaLypTo
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
22 септември 2008
Мислења
412
Поени од реакции
32
Потребни состојки за татар бифтек за една особа се:

  • 200 гр. бифтек
  • Една жолчка од јајце
  • 10-15 гр. сенф
  • 3 cl сок од лимон
  • 10-15 гр. ринглици
  • 5 гр. капри
  • 3 гр. изрендан морски орев
  • Ворчестер сос 2-3 капки
  • 10-15 гр. исецкан кромид
  • 10-15 гр. исецкани кисели краставички
  • 10-15 гр. црвен пипер
  • 10-15 гр. магдонос
  • 10 dl зејтин
  • Сол и бибер (по желба)

    Начин на приготвување:
    Прво, треба да се отстранат жилите од месото, па потоа да го премачкаме со сенф и го оставаме во зејтин да одлежи 24 часа.
    Во специјален сад ја ставаме жолчката од јајце, сенф и лимоновиот сок. Со едната рака мешаме, а со другата ставаме по малку зејтин во садот (правиме мајонез). Останатите зачини се додаваат по желба. Откога ќе се стават зачините треба добро да се измешаат, а потоа една половина од бифтекот ја ставаме во мајонезот и добро го мешаме. Откога ќе се измеша, ја додаваме и другата половина од бифтекот и мешаме се’ додека неостане ништо од бошните страни. Доколку не остане ништо од бошните страни, тоа значи дека бифтекот е готов.
    Потоа може да извршите дегустација дали бифтекот е доволно зачинет.

    Добар апетит.
 
И сето тоа непечено, живо. Сум пробал и никогаш повеќе
 
И се мачка на тост лепчиња.
Пренајубаво е!!!:)

Кога ќе се спомне на некој дека станува збор за живо, баш живо месо, веднаш вели дека нема шанси да проба.
Но ако имате некогаш шанса да пробате, зашто ќе зажалите инаку.

Татко ми е угостител и ги знае овие "специјалитети" и многу пати го правел за роднини и пријатели и сите првиот впечаток им е дека нема шанси во уста ова да го стават. Ама потоа ако пробаат... доаѓаат пак на гости за татар бифтек :)

И сето тоа непечено, живо. Сум пробал и никогаш повеќе
Кај си јадел?
Може не бил убаво спремен сосот... Тој е најбитен за вкусот.
Дома кога правеле баш никој до сега не рекол дека не му е убаво.
Може на психичка база ти е дека знаеш дека е живо месо.
 
И се мачка на тост лепчиња.
Пренајубаво е!!!:)

Кога ќе се спомне на некој дека станува збор за живо, баш живо месо, веднаш вели дека нема шанси да проба.
Но ако имате некогаш шанса да пробате, зашто ќе зажалите инаку.

Татко ми е угостител и ги знае овие "специјалитети" и многу пати го правел за роднини и пријатели и сите првиот впечаток им е дека нема шанси во уста ова да го стават. Ама потоа ако пробаат... доаѓаат пак на гости за татар бифтек :)

Stom ti e tatko ti ugostitel ja stom dojdam u MK odma idam kaj tebe u meana.
 
И се мачка на тост лепчиња.
Пренајубаво е!!!:)

Кога ќе се спомне на некој дека станува збор за живо, баш живо месо, веднаш вели дека нема шанси да проба.
Но ако имате некогаш шанса да пробате, зашто ќе зажалите инаку.

Татко ми е угостител и ги знае овие "специјалитети" и многу пати го правел за роднини и пријатели и сите првиот впечаток им е дека нема шанси во уста ова да го стават. Ама потоа ако пробаат... доаѓаат пак на гости за татар бифтек :)

Секоја чест на специјалитетот и на умешноста на татко ти, но јас навистина очекував многу, бидејќи учествував во подготовката кај пријателот што го правеше, а при тоа, за цело време подготовката беше пропратена со приказна за неговото настанување, која беше по интересна од специјалитетот... а кој знае, можеби токму заради неа и не ми се допадна.

ОФФ. Ти се молам, од кај го најде тој збор пренајубаво :)
 
Татко ми е угостител и ги знае овие "специјалитети" и многу пати го правел за роднини и пријатели и сите првиот впечаток им е дека нема шанси во уста ова да го стават. Ама потоа ако пробаат... доаѓаат пак на гости за татар бифтек :)

можеш да ни кажеш кај можат да се најдат специјалитетите на постариот маестро rossoner? сега огладнев баш
 
можеш да ни кажеш кај можат да се најдат специјалитетите на постариот маестро rossoner? сега огладнев баш

Камо да беше росоњер :) :)
Немаме меана ни нешто такво слично.
Дома си го прави и е и мое и на сестра ми омилено јадење.:pipi:

Едноставно совршено без ниеден недостаток го прави :)
 
Шо не е росоњер?? Да не е интераш??

Е па, нека, ама шо па не отвори меана....ќе му оди цела кајгана, а вие ќе го викате: тато ефенди меанџи!
Плус, две згодни конобарици....ммммммммх!

Него да се навратиме на бифтекот. На црно лепче или на бело? Како иде поубаво?

Garfield напиша:

Лепчето?? Црно, бело, полубело, ржано, црно, памперникел??
 
Напишав погоре, лепчиња на тост.

toasted_bread.jpg

Да крцкаат :trepka:
Добро е откако ќе се намачка бифтекот на лепчето да се стави одозгора малку и дел од сосот којшто се прави претходно (во којшто се додава потоа месото). Дава убав вкус тој сос, ама мал слој се става дека е солен и зачинет многу. Во тањирче треба да се остави малку претходно. И добро е да се додаде бибер и ситно сецкани пиперчиња врз лепчето.
Мњам мњам :)

Eве како изгледа.
800_tartar_m.jpg

И да тато е за интерaш, ама не смее да навива дома за нив. Така да мора да ги подржува Милан :pos:
 
Hahahaha! Jako, jako, mora doma za MIlan, a u meana i pred porti za Inter, jako. Kade ima zenska suknja, dzabe e cizma maska!

Ok, utre koj ne napravi tatar biftek, eve na.

Tnx lovelies!
 
Професорот по пракса ни вети дека ќе ни напраи, вика бил профи у праење татар бифтек.. Ај да се надевам дека ќе напраи :smir:
 
Живо месо? :S:S:S:S А тении, бактерии и такви чуда? :S
 
Живо месо? :S:S:S:S А тении, бактерии и такви чуда? :S

Шизик на ризик и инфективно :)
Ова треба од ептен свежо и проверено месо да се прави. А, јас како што сум бактериофоб не би го јадела ни тогаш. Верувам дека е вкусно, ама ќе остане на зборови да верувам :smir:
 
Останав должен да ја кажам приказната за настанокот на татарскиот бифтек... барем онаа што ми ја кажа пријателот додека го подготвувавме, т.е. додека му помагав во изненадувањето што сакаше да ми го направи. Така идеше некако: На времето татарите како номадски народ кој постојано бил во движење, селејќи се од едно место во друго за да бара пасиште за стоката, немал време да се задржува подолго време на едно место и да создава дом во кој ќе живее и ќе се храни. Во едно такво движење неговата исхрана се состоела во нешто направено на брзина, нешто што нема да му одзема време во готвење. Така патувајќи од едно место на друго, немајќи време да готви, случајно открил дека ако стави месо под седлото на коњот кој го јавал додека го пасел добитокот, тоа по еден или два дена ќе биде веќе спремно за јадење со оглед на тоа што за сето време додека месото се наоѓало под седлото, тоа било удирано од седлото додека јавачот постојано скокал врз седлото и дека соковите што ги испуштал коњот со потењето се впивале во месото. Таа комбинација на постојано удирање на месото со седлото и впивањето на соковите во него, го правело местото толку меко и вкусно, па татарите го сметале за највкусното јадење што можеле да го приготват. Така настанал татарскиот бифтек.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom