Го разгледав сајтот, видов и неколку видеа.
Не е секоја проба да се направи нешто за пофалба, мора да се даде и критика, независно дали е македонско/локално или не.
Пример првиот рецепт што го отворив, ставен е точно на средина на насловната страна:
tastify.mk
Чист
:
Друг пример, со ракавици сече живо пилешко месо, и потоа (претпоставувам) со истите ракавици ги испофаќа сите други работи: сецко, чинии и прибор, зачини и шишиња.
И во сите видеа цело време готват со црни ракавици, независно што е рецептот
Ми личи на некоја аматерска реклама за Витаминка, што се потврдува од зачините, маслото и останатото што се користи, и нивното покажување на камерата, која е катастрофално поставена за ваков flex, па прикажувањето на производите е очигледно и мачење за готвачот.
И додека го пишував ова решив да проверам кој го регистрирал доменот tastify.mk, па не беше ни изненадување:
АГЕНЦИЈА ЗА МАРКЕТИНГ ДИВИСИОН ДООЕЛ СКОПЈЕ, т.е. агенцијата за маркетинг ангажирана од Витаминка.
(Кои на тема webdev се толку неспособни за сајтови, што на нивната веб страна имаат видео showreel од 252 MB, ставено на autoplay
. Инаку истото го имаат и на youtube)
@MARCELLO за изгледот, сајтот е Wordpress, има илјадници themes што можат да се стават за добар изглед.
Накратко, сајтов е само лошо направена реклама за производите на Витаминка.