Интересен ова Таксиратоф 9 (Мрдни се од кревет)

Додека во позадина ми иде Marijuana од
DUBIOZA KOLEKTIV (најубавата песна за светото растение на растафаријанците, да пишам ред два три.
Стигнав на време 7 саат бев внатре во првата хала со целата моја дружина (5 панк-рокери, 1 металец и јас).
Внатре имаше ужасна фонија, која доаѓаше од галеријата. Откако ја средија, со аплауз и „We want MORE“ беше поздравен тој момент
Holocaust - слично како и на Winner фестот само малку подолго, и со помалку верни фанови. Хеадбенгигот на пејачот е трејд марк, чекам некој да го сними па да го закачам у Чек дис аут.
Дени те чува - изворенден состав, одличен перформанс, првите шутки

добра атмосфера меѓу цела публика. ТоБ.
Хладно Пиво - стари панкеришча од ’Рватска. Никогаш не сум ги сакал. Останаф со еден другар да ги чуваме јакните додека сите отидоа напред. Очигледно беше дека мноооогу народ дошол за да ги види. Некрофилија лично ми кажа дека после ХП си иде дома

Јас пак чекаф што побрзо да си идат.
Ме накурчија пијан копиљ кој се тетеравеше и истури пиво врз мојот ракав и купче момци чиј опис одговара на момците спомнати во
темава, кои се шуткаа до мене (стоеф на среде хала) и мораф да држам исправени лакти и покриена вилица за да ме ми ја поткачат. И наместо ко прави панкеришта да се шуткаат пред бина тие ко педерчиња скокаа до мене.
Како колку толку интересен момент ќе го спомнам гостувањето на дувачката секција на Суперхикс на една песна на ХП. Интересно беше тоа што Бране, тромбонистот носеше иста мајца каква што јас носеф на првиот Кајгана роденден.
После нивниот настап се врати дружината назад и можев да тркнам до втора хала каде што веќе почнале:
DUBIOZA KOLEKTIV - Изворенден бенд составен од 5 инструменталисти и 3 вокали кои рецитираа врз основа од реге, даб, панк, и извонредна мешавина од сите овие правци. Веднаш ми се подобри расположението. И на бис се вратија, :je:
Во последно време од Босна и Херцеговина доаѓаат многу музичари (групи, ди-џеи) кои верувам дека ќе остават траг. И за среќа нема да бидат лигави бендови како Диви Јагоди чии песни пуштаат и ди-џеите од радио Зона М1.
*Колку би било најпрекрасно на сфет, пред нив да настапеше DJ AHMAAD, ова ќе беше најдобар Таксират на сите времиња.
PMG KOLEKTIV - Конечно да ги чујам во живо. Мирко и компанија отсвиреа дел од Резонатор, сега за сега нивен единствен албум и две нови песни. Звучеа одлично.
Мирко Попов - И ова конечно да го чујам во живо, ди-џеј сет на еден од најстарите и најдобри ди-џеи во Македонија. Сетот опфаќаше техно, хард-техно, минимал-техно.
Во меѓувреме додека Мирко вртеше минимал се префрлиф пак во првата хала, свиреа Buzzcocks, видоф многу стари панкеришта во задниот дел од халата
И дојде моментот што го очекував дооолго време. Но пак ми се случи заеб како и цела оваа година, додека да дојде главната ѕвезда јас веќе сум уморен и повеќе сум со мислите кон одење дома отколку кон играње на подиум
TIGA - сосема очекувано, хаус сет со многу фанки елементи. Извонреден настап. За жал околу 3 саат веќе немаше ни атом сила во мене и заминаф дома. Не знам дали го свртел својот најголем хит
You gonna want me. За време на својот настап носеше безбол капче и осветлувањето го „избегнуваше“. Tikvi4ka неколку пати праша кога ќе почне Тига
Се на се, ова е најдобриот Таксират на кој сум присуствувал.